Страгово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Страгово

Поглед на селото Страгово

Страгово во рамките на Македонија
Страгово
Местоположба на Страгово во Македонија
Страгово на карта

Карта

Координати 41°19′23″N 22°06′19″E / 41.32306° СГШ; 22.10528° ИГД / 41.32306; 22.10528Координати: 41°19′23″N 22°06′19″E / 41.32306° СГШ; 22.10528° ИГД / 41.32306; 22.10528
Регион  Вардарски
Општина  Кавадарци
Област Витачево
Население 9 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1437
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11041
Надм. вис. 571 м
Слава Света Троица
Страгово на општинската карта

Атарот на Страгово во рамките на општината
Страгово на Ризницата

Страгово — село во Општина Кавадарци, во областа Витачево, во околината на градот Кавадарци.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Влезот во селото

Селото се наоѓа во источниот дел од Општина Кавадарци, во областа Витачево, во изворишното подрачје на реката Луда Мара.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 750 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 18 километри.[2]

Има голем атар, кој зафаќа површина од 27,4 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.762 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 700 хектари.[2]

Селото се наоѓа на ниска тераса, веднаш под Витачево. Селото било христијанско и од збиен тип. Било поделено по родови на пет маала: Узуновско Маало, Камчевско Маало, Милошовско Маало, Богевско Маало и Брајовско Маало.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Страгово е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Падарница на 2 км источно од селото.[4]

Во XIX век, Страгово било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото е познато по своите пасишта и одгледувањето стока

Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948495—    
1953510+3.0%
1961469−8.0%
1971340−27.5%
1981170−50.0%
ГодинаНас.±%
199153−68.8%
199455+3.8%
200222−60.0%
20219−59.1%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Страгово имало македонско население.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Страгово имало 520 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[7]

Страгово во 1961 година било средно село по големина со 469 жители. Во 1994 година бројот се намалил на само 55 жители, од кои 52 биле Македонци и 3 жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Страгово имало 22 жители, од кои 21 Македонец и 1 Србин.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, од кои 2 Македонци и 7 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 520 495 510 469 340 170 53 55 22 9
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови[уреди | уреди извор]

Како родови во Страгово се споменуваат:[3]

  • Старинци: Милошовци (15 к.); Камчевци-Соколовци (12 к.); Најдовци (2 к.); Трајовци (4 к.); Брајовци (10 к.); Тородовци (3 к.); Камериновци (2 к.); Узуновци (9 к.); Миновци (6 к.); Камовци-Мицковци (4 к.) и Велковци (3 к.).
  • Доселеници: Мантевци (2 к.) доселени се околу 1860 година од селото Горни Дисан; Танчевци (1 к.) доселени се околу 1860 година од селото Криволак; Ѓорѓовци (1 к.) доселени се околу 1865 година од селото Драчевица; Терзијовци (3 к.) доселени се околу 1865 година од селото Вешје; Ѓоровци (2 к.) доселени се околу 1870 година од селото Конопиште; Баровци (2 к.) доселени се околу 1870 година од селото Барово; Деловци (3 к.) доселени се од селото Барово; Криволачки (1 к.) доселени се околу 1875 година од селото Криволак; Анѓелевци (2 к.) доселени се во 1880 година од селото Ума кај Гевгелија; Крстевци (1 к.) доселени се во 1884 година од селото Бунарче; Витановци (3 к.) доселени се од селото Бунарче во 1890 година; Дрчевци-Габеровци (1 к.) доселени се во 1890 година од селото Чемерско, а таму од Драчевица. Уште подалечно потекло од раселеното село Ракета; Ѓоревци-Власи (1 к.) доселени се во 1895 година од селото Стрмашево. Таму се доселени од влашкото село Ливадија кај Воден; Камчевци (1 к.) доселени се во 1895 година од селото Долна Бошава; Стојановци (1 к.) доселени се во 1896 година од селото Чемерско; Јанчевци (2 к.) доселени се во 1896 година од селото Чемерско; Мановци (1 к.) доселени се во 1896 година од селото Долна Бошава, а таму од селото Бешиште во Мариово; Трпковци (1 к.) доселени се во 1900 година од селото Бунарче; Костадиновци (1 к.) доселени се во 1900 година од Битолско; Николовци (2 к.) доселени се во 1902 година од селото Горна Бошава, а таму од селото Градиште; Меловци (1 к.) доселени се во 1902 година од селото Горна Бошава, а таму од селото Мрежичко; Сурџијовци (4 к.) доселени се во 1904 година од селото Чемерско; Аџијовци (2 к.) доселени се во 1913 година од селото Стрмашево; Ташковци (2 к.), Топлевци (1 к.), Ѓауровци (1 к.), Јанковци (2 к.) и Ачковци (1 к.) доселени се во 1917 година од селото Бојанчиште. А таму во 1916 се доселени од селото Зборско во Меглен; Турски-Цигани (1 к.) се доселил Алија во 1904 година од селото Ваташа.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Панорама на селото

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Крњево, во која влегувале селата Барово, Горна Бошава, Долна Бошава, Крњево, Страгово и Стрмашево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Крњево, во која покрај селото Страгово се наоѓале селата Барово, Бохула, Бунарче, Горна Бошава, Долна Бошава, Конопиште, Крњево, Радња, Стрмашево и Чемерско.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0709 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Страгово и Бунарче, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница во село Крњево.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 23 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на црквата „Св. Димитриј“
Цркви[17][18]
Споменици
  • Споменик на НОБ пред влезот во селото
Археолошки наоѓалишта[4]
  • Падарница — населба и некропола од доцноантичко време

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од селото се иселиле околу десетина куќи на почетокот на XX век во САД.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 287. Посетено на 25 јануари 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 312-315. |access-date= бара |url= (help)
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 160. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 јануари 2018.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 25 јануари 2018.
  15. „Локални избори 2017“. Посетено на 25 јануари 2018.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. „Цркви во Ваташката парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 25 јануари 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]