Прејди на содржината

Грујо Акелов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грујо Акелов
Роден 1883
Дедебалци, Битолски Вилает, Османлиско Царство
Починал 23 април 1905
Биљаник, Битолски Вилает, Османлиско Царство

Грујо Акелов — македонски револуционер, војвода и деец на Македонската револуционерна организација.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Акелов е роден во 1883 година во битолското село Дедебалци. Од страна на Организацијата, тој бил назначен за полски војвода.[1] Во прво време, тој бил терорист и четник кај војводите Димче Сарванов и Јон Пашата. Подоцна тој станал самостоен војвода. Во април 1905 година, тој бил опкружен заедно со четворица свои четници во селото Биљаник, Битолско, и сите загинале на 23 април 1905 година, во потпалена куќа.[2]

  1. 1 2 Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 2
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 5.