Прејди на содржината

Општина Луково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Луково
денес дел од Општина Струга


Границите на Општина Луково во периодот 1996-2005 година
Знаме на Општина Луково Грб на Општина Луково
Знаме Грб
Општи податоци
СедиштеЛуково
Површинан.п. км2
Демографија
Население1.509[1] жит.
Густинан.п. жит./км2
Населени места
Самоуправа
Градоначалникн.п.
Совет9 члена
Контактни податоци

Општина Луковопоранешна општина во Западна Македонија, основана 1996 година[2], а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена кон Општина Струга, заедно со општините Лабуништа, Велешта и Делогожди. Локалното и поширокото население не било задоволно од ова припојување. Центар на општината било селото Луково.[2]

Населени места

[уреди | уреди извор]

Во Општина Луково спаѓале следниве села: Безово, Брчево, Дренок, Јабланица, Лакаица, Локов, Луково, Модрич, Нерези, Пискупштина, ’Ржаново, Селци, Буринец, Збажди, Присовјани и Глобочица.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според последниот попис од 2002 година, општината имала 1.509 жители[1] и најголема етничка група биле Македонците[3]:

етничка група припадници
Македонци 1.496
Срби 3
останати 10

Во општината, според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следниве јазици[3]:

јазик говорници
македонски 1.500
српски 6
останати 3

Во општината, според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следниве религии[3]:

религија следбеници
православни 1.464
муслимани 43
останати 2
  1. 1 2 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  2. 1 2 „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.
  3. 1 2 3 „Попис на населението: јазик и религија“ (PDF). Посетено на 2011-08-17.

Поврзано

[уреди | уреди извор]