Нина Симон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нина Симон
Симон во 1965 година
Биографски податоци
Родено име Јунис Кетлин Вејмон
Роден(а) февруари 21, 1933(1933-02-21)
Тирион, Северна Каролина, САД
Починал(а) април 21, 2003(2003-04-21) (воз. 70 г.)
Кери-л-Руе, Буш-ду-Рон, Франција
Жанрови Џез, блуз, R&B, фолк, госпел
Занимања Пеачка, текстописец, пијанистка, аранжерка, активистка
Период на активност 1954–2003
Издавачи Records, Colpix, Philips, RCA Victor, CTI, Legacy Recordings
Мреж. место www.NinaSimone.com

Нина Симон (анг.Nina Simone) (Јунис Кетлин Вејмон (Eunice Kathleen Waymo); 21 февруари 1933 – 21 април 2003) била американска пејачка, текстописец, пијанистка, аранжерка, и активистка за граѓански права, општо позната по џез музиката. Симон се стремела да стане класична пијанистка и притоа работела на повеќе стилови, како класичен, џез, блуз, фолк, ритам и блуз, госпел и поп.

Симон е родена во Северна Каролина, како шесто дете во фамилија на свештеник. Симон сакала да биде концертна пијанистка. Патот кон музиката ја променил својата насока откако не успела да добие стипендија на престижниот Институт за музика „Куртис“ Curtis Institute of Musi) во Филаделфија, и покрај нејзината добра аудиција. Подоцна, некој вработен во „Куртис“ и кажал на Симон дека не добила стипендија бидејќи била/е црна. За да може да го финансира своето понатамошно музичкото образование и да стане класична пијанистка, започнала да свири во мал клуб во Филаделфија, каде исто така барале и да пее. „Бетлихем Рекордс“ (Bethlehem Records) и понудиле снимање и нејзината преработка на „I Loves You, Porgy“ станала хит во САД во 1958. Во текот на нејзината кариера, Симон снимила повеќе од 40 албуми, најмногу меѓу 1958 година – кога настапила јавно со “Little Girl Blue”- и 1974 година.

Симон е родена во Северна Каролина, како шесто дете во фамилија на свештеник. Симон сакала да биде концертна пијанистка. Патот кон музиката ја променил својата насока откако не успела да добие стипендија на престижниот Институт за музика „Куртис“ во Филаделфија, и покрај нејзината добра аудиција. Подоцна, некој вработен во „Куртис“ и кажал на Симон дека не добила стипендија бидејќи била црна. За да може да го финансира своето понатамошно музичкото образование и да стане класична пијанистка, започнала да свири во мал клуб во Филаделфија, каде исто така барале и да пее. „Бетлихем Рекордс“ (Bethlehem Records) и понудиле снимање и нејзината преработка на „I Loves You, Porgy“ станала хит во САД во 1958. Во текот на нејзината кариера, Симон снимила повеќе од 40 албуми, најмногу меѓу 1958 година – кога настапила јавно со “Little Girl Blue”- и 1974 година.

Нејзиниот музички стил произлегува од соеднинување на госпел и поп песни со класична музика, особено со влијанија од нејзината прва инспирација, Јохан Себастијан Бах (Johann Sebastian Bach), придружен со нејзиното пеење кое наликува на џез во нејзиното карактеристично контралто. Таа во музиката внела што е можно повеќе од нејзината класична основа, за да и даде поголема длабочина и квалитет, бидејќи сметала дека поп музиката е инфериорна на класичната. Нејзиното интуитивно разбирање на односот меѓу публиката и изведувачот го стекнала преку често свирење на пијано како придружба на само шест години за црковни ревивализми и церемонии.

На почетокот на шеесетите, Симон се вклучила во движењето за граѓанските права и насоката на нејзиниот живот повторно се променила. Музиката на Симон имала значајно влијание врз борбата за еднакви права во Соединетите држави. Во подоцнежните години живеела во странство, при што конечно во 1992 година останала во Франција. Во 2000 година ја добила наградата Grammy Hall of Fame и во текот на нејзината кариера била номинирана петнаесет пати за награда „Греми“.

Биографија[уреди | уреди извор]

Младост (1933–1954)[уреди | уреди извор]

Симон, чие вистинско име е Јунис Кетлин Вејмон, била родена во Трион, Северна Каролина. Таа е шестото дете од осумчлена сиромашна фамилија и започнала да свири на пијано на три години; “God Be With You, Till We Meet Again” била првата песна која ја научила. Бидејќи покажала талент, настапила во локалната црква, но нејзиниот прв јавен настап, класичен рецитал, бил на дванаесет години. Подоцна, Симон кажала дека за време на настапот, нејзините родители кои седеле во првиот ред биле присилени да се премесетат на крајот од салата, за да се направи место за луѓето со бела кожа. Симон рекла дека се противела да настапи сè додека нејзините родители не ги вратиле на старите места и дека всушност овој инцидент е причината за нејзиното вклучување во движењето за граѓанските права.

Мајка ѝ на Симон, Мери Кејт Вејмон (Mary Kate Waymon), била методистички свештеник и домашна помошничка. Татко ѝ на Симон, Џон Дивајн Вејмон (John Divine Waymon), бил мајстор кој некое време имал фирма за хемиско чистење, но, исто така имал лошо здравје. Откако слушнал за талентот на ќерка ѝ, работодавачот на Мери Кејт им обезбедил парични средства за часови по пијано. Подоцна, се основал локален фонд за да ѝ помогне на Симон во нејзиното понатамошно образование. Со помош на овие пари од стипендијата, Симон го посетувала средното училиште за девојчиња „Ален“ (Allen High School for Girls) во Ешвил, Северна Каролина.

По завршување на средно училиште, Симон се подготвувала за интервју со помош на приватен тутор, за да продолжи да учи свирење на пијано во институтот „Куртис“ (Vurtis Institute), но била одбиена. Симон мислела дека ја одбиле заради нејзината раса, иако „Куртис“ започнал да прима пријавувачи од црната раса во 1940 година и во 1945 година Џорџ Вокер бил првиот кој завршил, а подоцна добил Пулицерова награда. Подоцна Симон се преселила во градот Њујорк, каде учела во школата за музика „Џулијард“ (Juilliard School of Music).

Почеток на успех (1954–1959)[уреди | уреди извор]

За да си ги финансира приватните часови, Симон настапувала во Мидтаун Бар & Грил (Midtown Bar & Grill) во Пасифик Авењу во Атлантик Сити, чиј сопственик настојувал и да пее и да свири на пијано. Во 1954 Симон го присвоила сценското име Нина Симон. „Нина“ (од niña, што на шпански значи мало девојче) е прекар кој го добила од нејзино момче, а „Симон“ го презела од француската глумица Симон Сињоре (Simone Signoret), која ја видела во филмот „Златен шлем“ (Casque d'or). Со комбинацијата од џез, блуз и класична музика во нејзините настапи во барот, Симон добила мала, но лојална група на обожаватели.

Во 1958 се спријателила и омажила со Дон Рос (Don Ross), битник кој работел како гласноговорник на панаѓури, но набргу се покајала за бракот. Додека свирела во клубови, во истата година ја снимила песната на Џорџ Гершвин (George Gershwin)“I Loves You, Porgy” (од “Porgy and Bess”), која ја научила од албумот на Били Холидеј (Billie Holiday), а ја испеала како услуга за пријател. Оваа песна станала единствен нејзин успех на „Билбоард“ (Billboard) топ 20 во САД, а нејзиниот деби-албум “Little Girl Blue” бргу следел на Бетлихем Рекордс (Bethlehem Records). Симон изгубила повеќе од $1 милион за авторски права (посебно за албумот “My Baby Just Cares for Me, издаден 1980) и никогаш немала финансиска корист од продажбата на албумот бидејќи морала целосно да ги продаде правата за $3,000.

Стекнување на популарност (1959–1964)[уреди | уреди извор]

По успехот со “Little Girl Blue”, Симон потпишала договор со „Колпикс Рекордс“ (Colpix Records) и снимила многубројни студиски албуми и албуми во живо. „Колпикс“ целосно и ја препуштиле креативноста нејзе, вклучувајќи го и изборот на материјал што ќе се снимил, откако потпишела договор со нив. До тогаш Симон изведувала само поп музика за да спечали пари да ги продолжи студиите по класична музика и била рамнодушна во врска со договорот за снимање. Овој став кон музичката индустрија го имала низ речиси целата нејзина кариера.

