20 април
Изглед
Предлошка:Април 2026 20 април — 110-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (111-и во престапна година).
Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак бик.
Остануваат 255 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1972 | Американското вселенско летало „Аполо 16“ се спушти на површината на Месечината. |
| 1991 | На 11-от Конгрес на СКМ - Партија за демократска преобразба е формиран Социјалдемократскиот сојуз на Македонија |
| 1999 | Во округот Џеферсон, Колорадо е извршен масакр во средното училиште „Колумбина“ |
Родени:
| 570 | Мухамед — пророк и основач на исламот. |
| 1808 | Наполеон III — француски цар. |
| 1873 | Гомбоџаб Цибиков — руски истражувач. |
| 1889 | Адолф Хитлер — германски канцелар. |
| 1893 | Хуан Миро — шпански сликар. |
| 1895 | Анри де Монтерлан — француски писател. |
| 1906 | Веселин Маслеша — босански писател и партизан. |
| 1908 | Лајонел Хемптон — американски џез-музичар. |
| 1923 | Тито Пуенте — американски музичар. |
| 1929 | Гро Харлем Брунтланд — норвешки премиер. |
| 1934 | Радомир Смиљаниќ — српски писател. |
| 1941 | Рајан О'Нил — американски глумец. |
| 1941 | Мустафа Хасанагиќ — југословенски фудбалер. |
| 1944 | Ирена Савицка — полски лингвист. |
| 1949 | Џесика Ланг — американска глумица. |
| 1949 | Масимо Далема — италијански премиер. |
| 1950 | Столе Попов — македонски режисер. |
| 1951 | Лутер Вандрос — американски музичар. |
| 1952 | Божидар Маљковиќ — српски и југословенски кошаркарски тренер. |
| 1956 | Јадранка Владова — македонска писателка, литературен теоретичар, есеист и преведувач. |
| 1958 | Драган Ѓокановиќ — српски политичар. |
| 1958 | Вјачеслав Фетисов — руски и советски хокеар. |
| 1966 | Дејвид Фило — американски стопанственик. |
| 1967 | Мајк Портној — американски музичар. |
| 1970 | Андреа Џани — италијански одбојкар и тренер. |
| 1972 | Кармен Електра — американска глумица. |
| 1972 | Жељко Јоксимовиќ — српски пејач. |
| 1974 | Адријан Илие — романски фудбалер. |
| 1976 | Шеј Гивен — ирски фудбалски голман. |
| 1978 | Метју Хејман — австралиски велосипедист. |
| 1983 | Миранда Кер — австралиска манекенка. |
| 1992 | Тревис Скот — американски рапер. |
| 1997 | Александар Зверев — германски тенисер. |
Починале:
| 1314 | Климент V — римски папа. |
| 1472 | Леон Батиста Алберти — италијански ренесансен архитект. |
| 1775 | Вилхелм Шелинг — германски филозоф, последен претставник на германската класична филозофија. |
| 1872 | Људевит Гај — хрватски идеолог и водач на Илирското движење. |
| 1982 | Ацо Шопов — македонски поет и академик. |
| 1995 | Милован Ѓилас — југословенски политичар. |
| 2008 | Ксенте Богоев — македонски економист, универзитетски професор, академик и политичар. |
| 2007 | Ендрју Хил — американски џез-музичар. |