Будимирци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Будимирци
Будимирци 01.jpg

Поглед на Будимирци и врвот Кајмакчалан на Ниџе во позадината

Будимирци is located in Македонија
Будимирци
Местоположба на Будимирци во Македонија
Координати 41°3′24″N 21°43′50″E / 41.05667° N; 21.73056° E / 41.05667; 21.73056Координати: 41°3′24″N 21°43′50″E / 41.05667° N; 21.73056° E / 41.05667; 21.73056
Општина Новаци
Население 30 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 02014
Надм. вис. 857 м
Будимирци на општинската карта
Будимирци во Општина Новаци.svg

Атарот на Будимирци во рамките на општината


Будимирци — село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Будимирци се наоѓа во битолскиот дел на Мариово, од десната страна на Црна Река, чиј атар високо се издига до сртот на планината Ниџе, каде што на тесен дел се допира со државната граница со Република Грција. Припаѓа на Општината Новаци. Селото е планинско, на надморска височина од 800 метри. Лежи непосредно до локален пат, a од градот Битола населбата е оддалечена 53 км. Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 40,1 км2. Ha него шумите заземаат површина од 1.936,3 ха, пасиштата заземаат површина од 1.903,3 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 737,8 ха. Во селото се наоѓа храмот на Св. Вмч Николај Чудотворец (1875-78 год) и храм на Св. Вмч Димитриј (во поранешното село Трново наспроти Будимирци). Селото има мешовита земјоделска функција. Тоа е зафатено со значителна депопулација и деаграризација, бидејќи од него се иселило поголемиот дел од населението.

Историja[уреди | уреди извор]

Демографски статистики за селото Будимирци од османлискиот период:[1]

Османлиски дефтери Домаќинства Неженети Вдовици Годишен приход
Дефтер бр. 4 од 1476/77 г. 24 2 2 1361
Дефтер бр. 16 од 1481/82 г. 33 969
Дефтер бр. 73 од 1519 г. 63 12 2 3020
Дефтер бр. 149 од 1528/29 г. 56 9 3253
Дефтер бр. 232 од 1544/45 г. 68 7 1 2253

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К'нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Будмирци имало 618 жители, од кои 500 Македонци, 110 Власи и 8 Роми.[2]

Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Будимирци имало 480 Македонци, патријаршисти.[3]

Според пописот од 2002 година, селото брои 30 жители, сите Македонци.[4]

На табелата е прикажан преглед на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 618[2] 480[3] 530 520 521 396 188 85 42 30

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 177 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект на општината. Во ова изборно место е опфатено и селото Груништа.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 17 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

На оддалеченост од два часа пешачење, во близината на Будимирци се наоѓа манастирот „Св. Димитрија“, кој се наоѓа на местото каде што се наоѓало селото Трново, поради што е познат и како Трновски манастир.[8]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Будимирци (Budimirci) - Битолско Мариово“. Итар Пејо. Посетено на 26 февруари 2014.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 247.
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  4. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. Александар Матески, „Градешница и Будимирци“, Економија и бизнис, година 18, број 220, октомври 2016, стр. 106-107.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]