Прејди на содржината

Општина Старавина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Старавина (1913-1941, 1952-1955, 1996-2004)
Месен народен одбор Старавина (1945-1952)
Општина на Кралство Србија / Царство Бугарија / Кралство СХС/Југославија / ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ / Македонија
1913–2004 / април 2005 1955|
 
2004|
Местоположба на Општина Старавина
Местоположба на Општина Старавина
Границите на Општина Старавина во периодот 1952-1955 година
Местоположба на Општина Старавина
Местоположба на Општина Старавина
Границите на Општина Старавина во периодот 1996-2005 година
Главен град/седиште Старавина
Составни делови Бешиште (1913-1941),
Брник (1945-1947, 1996-2004),
Будимирци (1915-1918, ок. 1930-1941, 1950-1955, 1996-2004),
Градешница (1913-1941, 1950-1955, 1996-2004),
Груништа (1915-1918, ок. 1930-1941, 1950-1955, 1996-2004),
Зовиќ (1915-1918, ок. 1930-1941, 1945-1955, 1996-2004),
Ивени (1996-2004),
Маково (1996-2004),
Орле (1996-2004),
Петалино (1915-1918, ок. 1930-1941, 1996-2004),
Рапеш (1996-2004) и
Старавина (1913-1941, 1945-1955, 1996-2004)
Историја
 - Основање на Општина Старавина 1913
 - Основање на МНО Старавина 1945
 - Укинување на Општина Старавина 1955
 - Основање на Општина Старавина 1996
 - Укинување на Општина Старавина (со закон) / последно заседавање на општинскиот совет 2004 / април 2005
Население
 - 1913 2,555 жит.
 - 1921 1,905 
 - 1931 3,391 
 - 1948 1,004 
 - 1953
2002
2,966
316 
Управни единици Држава: Кралство Србија (1913-1915), Царство Бугарија (1915-1918), Кралство Југославија (1918-1941), ДФЈ/ФНРЈ (1945-1955), Македонија (1996-2004)

Република: ДФ/НР Македонија (1945-1955)
Бановина: Вардарска (1929-1941)
Покраина: Јужна Србија (1918-1922)
Округ: Битолски (1913-1922, 1945-1947)
Област: Битолска (1922-1929)
Срез: Мариовски (1913-1915, 1918-1941)
Околија: Битолска Селска (1915-1918), Мариовска (1945-1947), Битолска (1947-1955)

Денес во Општина Новаци, Општина Прилеп

Општина Старавина — поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941, 1945-1955, и 1996-2005 година. Седиште на општината било селото Старавина.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Општина Витолиште за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Бешиште, Градешница и Старавина. Општината била дел од Мариовскиот Срез, Битолски Округ.[2]

Општина Витолиште продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината била проширена со селата Будимирци, Груништа, Зовиќ и Петалино, на сметка на укинатата Општина Будимирци, и била дел од Битолската Селска Околија, Битолски Округ.[3][б 1]

Кралство СХС/Југославија

[уреди | уреди извор]

За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Витолиште продолжила да постои во рамки на Прилепскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Околу 1930 година, Општина Старавина била проширена, повторно на сметка на укинатата Општина Будинарци. По проширувањето, Општина Старавина се состоела од населените места: Будимирци, Бешиште, Градешница, Груништа, Зовиќ, Петалино и Старавина.[4][5][6]

Месниот народен одбор Старавина бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Мариовската Околија, Битолски Округ, и негови составни населени места биле Брник и Старавина.[7][б 2] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Старавина го загубил селото Брник, на сметка на новиот МНО Брник. МНО Старавина тогаш припаѓал во Битолската Околија.[8] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Старавина бил проширен со селата Будимирци и Груништа, на сметка на укинатиот МНО Будимирци, како и проширен со селото Градешница, на сметка на укинатиот МНО Градешница.[9] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Старавина останала територијално иста.[10] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Старавина била укината и нејзината општинска територија припаднала на новата Општина Мариово.[11]

Согласно општинската поделба од 1996 година, Општина Старавина била обновена на сметка на намалената Општина Битола. Нејзини населени места биле Брник, Будимирци, Градешница, Груништа, Зовиќ I, Зовиќ II, Ивени, Маково, Орле, Петалино, Рапеш и Старавина.[12] Според административната поделба од 2004 година, Општина Старавина била повторно укината на сметка на проширената Општина Новаци.[13]

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 1913 година, Општина Старавина имала 2,555 жители, односно вкупното население на Бешиште, Градешница и Старавина.[2]

Според пописот од 1921 година, Општина Старавина имала 1,905 жители. Според верската припадност, сите биле православни. Според јазичната припадност, сите биле Срби/Хрвати.[14][б 3]

Според пописот од 1931 година, Општина Старавина имала 3,391 жители, од кои 1,801 биле мажи, а 1,590 биле жени. Општината се состоела од 655 куќи и 652 домаќинства.[15]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Старавина имал 1,004 жители, односно вкупното население на Зовиќ и Старавина. Од таа бројка, 988 биле Македонци, 9 биле Срби, 3 биле Црногорци, 3 биле Бугари, додека 1 бил неопределен муслиман.[16]

Според пописот од 1953 година, Општина Старавина имала 2,966 жители, односно вкупното население на Будимирци, Градешница, Груништа, Зовиќ и Старавина.

Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[17][18]

Народност Вкупно
Македонци 2,933
Срби 13
Турци 15
Хрвати 1
Црногорци 4
Население и домаќинства по населено место во 1953 година[19]
Населено место Домаќинства Жители
Будимирци 93 520
Градешница 174 1.085
Груништа 50 264
Зовиќ 70 356
Старавина 147 741
Вкупно 534 2.966
Пол Вкупно Вкупно население по возраст во 1953 година[20]
0-4 5-9 10-14 15-19 20-24 25-29 30-34 35-39 40-44 45-49 50-54 55-59 60-64 над 65 непознато
вк. 2.966 407 288 270 357 286 261 182 86 160 157 136 127 61 188 -
м. 1.569 216 150 134 187 149 132 88 42 91 86 70 63 32 129 -
ж. 1.397 191 138 136 170 137 129 94 44 69 71 66 64 29 59 -

Според пописот од 2002 година, Општина Старавина имала 316 жители, односно вкупното население на Брник, Будимирци, Градешница, Груништа, Зовиќ 1, Зовиќ 2, Ивени, Маково, Орле, Петалино, Рапеш и Старавина. Општината имала 1,728 мажи и 1,698 жени кои живееле во 153 домаќинства и 424 станови.

Следува табела според народностите во пописот од 2002 година:[21]

Народност Вкупно
Македонци 314
Срби 1
Турци 1

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Забелешки

[уреди | уреди извор]
  1. Селото Бешиште не е споменато во изворот, но неговиот атар припаѓал во Општина Старавина.
  2. Селото Зовиќ не е споменато во изворот, но неговиот атар припаѓал во Општина Старавина.
  3. Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
  1. „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.
  2. 1 2 Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF). Државна печатница на Кралство Србија. стр. 22. Посетено на 24 октомври 2025.
  3. Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско. Софија: Министерство за внатрешни работи и народно здравје. 1917. стр. 5. Архивирано од изворникот на 5 октомври 2025. Посетено на 24 октомври 2025.
  4. Маринковиќ, Влад, уред. (1930). Rečnik-imenik mesta Kraljevine Jugoslavije. Белград. стр. 62, 90, 180, 186, 341, 431, 524. Занемарен непознатиот параметар |subscription= (help)
  5. Никетиќ, Гојко, уред. (1931). Административни речник места Краљевине Југославије. Белград. стр. VIII, 27, 66, 178, 187, 287, 509, 661.
  6. Аранѓеловиќ, Тихомир Ј., уред. (1935). Именик-регистар насељених места Краљевине Југославије. 1. Белград: Министерство за војска и морнарица. стр. 51 (209), 120 (278), 277 (435), 293 (451), 445 (603).
  7. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 165. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 24 октомври 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  8. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 23. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 24 октомври 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  9. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 196. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 24 октомври 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  10. „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 96. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 24 октомври 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  11. „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955: 234. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 24 октомври 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  12. „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 14 септември 1996. стр. 2759. Архивирано (PDF) од изворникот 3 ноември 2022. Посетено на 25 октомври 2025.
  13. „Закон за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 16 август 2004. стр. 5. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 25 октомври 2025.
  14. „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1921 год“ (PDF). Сараево: Државна печатница. 1932. стр. 90-91. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 август 2020. Посетено на 25 октомври 2025.
  15. „Definitivni rezultati popisa stanovništva od 31 marta 1931 godine - Knjiga I“ (PDF). Белград: Општа државна статистика на Југославија. 1937. стр. 102. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 јуни 2021. Посетено на 25 октомври 2025.
  16. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 25 октомври 2025.
  17. „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. стр. 63. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 25 октомври 2025.
  18. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 25 октомври 2025.
  19. Popis stanovništva 1953. Knjiga 13, Stanovništvo i domačinstva. Podaci za naselja i delove naselja prema upravnoj podeli u 1953 godini. Beograd : Savezni zavod za statistiku, 1959
  20. Popis stanovništva 1953. Knjiga 11, Starost, pismenost i narodnost. Podaci za opštine prema upravnoj podeli u 1953 godini. Beograd : Savezni zavod za statistiku, 1960
  21. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 година (Книга 10)“ (PDF). Државен завод за статистика. стр. 55, 177. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 март 2012. Посетено на 26 октомври 2025.