26 април

Од Википедија — слободната енциклопедија
01
02 03 04 05 06 07 08
09 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30  

26 април — 116-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (117-и во престапна година). Остануваат 249 денови до крајот на годината.

Настани:

1962  Во Кејп Канаверал, во САД е лансиран првиот меѓународен сателит за телекомуникациски цели, заеднички американско-британски потфат.
1964  Со обединувањето на Тангањика и Занзибар е прогласена Обединетата Република Танзанија.
1986  Катастрофа во атомската централа Чернобил, СССР. 57 луѓе загинале во несреќата, уште околу 9.000 илјади од директни последици на зрачењето, а 336.000 лица биле евакуирани и раселени од околината на Чернобил.
1992  Владата на Република Македонија донесе одлука за признавање на Република Босна и Херцеговина.
1992  Република Македонија монетарно се осамостои. Новата македонска валута доби име „денар“.
1993  Република Албанија ја призна независноста на Република Македонија.

Родени:

121  Марко Аврелиј — римски цар и филозоф.
1564  Вилијам Шекспир — англиски поет и драмски писател.
1711  Дејвид Хјум — шкотски филозоф и историчар.
1894  Рудолф Хес — заменик-фирер во нацистичка Германија.
1899  Лудвиг Витгенштајн — австриско-британски филозоф.
1900  Чарлс Рихтер — пионер на сеизмологијата и творец на скалата според која се мери јачината на земјотресот.
1905  Жан Виго — француски режисер.
1910  Меша Селимовиќ — босански и југословенски писател.
1916  Марио де Са-Карнеиро — португалски писател.
1945  Васил Икономов — македонски поет и преведувач.
1949  Карлос Бјанки — аргентински фудбалер и тренер.
1953  Владо Калембер — хрватски поп-пејач, член на групата „Сребрна крила“.
1959  Гордан Здравков — македонски и југословенски фудбалер и тренер.
1960  Роџер Тејлор — англиски поп-музичар, член на групата „Дјуран Дјуран“.
1962  Наско Сираков — бугарски фудбалер.
1977  Том Велинг — американски глумец.
1985  Џон Иснер — американски тенисер.
1986  Филип — принц на Грција.
1986  Мартин Богатинов — македонски фудбалер.
1986  Владимир Исајчев — руски велосипедист.

Починале:

757  Стефан IIримски папа.
1731  Даниел Дефо — англиски писател, новинар и памфлетист.
1916  Марио де Са-Карнеиро — португалски писател.
1984  Каунт Бејзи — американски џез-музичар.
1990  Декстер Гордон — американски џез-музичар.