14 април
Изглед
Предлошка:Април 2025 14 април — 104-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (105-и во престапна година). Остануваат 261 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1865 | Во театарот „Форд“ во Вашингтон, Џон Вилкс Бут го застрелал претседателот на САД Абрахам Линколн. |
| 1894 | Во Њујорк е претставен кинетоскопот на Едисон, апарат за гледање на подвижни слики — претходник на филмот. |
| 1912 | Британскиот патнички пароброд „Титаник“ на своето прво патување преку Атлантикот кон Њујорк, удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и потонал следното утро при што загинале 1503 луѓе. |
| 1915 | Турција извршила инвазија на Ерменија. Политичките обвинувања за тоа дека Турција извршила геноцид врз десетици илјади лица во Ерменија постојат и денес. |
| 1941 | Усташите се задолжени за управувањето со Независната Држава Хрватска од Силите на оската по инвазијата врз Југославија од 6 април истата година. |
| 1992 | Во гарнизонот во Охрид пристигнал првиот регрут на Армијата на Република Македонија. |
| 1994 | Цариниците во Република Македонија за првпат го одбележаа својот празник — Ден на Царинската служба на Република Македонија. |
| 1995 | Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставиле дипломатски односи. |
Родени:
| 1862 | Воислав Илиќ — српски поет. |
| 1883 | Сима Пандуровиќ — српски поет. |
| 1906 | Семјуел Бекет — ирски писател, драматург и поет. |
| 1907 | Франсоа Дувалие — хаитски диктатор. |
| 1924 | Душко Малевски — македонски новинар. |
| 1940 | Џули Кристи — англиска глумица. |
| 1945 | Ричи Блекмор — англиски рок-гитарист, член на групата „Дип парпл“ (Deep Purple). |
| 1954 | Брус Стерлинг — американски писател на научна фантастика. |
| 1957 | Михаил Плетњов — руски пијанист, диригент и композитор. |
| 1958 | Бранислав Саркањац — македонски социо-политички филозоф и аналитичар. |
| 1959 | Роберто Брунамонти — италијански кошаркар. |
| 1973 | Роберто Ајала — аргентински фудбалер. |
| 1977 | Кристијано Занети — италијански фудбалер. |
| 1981 | Ристе Наумов — македонски фудбалер. |
| 1985 | Константин Игропуло — руски ракометар. |
| 1991 | Мартин Монтоја — шпански фудбалер. |
| 1999 | Матео Гундузи — француски фудбалер. |
Починале:
| 1759 | Георг Фридрих Хендл — германско-британски барокен композитор. |
| 1930 | Владимир Мајаковски — руски писател. |
| 1964 | Рејчел Карсон — американска екологистка. |
| 1985 | Кејт Робертс — велшка писателка. |
| 1986 | Симон де Бовоар — француска писателка и филозоф. |
| 1997 | Видое Подгорец — македонски писател. |
| 2012 | Пјермарио Морозини — италијански фудбалер. |
| 2015 | Перси Слеџ — американски соул-пејач. |
| 2019 | Мирјана Марковиќ — српска и југословенска политичарка и универзитетска професорка, сопруга на српскиот претседател Слободан Милошевиќ. |
| 2025 | Филип Давид — српски писател. |
Празници:
| * | Ден на Царинската служба на Република Македонија |