3 февруари
Изглед
<< | февруари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | ||
2024 |
3 февруари — 34-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 331 денови до крајот на годината (332 во престапна).
Настани:
1917 | Прва светска војна: САД ги прекинаа дипломатските односи со Германија, откако Берлин соопшти дека ќе започне војна со подморници. |
1943 | Втора светска војна: Британските авиони го бомбардираа германскиот град Хамбург. |
1945 | Втора светска војна: Американските авиони исфрлија 3.000 тони бомби над Берлин. |
1966 | На Месечината се спушти првото летало лансирано од Земјата, советскиот вселенски брод без посада „Луна IX“, по што почна да емитува радиосигнали. |
1969 | Палестинскиот национален конгрес го избра Јасер Арафат за шеф на Палестинската ослободителна организација. |
1973 | Во Јужен Виетнам на основа на мировниот Договор потпишан во Париз стапи во сила прекин на огнот. Со Договорот беше предвидено САД да ги повлечат своите трупи, а Владата во Сајгон и Фронтот за национално ослободување на Јужен Виетнам да формираат „Национален комитет за национално помирување“. Силите на Фронтот со помош на северновиетнамската Армија во април 1975 година ги поразиле владините трупи во Сајгон и американската војска, а марионетскиот режим се распадна. |
1981 | Гро Харлем Брунтланд по оставката на Одвар Нордлиј е избрана за прва жена премиер на Норвешка. |
1992 | Аргентинскиот претседател Карлос Менем потпиша Декрет за отворање на сите документи за нацистите кои по завршувањето на Втората светска војна пребегнаа во Јужна Америка. |
1994 | Американскиот претседател Бил Клинтон го укина трговското ембарго воведено спрема Виетнам во 1975 година, по поразот на американските војници во таа земја. |
Родени:
1809 | Феликс Манделсон - Бартолди — германски композитор, пијанист и диригент. |
1874 | Гертруда Стајн — американска писателка. |
1898 | Алвар Алто — фински архитект. |
1917 | Фанула Папазоглу — македонски научник. |
1920 | Петар Стеванов Тофовиќ — македонски неврохирург. |
1937 | Александар Џамбазов — македонски диригент и композитор. |
1948 | Мирко Спироски — македонски професор, физиолог и генетичар. |
1951 | Бајрон Ериксон — американски цртач на стрипови. |
1955 | Момир Рниќ — српски и југословенски ракометар. |
1956 | Ли Рејналдо — американски рок-музичар, член на групата „Соник јут“ (Sonic Youth). |
1956 | Живко Јанкуловски — македонски политичар. |
1960 | Јоаким Лев — германски фудбалер и тренер. |
1964 | Винко Брешан — хрватски режисер. |
1968 | Владе Дивац — српски кошаркар. |
1988 | Мерјем Боз — турска одбојкарка. |
1989 | Рејнарт Јансе ван Ренсбург — јужноафрикански велосипедист. |
Починале:
1924 | Вудро Вилсон — претседател на САД. |
1959 | Бади Холи — американски рокенрол музичар. |
1961 | Садетин Кајнак — композитор на класична турска музика. |
1977 | Васко Каранѓелески — народен херој на Македонија. |
1985 | Френк Опенхајмер — американски физичар. |
1987 | Владимир Мошин — македонски историчар, еден од најголемите проучувачи и познавачи на македонската средновековна уметност и култура. |
1992 | Васил Ќортошев — македонски оперски пејач и режисер. |
1997 | Бохумил Храбал — чешки писател. |
2016 | Бред Кент — канадски рок-музичар, член на групата „Д.О.А.“ (D.O.A.) |