Горна Белица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горна Белица
Горна Белица-МК.JPG

Глетка од Горна Белица

Горна Белица се наоѓа во Republic of Macedonia
Горна Белица
Местоположба на Горна Белица во Македонија
Координати 41°13′26″ СГШ 20°33′15″ ИГД / 
Општина Coat of arms of Struga Municipality.svg Струга
Население 1 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1316 м
Commons-logo.svg Горна Белица на Ризницата


Глетка од Горна Белица и Охридското Езеро во позадината
Црквата Света Петка

Горна Белица е село во Општина Струга, во околината на градот Струга.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е планинско и се наоѓа на планината Јабланица.

Историja[уреди | уреди извор]

На крајот на 19 век, селото било влашко село, дел од Струшката нахија на Отоманската Империја. Според една теза, селото било основано од деселеници од Москополе, денес во Албанија. Според податоците од 1873 година, селото имало 45 жители мажи Македонци и 305 Власи. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало население од 150 жители Албанци и 850 Власи.[1] Според бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото во 1905 година имало население од 1200 жители христијани Власи.[2]

панорамски приказ на с. Горна Белица

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]

Националност Вкупно
Македонци 1
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 0

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 217
1953 11 6 162 1 ... 180
1961 3 ... ... 1 ... 23 27
1971 ... ...
1981 ...
1991 2 ... 2
1994 2 ... 2
2002 1 1

Култура[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети
  • Вајнос - богато археолошко наоѓалиште, каде што може да се најдат различни стари предмети поради што често е мета на диви копачи. Според археолозите, таму имало и леарница, голема јавна бања, а во римско време ова била значајна попатна станица на Виа Игнација. Таму има остатоци од камените плочи со кои била поплочена најголемата патна артерија во Римското царство;
  • Писаник - се наоѓа во близината на Вајнос, каде што има многу камени плочи на кои има исцртано најразлични фигури;
Цркви

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
  2. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 184-185.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Портал „Македонија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]