Нерези (Струшко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нерези
Поглед на селото Нерези.jpg

Поглед на селото Нерези

Нерези се наоѓа во Republic of Macedonia
Нерези
Местоположба на Нерези во Македонија
Координати 41°20′22″ СГШ 20°36′11″ ИГД / 
Регион Logo of Southwestern Region, Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Struga Municipality.svg Струга
Област Дримкол
Население 213[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6337
Повик. бр. 046
Надм. вис. 720-900 м
Commons-logo.svg Нерези на Ризницата


Нерези — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името на селото прв пат е споменато како „Нерес“ во 1583 година. Името потекнува од множинската форма од „нерез“, што означува нережено лозје.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Стара куќа во селото

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северозападниот дел на територијата на Општина Струга, во западниот дел на Струшкото Поле.[3] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 720 до 900 метри. Од градот Струга е оддалечено 26 километри.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Нерези било село во рамките на Дебарската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Некогашна земјоделска задруга во селото
Некогашна земјоделска задруга во селото

Атарот зафаќа простор од 7,3 км². На него преовладуваат шумите на површина од 393 хектари, на пасиштата отпаѓаат 147 хектари, а на обработливото земјиште 146 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Населението на Нерези се најмногу се занимава со сточарство поради самата конфигурација на теренот. Исто така, во помала мерка е застапено полјоделството, а се одгледува и познатиот домат „воловско срце“, кој е многу застапен во струшкиот регион.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 40 домаќинства и 123 жители мажи.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Нерези имало 500 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Нерези имало 368 жители.[6]

Населението во Нерези двојно се намалило и селото преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година селото броело 598 жители, а во 1994 година имало 232 жители, македонско население.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Нерези живееле 213 жители, од кои 212 Македонци и 1 Србин.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 500 368 442 522 598 539 411 256 232 213
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Луково.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било дел од тогашната општина Луково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дримкол, во која покрај селото Нерези, се наоѓале и селата Безово, Јабланица, Лакаица, Луково и Пискупштина. Во периодот 1950-1952 година, селото Нерези било седиште на некогашната општина Нерези, во која влегувале селата Луково, Нерези и Пискупштина.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа изборното место бр. 1888, кое според Државната изборна комисија е сместено во основното училиште.[11]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 209 гласачи.[12] На референдумот во 2018 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 195 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Гробјанската црква „Св. Ѓорѓи“
Археолошки локалитети[14]
Цркви[15]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Нерези

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 18 ноември 2018 г. 
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 110-111. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 207. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 18 ноември 2018 г. 
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 261.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  10. „Основни и средни училишта“. Општина Струга. http://www.struga.gov.mk/mk/o%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5-%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0/%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D0%B8-%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D1%83%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0/. посет. 7 ноември 2018 г. 
  11. „Описи на ИМ“. http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html. посет. 18 ноември 2018 г. 
  12. „Локални избори 2017“. https://rezultati.sec.mk/Local/Results?cs=mk-MK&r=r&rd=r1&eu=All&m=70&ps=2210#. посет. 18 ноември 2018 г. 
  13. „Референдум 2018“. https://referendum.sec.mk/Referendum/Results?cs=mk-MK&r=r&rd=r1&eu=All&m=70&ps=2210. посет. 18 ноември 2018 г. 
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]