Балдовенци
Балдовенци — целосно раселено село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Балдовенци се наоѓа во средишниот дел на Општина Новаци и лежи на надморска височина од 690 метри.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г Балденци имало 185 жители, сите Македонци христијани.[2][3] На почетокот на XX век селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото Балдоенци имало 136 жители, сите Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2][4]
Селото е наполно раселено по 1961 година, кога броело 170 жители, Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото Балдовенци немало жители.[5] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 185 | 136 | 133 | 171 | 170 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови[уреди | уреди извор]
Балдовенци е потполно раселено село денес, но во минатото во него живееле Македонци христијани. Сите родови во селото биле доселенички.[10]
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото:
- Доселеници: Рамнешковци (10 к.), први селски доселеници, старината непозната; Ордевци (5 к.), доселени се после гореспоменатиот род и тие се со непозната старина; Маријовци (2 к.) и Ричковци (1 к.), доселени се од некое село во областа Мариово; Џивкаровци (1 к.) доселени со непозната старина; Кушовци (1 к.) доселени однекаде; Лазаровци (1 к.) основачот на родот бил домазет, дошол од селото Скочивир околу 1918 година; Митревци (1 к.) доселени се од соседното село Тепавци, после 1918 година, таму припаѓале на родот Бојковци, подалечно потекло од некое село во околината на Корча.
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Арбасиновец — населба од железното време;
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од Балдовенци иселеници има во селото Гнеотино (Јанкуловци, Ванѓел и Лазарови). Од родот Рамнешовци иселеници има во Новаци. Од Кушовци иселеници имало во Битола, каде изумреле.[10]
Иселеништвото било помасовно после 1953 година, денес селото е целосно раселено.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 237.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 10,0 10,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Балдовенци на Ризницата ?
|