Луково (Струшко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Луково
Dolno-Lukovo.jpg

Поглед на селото Луково од црквата Св. Ѓорѓија

Луково is located in Македонија
Луково
Местоположба на Луково во Македонија
Координати 41°20′57″N 20°36′16″E / 41.34917° СГШ; 20.60444° ИГД / 41.34917; 20.60444Координати: 41°20′57″N 20°36′16″E / 41.34917° СГШ; 20.60444° ИГД / 41.34917; 20.60444
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Struga Municipality.svg Струга
Област Дримкол
Население 447[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6337
Повик. бр. 046
Надм. вис. 821 м
Слава Ѓурѓовден и Голема Богородица
Commons-logo.svg Луково на Ризницата


Луково — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.

До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, а служи како главно село за останатите села.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на долното маало на Луково

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северозападниот дел на територијата на Општина Струга, во северозападниот дел на Струшкото Поле, од левата страна на заезерената долина на Црн Дрим.[2] Селото е планинско, во кое што некои куќи се издигаат дури на надморска височина од 1.000 метри. Од градот Струга е оддалечено 26 километри.[2]

Селото Луково се наоѓа во областа Долни Дримкол, на источните падини на планината Рујница, која е северна огранка на Јабланица. Се состои од две маала: Горно и Долно. Селото е оддалечено 26 километри северно од Струга и 28 километри јужно од Дебар.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Луково било село во рамките на Дебарската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Погон во селото

Атарот зафаќа простор од 13,1 км². На него преовладуваат шумите на површина од 861 хектар, на пасиштата отпаѓаат 217 хектари, а на обработливото земјиште само 163 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 100 домаќинства и 292 жители мажи.[3]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Луково имало 890 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Луково имало 816 жители.[5]

Од Луково, речиси, половина од населението се иселило. Така, селото во 1961 година броело 990 жители, од кои 961 биле Македонци, 19 Срби, двајца Хрвати, а осум жители Црногорци, а во 1994 година 511 жители, од кои 504 биле Македонци, а пет жители Роми.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Луково живееле 447 жители, од кои 444 Македонци, 1 Србин и 2 останати.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 890 816 772 871 990 1.025 683 526 511 447
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Луково постојано бележи константен пад на населението, преминувајќи од голема во средна по големина населба. Најголемото намалување на бројот на жители се забележува меѓу пописните години 1971 и 1981, кога од 1.025 жители, бројот се намалил на 683, или 33,3% помалку во однос на претходниот попис.

Родови[уреди | уреди извор]

Луково е македонско село.

Според истражувањата од 1935 година родови во селото се:

  • Староседелци: Петановци (2 к.), Мурџовци (15 к.), Петлевци (1 к.), Милевци (7 к.), Коловци (13 к.), Маџовци (2 к.), Пеповци (1 к.), Баловци (6 к.), Велковци (2 к.), Шуминовци или Марковци (9 к.) и Марковци (1 к.)
  • Доселеници: Богдановци или Капешовци (13 к.) и Лескаровци (6 к.) потекнуваат од ист предок, доселени се од околината на Нови Пазар во Србија (Санџак), ја знаат следната генеологија Аврам (жив на 60 год. во 1935 год) Сиљан-Ристо-Косто, предокот што најверојатно се доселил во селото; Ѓурчиновци (1 к.) доселени се од местото Лузнија во Албанија, каде повеќе нема христијани; Видиќевци (6 к.) доселени се од околината на Призрен во Косово и Метохија; Ѓоневци (7 к.) доселени се од некое од селата Горна или Долна Ѓоновица; Јанчевци (6 к.), Бојовци (1 к.) и Бојковци (1 к.) потекнуваат од ист предок, и доселени се од мијачкото село Јанче пред околу 270 години; Јовчевци (10 к.), Мојсовци (4 к.), Ќосинци (1 к.), Стрезовци (6 к.) и Шапардановци (1 к.) сите потекнуваат од ист предок, и доселени се од околината на Скадар во Албанија, од старото место се растуриле осум (8) браќа, во Луково се доселил прадедото на Наум (жив на 96 год. во 1935 година); Ложановци (2 к.) доселени се од селото Ложани; Допчевци (2 к.) доселени се од селото Клење во Голо Брдо; Новак (1 к.) дошол во 1915 година како домазет од селото Дренок, таму припаѓал на родот Трајановци; Вело (1 к.) дошол Вело како домазет во 1918 година од селото Себишта во Голо Брдо; Милош (1 к.) доселен е под името Мустафа од селото Требишта во Голо Брдо, но кога дошол во Луково се прекрстил.[9]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Основното училиште во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Луково.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било седиште на тогашната општина Луково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дримкол, во која покрај селото Луково, се наоѓале и селата Безово, Јабланица, Лакаица, Нерези и Пискупштина. Во периодот 1950-1952 година, селото Луково било дел од некогашната општина Нерези, во која влегувале селата Луково, Нерези и Пискупштина.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа изборното место бр. 1887, кое според Државната изборна комисија е сместено во основното училиште во Луково. Во изборното место е опфатено и селото Глобочица.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 345 гласачи.[13] На референдумот во 2018 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 343 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Гробјанската црква „Св. Атанасиј“
Археолошки локалитети[15]
  • Латинска Црква — средновековна црква и некропола; и
  • Орео — населба од бронзеното, железното и римското време.
Цркви[16]
Реки[17]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Луково
Починати во Луково

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 16 ноември 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 184. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 16 ноември 2018 г. 
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика. 
  9. Филиповиќ, Миленко. Дебарски Дримкол. 
  10. "Основни и средни училишта". Општина Струга. конс. 7 ноември 2018. 
  11. "Сектор за внатрешни работи – Охрид". Министерство за внатрешни работи. конс. 16 ноември 2018. 
  12. "Описи на ИМ". конс. 16 ноември 2018. 
  13. "Локални избори 2017". конс. 16 ноември 2018. 
  14. "Референдум 2018". конс. 16 ноември 2018. 
  15. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  17. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 45. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 
  18. "50ти Долнодримкослки Илинденски средби во Луково". Охрид1. 25 јули 2018. конс. 16 ноември 2018. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]