Пискупштина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пискупштина

Поглед на дел од селото и мост над Пискупска Река

Пискупштина во рамките на Македонија
Пискупштина
Местоположба на Пискупштина во Македонија
Пискупштина на карта

Карта

Координати 41°19′15″N 20°36′20″E / 41.32083° СГШ; 20.60556° ИГД / 41.32083; 20.60556Координати: 41°19′15″N 20°36′20″E / 41.32083° СГШ; 20.60556° ИГД / 41.32083; 20.60556
Регион  Југозападен
Општина  Струга
Област Дримкол
Население 145 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6337
Повик. бр. 046
Шифра на КО 26039
Надм. вис. 790 м
Слава Свети Никола Летен
Пискупштина на општинската карта

Атарот на Пискупштина во рамките на општината
Пискупштина на Ризницата

Пискупштина — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северниот дел на територијата на Општина Струга, во северозападниот дел на Струшкото Поле.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 960 метри. Од градот Струга е оддалечено 22 километри.[2]

Селото е вовлечено во долината на Пискупска Река и куќите се наоѓаат на обата брега на реката. Пискупштина е поделено на две маала: Груовско на левиот брег и Ѓеровско на десниот брег од реката.[3]

Селото се наоѓа во областа Дебарски Дримкол, во североисточните падини на планината Јабланица. Оддалечено е 32 километри јужно од Дебар.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Пискупштина е населено уште од средниот век, за што сведочи наоѓалиштето Кале во атарот на селото.[4]

Во XIX век, Пискупштина било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.

Селото го основале односно го обновиле доселеници од Голо Брдо. По кажување на денешните жители, денешното село било напуштено, поради што луѓе од Голо Брдо дошле и го заземеле земјиштето. Кажуваат дека порано селото се наоѓало на месноста Старо Село, над Ѓеровското Маало, а некогаш постоеле куќи и на месноста Шелишници.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Стог со сено во селото

Атарот зафаќа простор од 5,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 348 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 139 хектари.[2]

Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[2]

Кај селото се откриени резерви од јаглен од околу 3,5 милиони тони и тој се експлоатира.[5]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948239—    
1953263+10.0%
1961249−5.3%
1971284+14.1%
1981275−3.2%
ГодинаНас.±%
1991266−3.3%
1994256−3.8%
2002182−28.9%
2021145−20.3%

Според податоците од 1873 година, селото имало 30 домаќинства и 94 жители мажи.[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Пискупштина имало 165 жители.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пискупштина имало 176 жители.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]

Селото е мало, населено со македонско население. Во 1961 година, селото броело 249, а во 1994 година 256 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Пискупштина живееле 182 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 145 жители, од кои 135 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 8 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 165 176 239 263 249 284 275 266 256 182 145
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови[уреди | уреди извор]

Во селото постојат следниве родови: Ѓеровци (6 к.), побегнале од Стеблево поради Турците, кога дошол Петре пред 150 години; Груовци (3 к.), со гранка Бежановци (2 к.), дошол Живко од Стеблево, а потекнуваат од Подгорица во Црна Гора, викаат дека и Домазетовци во Јабланица се нивна гранка; Ѓутевци (1 к.), исто така од Стеблево, од каде дошол Дуко, а потекнуваат од Херцеговина; Кленковиќ (1 к.), потекнуваат од Клења во Голо Брдо; Анѓелковци (4 к.), исто така од Стеблево; Цацановци (2 к.); Дукиќи (3 к.); Бешковци (2 к.).[3]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Општествен објект во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Луково.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било дел од тогашната општина Луково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дримкол, во која покрај селото Пискупштина, се наоѓале и селата Безово, Јабланица, Лакаица, Луково и Нерези. Во периодот 1950-1952 година, селото Пискупштина било дел од некогашната општина Нерези, во која влегувале селата Луково, Нерези и Пискупштина.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1891, кое според Државната изборна комисија е сместено во основното училиште.[17]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 203 гласачи.[18] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 197 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[4]
  • Кале — населба од средниот век
Цркви[20]
Реки[21]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 235. Посетено на 25 ноември 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 Филиповиќ, Мил. (1939). Дебарски Дримкол. Скопје: Јужна Србија. стр. 71–72.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 397. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Државно“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 494. Text "series " ignored (help)
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 261.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 ноември 2018.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. „Основни и средни училишта“. Општина Струга. Посетено на 25 ноември 2018.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 25 ноември 2018.
  18. „Локални избори 2017“. Посетено на 25 ноември 2018.
  19. „Референдум 2018“. Посетено на 25 ноември 2018.[мртва врска]
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  21. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 55. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]