Општина Конопиште
- За истоименото село, видете Конопиште.
Општина Конопиште денес дел од Општина Кавадарци | |
Зградата на Општина Конопиште, подоцна зграда на Месна заедница Конопиште | |
Границите на Општина Конопиште во периодот 1996-2005 година | |
| Општи податоци | |
| Седиште | Конопиште |
| Регион | Вардарски Регион |
| Основана | 1996-2004 |
| Службен јазик | македонски |
| Демографија | |
| Население | 350[1] жит. |
| Населени места | 16
|
| Народности | Македонци |
| Самоуправа | |
| Контактни податоци | |
Општина Конопиште — поранешна рурална општина во Македонија, создадена во 1996 година[2], а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена на Општина Кавадарци. Седиште на општината било селото Конопиште[2].
Територијата на општина се наоѓала во областа Бошава. Најголема река во општината била реката Бошава. Општината се граничела со: соседна Грција на југ, Општина Витолиште на запад, Општина Кавадарци, Општина Неготино и Општина Демир Капија на север и Општина Миравци и Општина Гевгелија на исток.[1]
Населени места
[уреди | уреди извор]Во Општина Конопиште спаѓале следниве села: Бојанчиште, Бохула, Бунарче, Горна Бошава, Долна Бошава, Клиново, Крњево, Конопиште, Куманичево, Мајден, Мрежичко, Радња, ’Ржаново, Рожден, Страгово и Чемерско.
Демографија
[уреди | уреди извор]Според пописот од 2002 година општината имала 350 жители,[1] од кои:
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 20 јануари 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- 1 2 „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место на Општина Кавадарци Архивирано на 28 мај 2014 г.
41°14′49″N 22°4′35″E / 41.24694°N 22.07639°E

