Трајан Мартиноски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Трајан Мартиноски бил македонски поет и есеист.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Трајан Мартиноски е роден на 19 февруари 1951 година во с. Нерези, Струшко. Починал на 4 мај 1999 година во Охрид. Завршил средно образование во Струга, а Филолошки факултет во Скопје. Член на ДПМ од 1989 година. Автор е на книгите Премолчано време (поезија, 1982), Дулбија (поезија, 1988), Голтки (поезија, 1990), Христовиот син (поезија, 1994), Гробот на Чинго (есеј, 1995), Говорот на цвеќето (есеј, 1995), Писмото на сликата (оглед за пејзажот на сликарот Јордан Манасиевски, 1995), Одговор на писмото (есеј, 1996), Петнаесет пеења за Карванот на цвеќето на мирот (1998), Брезоњо - биографија на каменот и цветот (патопис, 1998), Еригон петнаесет години потоа (кон драмската претстава Еригон од Јордан Плевнеш, 1999), Кон културното наследство (Наум Целаковски, трудови, толкувања, приопштувања, 1999), Златен венец на спомените (сеќавања, 1999).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 153 - 154.