17 април

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< април >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

17 април е 107-иот ден во годината според григоријанскиот календар (108-и во престапна година). Остануваат 258 денови до крајот на годината.

Настани:

1492  Изабела I од Кастилја и Кристофер Колумбо склучиле договор за неговото патување до Азија преку Атлантикот.
1941  Кралството Југославија капитулирало пред нападот на Силите на Оската во Втората светска војна.
1946  Последните француски војници ја напуштиле Сирија, која стекнала независност.
1961  Инвазија во Заливот на Свињите: 1511 кубански бегалци во САД, обучени и финансирани од ЦИА, се истовариле во Заливот на Свињите на Куба со цел да го соборат Фидел Кастро.
1969  Александар Дубчек поднесол оставка на функцијата шеф на Комунистичката партија на Чехословачка.
1970  Тешко оштетениот модул на ракетатаАполо 13“ безбедно се вратил на Земјата со тричлениот екипаж.
1971  Излегол првиот соло-албум на Пол МекартниMcCartney“.
1975  Војската на „Црвените Кмери“ го зазеле Пном Пен.
1977  Жените во Лихтенштајн добиле право да гласаат на изборите.

Родени:

1877  Коце Ципушев — македонски револуционер.
1894  Никита Сергеевич Хрушчовсоветски политичар и државник.
1912  Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил — поглавар на Македонската православна црква.
1916  Сиримаво Бандаранаике — првата жена-премеиер на Цејлон (денешна Шри Ланка).
1918  Вилијам Холден — американски актер.
1952  Жељко Ражнатовиќ — водач на Српската доброволна гарда.
1951  Хорст Хрубеш — германски фудбалер и тренер.
1955  Васил Рингов — македонски фудбалер.
1960  Владимир Полјаков — руски и советски атлетичар.
1974  Викторија Бекам — британска пејачка.
1983  Роберт Вагнер — германски велосипедист.
1985  Џо-Вилфред Цонга — француски тенисер.

Починале:

167  Анцетиј — римски папа.
326  Александар Александриски — патријарх на Александрија.
858  Бенедикт III — римски папа.
1790  Бенџамин Франклин — американски државник, филозоф, физичар, економист и писател.
1898  Дедо Иљо Малешевски — македонски револуционер.
1903  Јордан Поп Јорданов - Орцето — македонски револуционер.
1913  Ахмед Нијази-бег — отомански војник и политичар.
1984  Радка Кушлева — бугарска народна пејачка.
1993  Тургут Озал — осми по ред турски претседател.
2014  Габриел Гарсија Маркес — истакнат колумбиски писател и нобеловец.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември