21 април
Изглед
Предлошка:Април 2025 21 април — 111-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (112-и во престапна година). Остануваат 254 денови до крајот на годината.
Настани:
| 753 п.н.е. | Според преданието, Ромул и Рем го основале градот Рим. |
| 1836 | Војската на Тексас под водство на Сем Хјустон ги победила мексиканските сили на генералот Антонио Лопес де Санта Ана во решавачката битка на Тексашката револуција. |
| 1944 | Жените во Франција добиле право на глас. |
| 1918 | Прва светска војна — германскиот воен пилот Манфред фон Рихтхофен познат како Црвениот Барон е погоден и убиен во небесна битка над Во на Сома, Франција. |
| 1946 | Во Скопје е изведена првата премиера на Куклената секција при Македонскиот народен театар. Тоа била претставата „Силјан Штркот“, според истоимената народна приказна. |
| 1956 | Елвис Присли за првпат се искачил на првото место на топ-листите. |
| 1967 | Неколку дена пред општите избори во Грција, полковникот Јоргос Пападопулос спровел државен преврат со кој воспоставил воен режим во земјата кој траел следните седум години. |
| 1994 | Во населбата Драчево, кај Скопје е предадена во употреба земската сателитска станица за директна телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и САД. |
| 2001 | Во Јужна Африка се одржала борбата меѓу актуелниот првак Ленокс Луис и предизвикувачот Хасим Рахман. Рахман победил со нокаут во петтата рунда, со што станал светски првак во бокс, во тешка категорија, во верзиите на WBC, IBF и IBO. |
Родени:
| 1816 | Шарлота Бронте — англиска писателка († 1855). |
| 1828 | Иполит Адолф Тен — француски историчар. |
| 1915 | Ентони Квин — американски глумец. |
| 1923 | Цвета Котевска — македонска преведувачка. |
| 1926 | Елизабета II — кралица на Обединетото Кралство. |
| 1930 | Силвана Мањано — италијанска глумица. |
| 1947 | Иги Поп — американски рок-пејач. |
| 1954 | Маја Оџаклиевска — македонска пејачка. |
| 1955 | Тонињо Серезо — бразилски фудбалер. |
| 1959 | Роберт Смит — англиски рок-музичар. |
| 1960 | Иван Гудељ — хрватски фудбалер. |
| 1963 | Шефшет Адеми — македонски судија. |
| 1965 | Томас Хелмер — германски фудбалер. |
| 1971 | Анвар ал Авлаки — член на Ал-Каеда. |
| 1972 | Северина Вучковиќ — хрватска пејачка. |
| 1980 | Гао Ји — кинеска кану-спринтерка. |
| 1985 | Филип Лазаров — македонски ракометар. |
| 1992 | Иско — шпански фудбалер. |
| 1997 | Микел Ојарзабал — шпански фудбалер. |
| 2003 | Чави Симонс — холандски фудбалер. |
Починале:
| 1073 | Александар II — римски папа. |
| 1509 | Хенри VII — крал на Англија. |
| 1699 | Жан Расин — француски драмски писател. |
| 1825 | Јохан Фридрих Пфаф — германски математичар, професор на Карл Фридрих Гаус. |
| 1910 | Марк Твен — американски писател. |
| 1915 | Спиридон Михајлов — полковник во бугарската армија. |
| 1944 | Ханс-Валентин Хубе — германски генерал. |
| 1977 | Гумо Маркс — американски глумец. |
| 1980 | Александар Опарин — руски биохемичар. |
| 1991 | Дургут Едиповски — македонски политички функционер. |
| 2003 | Нина Симон — американска пејачка. |
| 2004 | Едуард Асадов — советски и руски поет. |
| 2006 | Теле Сантана — бразилски фудбалер и тренер. |
| 2010 | Хуан Антонио Самаранч — поранешен претседател на Меѓународниот олимписки комитет. |
| 2016 | Принс — американски поп-пејач и музичар. |
| 2018 | Верн Троер — американски глумец. |
| 2025 | Франциск — римски папа. |