Гро Харлем Брунтланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гро Харлем Брунтланд
Gro Harlem Brundtland (cropped).jpg
22-ри премиер на Норвешка
На должноста
3 November 1990 – 25 October 1996
Монарх Олаф V

Харалд V

Претходник Јан Сјусе
Наследник Турбјорн Јагланд
На должноста
9 мај 1986 – 16 октомври 1989
Монарх Oлаф V
Претходник Коре Вилок
Наследник Јан Сјусе
На должноста
4 февруари 1981 – 14 октомври 1981
Монарх Олаф V
Претходник Одвар Нурдли
Наследник Коре Вилок
Генерален директор на Светската здравствена организација
На должноста
13 мај 1998 – 21 July 2003
Генерален секретар Кофи Анан
Претходник Хироши Накаџима
Наследник Ли Чон Ук
Лидер на Лабуристичката партија на Норвешка
На должноста
12 септември 1979 – 25 октомври 1996
Претходник Реиулф Стин
Наследник Турбјорн Јагланд
Министер за животната средина
На должноста
1 јули 1974 – 19 март 1979
Премиер Трјугли Братели
Одвар Нурдли
Претходник Тор Халворсен
Наследник Ролф Артур Хансен
Лични податоци
Роден(а) Гро Харлем
20 април 1939 (1939-04-20) (79 г.)
Берум, Норвешка
Партија Лабуристичка
Сопружник Арн Олаф Брунтланд
Деца 4
Установа Универзитетот на Осло

Харвард

Потпис

Гро Харлем Брунтланд (родена Гро Харлем, 20 април 1939) е норвешки политичар и поранешен премиер на Норвешка (1981, 1986-89 и 1990-96) и поранешен Генерален директор на Светската здравствена организација од 1998 до 2003 година. Таа е исто така позната по тоа што претседаваше со Брунтландската комисија која го презентираше Брунтландскиот извештај за одржлив развој.

Образована како лекар, Брунтланд се приклучи на Лабуристичката партија и влезе во владата во 1974 година како министер за животната средина. Таа стана првиот женски премиер на Норвешка на 4 февруари 1981 година, но даде оставка на 14 октомври 1981; таа се врати како премиер на 9 Мај 1986 година и служела до 16 октомври 1989 година. Таа конечно се врати за нејзиниот трет мандат на 3 ноември 1990 година. Од 1981 до 1992 година таа беше лидер на Лабуристичката партија. По нејзината неочекувана оставка во 1996 година, таа стана меѓународен лидер за одржливиот развој и јавното здравство и служела како Генерален директор на Светската здравствена организација и како Специјален пратеник за климатските промени на ОН од 2007 до 2010 година.[1] Таа исто така е и заменик претседател на Старешините и поранешен заменик претседател на Социјалистичката интернационала.

Брунтланд припаѓала на умереното крило на нејзината партија и го поддржувала норвешкото членство во Европската Унија во текот на референдумот во 1994 година. Како премиер, Брунтланд стана широко позната како "мајка на нацијата."[2] Брунтланд ја доби наградата Карло Велики во 1994 година како и многу други признанија и награди.

Наводи[уреди | уреди извор]

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

  • Wilsford, David, ed. Political leaders of contemporary Western Europe: a biographical dictionary (Greenwood, 1995) pp 49–56.
  • Skard, Torild (2014). „Gro Harlem Brundtland“. Women of Power: Half a Century of Female Presidents and Prime Ministers Worldwide. Bristol: Policy Press. ISBN 9781447315780. 
  • Brundtland, Gro Harlem (2002) "Madam Prime Minister: A Life in Power and Politics". New York: Farrar, Straus and Giroux, , primary source

Надворешни врски[уреди | уреди извор]