Биљаник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Биљаник
Биљаник се наоѓа во Republic of Macedonia
Биљаник
Местоположба на Биљаник во Македонија
Координати 41°02′21″ СГШ 21°29′24″ ИГД / 
Општина Новаци
Население 0 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 594 м

Биљаник или Билјаник — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола, денес без жители.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на западните падини на Селечка Планина, на 15 км источно од Битола. Поради ширењето на Рудникот Суводол, селото било плански раселено, односно жителите добиле куќи и имоти до Долно Оризари.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Биљаник било село во Битолска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г Баљаник (Баляникъ) имал 160 жители, сите Македонци христијани.[1][2]

На почетокот на XX век селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото (Баляникъ) имало 152 жители, сите Македонци.[1][3]

Родови[уреди | уреди извор]

Биљаник е македонско православно село, родовите во селото се доселени. Едни се доселени до крајот на турското владеење, а други потоа.

Родови доселени до крајот на турското владеење се: Шалевци (3 куќи), Клечковци (2 куќи), Шиндевци (2 куќи), Ќиревци (1 куќа), Лазаровци (1 куќа), Нешковци (1 куќа), Шалеман (1 куќа) и Голевци (1 куќа) сите овие родови се доселелички со непозната старина.

Родови доселени после турското владеење се: Димовци (2 куќи) доселени се 1912 година од Гнеотино; Секуловци (1 куќа) доселени се 1935 година исто така од Гнеотино; Неделковци (2 куќи) доселени се 1941 година од Долна Чарлија; Трајковци (1 куќа) доселени се 1942 година од Орехово, подалечно потекло имаат од Рапеш, Мариово; Шумковци (2 куќи) доселени се од селото Вирово, Железник во 1946 година; Димитриовци (2 куќи), Марковци (2 куќи), Симоновци (2 куќи), Спасе (1 куќа), Најдовци (1 куќа) и Јоше (1 куќа) доселени се од селото Боиште, Железник во 1946 година; Николовци (2 куќи) доселени се од селото Куратица, охридско во 1946 година; Златановци (1 куќа) доселени се од селото Церово, Железник во 1946 година; Поповци (1 куќа) доселени се од селото Лесково, Железник во 1946 година; Крсте (1 куќа), Качакот (1 куќа) и Тренчо (1 куќа) доселени се од некое село во Железник; Дончо (1 куќа) доселени од кичевско.[4]

Културно-историска оставнина[уреди | уреди извор]

Цркви[5]
Археолошки наоѓалишта[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 237.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
  4. 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 
  5. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред. Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  6. 'Црквата го тужи ЕСМ '
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069