Душко Малевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Душко Малевски (Тетово, 14 април 1924 - Скопје, 8 август 2007)[1] бил македонски новинар, еден од најпознатите македонски надворешно-политички коментатори и уредници. Во новинарството бил од 1948 година. Од 1951 во „Нова Македонија“ каде што останува до пензионирањето во 1985. Тој е ден од основачите на неделникот „Репортер“. Бил известувач од многубројни значајни настани и форуми во светот. Единствен новинар на „Нова Македонија“ што бил постојан дописник од Париз, Рим, Атина и Софија. Бил учесник во НОБ.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ПОСЛЕДЕН ЗБОР Душко Малевски“. Утрински Весник. 10 август 2007. Посетено на 2009-10-20.[мртва врска]
  2. Македонска енциклопедија. II (I. изд.). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).