19 февруари
Изглед
Предлошка:Февруари 2026 19 февруари — 50-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак риби. Остануваат 315 денови до крајот на годината (316 во престапна).
Настани:
| 1878 | Томас Едисон го патентирал фонографот, претходник на грамофонот. |
| 1905 | Во Париз излегол првиот број на весникот „Македонија“. |
| 1921 | Склучен е првиот од пактовите со кои Франција настојуваше да обезбеди хегемонија во Европа - сојуз со Полска против Германија и со Малата Антанта дејствуваа многу силно врз европската политика. |
| 1945 | Започнала големата битка на тихоокеанскиот остров Иво Џима, која се водела меѓу армиите на САД и на Јапонија. |
| 1959 | Потпишана е Лондонската спогодба меѓу Велика Британија, Грција и Турција за независност на Кипар. |
| 1968 | Започнал судскиот процес на група родители против компанијата „Дистилер“, која го произведувала лекот „талидомид“. |
| 1994 | Во Скопје е основано Македонско-американско здружение за пријателство и соработка. |
| 1996 | Во Њујорк официјално започна со работа генералниот конзулат на Република Македонија. |
| 1996 | Советот на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ донесе одлука оваа манифестација во иднина да се одржува под името „Македонски театарски фестивал“. |
| 2021 | Порфириј е устоличен како патријарх на Српската православна црква. |
Родени:
Починале:
| 1923 | Иван Тавчар — словенечки писател и политичар. |
| 1951 | Андре Жид — француски писател, добитник на Нобеловата награда во 1947 година. |
| 1952 | Кнут Хамсун — норвешки писател. |
| 1962 | Јоргос Папаниколау — грчки цитопатолог, творец на т.н. ПАП-тест. |
| 1997 | Денг Сјаопинг — премиер на НР Кина. |
| 2008 | Наталија Бесмертнова — примабалерина на Бољшој театар од 1961 до 1995 година. |
| 2016 | Умберто Еко — италијански писател и филозоф. |
| 2019 | Карл Лагерфелд — моден творец. |
| 2021 | Ѓорѓе Балашевиќ — српски поп-музичар. |