Тоска (село)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Тоска — село во Општина Струга. Денес нема жители.[1]
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во јужниот дел на планината Караорман, на надморска висина од 880 м[2] На околу 1,5 км североисточно од Тоска врви регионалниот пат Р2243 (Струга-Буринец) со кој е поврзана со селскиот пат.
Демографија[уреди | уреди извор]
Селото имало 69 жители во 1971 г. но во текот на таа деценија наполно се иселило. Според пописот од 2002 година, Тоска немала ниеден жител.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[3] | 1905[4] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 46 | — | — | 69 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 298. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.