Прејди на содржината

Општина Вранештица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Вранештица
денес дел од Општина Кичево


Границите на Општина Вранештица во периодот 1996-2013 година
Знаме на Општина Вранештица Грб на Општина Вранештица
Знаме Грб
Општи податоци
СедиштеВранештица
Регион Југозападен
Површина109,13 км2
Основана2004
Службен јазикмакедонски и турски јазик
Демографија
Население1.322 жит.
- проценка од 31.12.20111.254 жит.
Густина12,11 жит./км2
Населени места
НародностиМакедонци и Турци
Самоуправа
ГрадоначалникВанчо Србаковски (последен градоначалник)
Совет9 члена
Контактни податоци
Мреж. местоСлужбен портал
Карта на општина Вранештица (2004-2013) со селските атари.

Општина Вранештица — поранешна општина во Западна Македонија. Центар на општината било селото Вранештица. Општината била создадена со територијалната поделба од 2004 година, а престанала да постои согласно предлог-измените за територијална поделба во 2013 г. кога била припоена кон Општина Кичево, заедно со општините Зајас, Другово и Осломеј[1] со воспоставување на новата локална власт по изборите на 24 март 2013 г.

Територијата на Општина Вранештица е дел од Југозападниот Регион. Општината се граничела со: Општина Другово на југ и запад, Општина Кичево на запад, Општина Македонски Брод и Општина Осломеј на север и Општина Македонски Брод и Општина Пласница на исток.

Географија

[уреди | уреди извор]

Општина Вранештица се наоѓала во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. Општината се наоѓала во Кичевското Поле и имала вкупна површина од 109.13 км2. На север општината граничела со општините Македонски Брод и Осломеј, на запад со Кичево и Другово, на исток со Македонски Брод и Пласница, на југ со Другово.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Вранештица била позната по грнчарството. Во селото Вранештица има долга традиција на изработна на грнчарски производи, као што се стомни, тави, ќупови и сл.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Населените места во општина Вранештица забележале пад на населението поради миграцијата село-град. Добар дел од луѓето се иселувале во поголемите урбани центри во Македонија.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според пописот на население од 2002 година, општината имала вкупно население од 1.322 жители со густина на население од 12.11 жители на километар квадратен. Оваа општина била една од најмалите во државата. Етничкиот состав на општината бил следниот[2]:

етникум број процент
Македонци* 1.033 78.14%
Турци* 276 20.88%
Албанци 10 0.76%
Срби 2 0.15%
други 1 0.07%
* Во општината има Македонци-муслимани кои се изјасниле како Турци поради различни политички причини.

Мајчин јазик на населението според пописот од 2002[3]:

јазик број
македонски 1.068
албански 10
турски 239
српски 2
бошњачки 2
други 1

Религија на населението според пописот од 2002 година:

религија број
православие 1.033
ислам 287
други 2

Администрација и политика

[уреди | уреди извор]

Последен градоначалник на општина Вранештица бил Ванчо Србаковски. Општината имала вкупно 9 советници кои го претставуваат 15 села од општината.

Во склоп на општина Вранештица биле следниве села: Атишта, Бигор Доленци, Вранештица, Дупјани, Карбуница, Козичино, Крушица, Миокази, Орланци, Патец, Рабетино, Речани, Светораче, Староец и Челопеци.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
  • Св. Антониј - археолошко наоѓалиште, населба од бронзеното време[5]
  • Градиште - средновековна населба и некропола;
  • Кале - утврдување од доцноантичкото време;
  • Св. Ѓорѓи - црква и некропола од доцниот среден век;
  • Св. Илија - црква и некропола од доцниот среден век;

Личности

[уреди | уреди извор]
  1. „ДУИ бара помош од иселениците“. Нова Македонија. Посетено на 2012-11-20.
  2. Попис на населението во Македонија, 2002
  3. Попис на Македонија, 2002: јазик, националност, религија
  4. „Цркви во Кичевкото архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2011-02-18. Посетено на 2011-04-05.
  5. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]