Во 1961 година Симон се омажила за полициски детектив од Њујорк, Ендру Страуд (Andrew Stroud), кој подоцна станал нејзин менаџер.

Борба за граѓански права (1964–1974)[уреди | уреди извор]

Нина Симон во 1969 година

Во 1964 Симон го променила американскиот дистрибутер за снимање „Колпикс“ со холандскиот „Филипс“ (Philips), што исто така значело промена на содржината на нејзините снимања. Симон секогаш вклучувала песни во репертоарот кои се потпирале на нејзиното афроамерикански потекло ( како што се “Brown Baby” и “Zungo” од албумот “Nina at the Village Gate” од 1964 година. Но, Симон за прв пат отворено ја истакнала расната нееднаквост која била застапена во САД во нејзиниот деби-албум за Филипс, “Nina Simone in Concert” (снимање во живо, 1964 година), поточно во песната “Mississippi Goddam”, која била одговор на убиството на Медгар Еверс (Medgar Evers) и бомбардирањето на црквата во Бирмингам, Алабама, кое убило четири деца од црната раса. Песната била издадена како сингл и била бојкотирана во одредени јужни држави. Во песната “Old Jim Crow” од истиот албум, реагирала на законите на Џим Кроу (Jim Crow).

Од тогаш па натаму, пораката за граѓанските права била стандард во репертоарот за снимање на Симон, а станал и дел од нејзините изведби во живо. Симон настапувала и зборувала на многу состаноци за граѓански прева, како што е на маршот од Селма до Монтгамри. Симон во периодот на граѓанските права поддржувала насилна револуција, за разлика од ненасилниот пристап на Мартин Лутер Кинг (Martin Luther King). Таа се надевала дека преку вооружена борба Афроамериканците можат да формираат одвоена држава. И покрај тоа, во својата автобиографија напишала дека таа, заедно со нејзината фамилија ги сметале сите раси за еднакви.

Направила обработка на песната на Били Холидеј, “Strange Fruit” песна за линчувањето на луѓето со црна кожа на Југот, која се наоѓа на албумот “Pastel Blues” од 1965година. Исто така ја испеала и поемата на Вилијам Воринг Кунеј (William Waring Cuney), “Images”,која се наоѓа на албумот “Let It All Out” од 1966 година и во која се пее за отсуството на гордост кај афроамериканските жени. Симон ја напишала “Four Women”, песна за четири стеротипа на афроамерикански жени и песна која се наоѓа на албумот “Wild Is The Wind” од 1966 година.

Во 1967година Симон се префрла од „Филипс“ на продуцентската куќа „РЦА Виктор“ (RCA Victor). Во првиот албум од РЦА, “Nina Simone Sings the Blues” (1967) ја испела песната “Backlash Blues”, која ја напишал нејзиниот пријател Лангстон Хјус (Langston Hughes). Во албумот “Silk & Soul” ја снимила песната на Били Тејлор (Billy Taylor), “I Wish I Knew How It Would Feel to Be Free” и “Turning Point”. Албумот “Nuff Said” (1968) содржи снимки во живо од музичкиот фестивал „Вестбури“ (Westbury Music Fair), 7 април 1968, три дена по убиството на Мартин Лутер Кинг Џуниор. Таа целата нејзина изведба ја посветила на него и ја испеала “Why? (The King Of Love Is Dead)”, песна која ја напишал нејзиниот свирач на бас, Џин Тејлор (Gene Taylor), веднаш откако ја слушнале веста за смртта на Кинг. Летото во 1969 настапила на фестивалот за култура „Харлем“ (Harlem Cultural Festival) во паркот „Маунт Морис“ (Mount Morris Park) во Харлем.

Заедно со Велдон Ирвин (Weldon Irvine), незавршената драма “To Be Young, Gifted and Black” на починатата Лорејн Хансбери (Lorraine Hansberry) ја претвориле во песна за граѓанските права. Хансбери била лична пријателка, на која Симон и ја дава заслугата за развивањето на нејзината социјална и политичка свест. Оваа песна, која се наоѓа на албумот “Black Gold” од 1970 година, ја извела во живо. Студиското снимање било издадено како сингл , а изведби на оваа песна направиле и Арета Френклин (Aretha Franklin) (во нејзиниот албум “Young, Gifted and Black”) и Дони Хетавеј (Donny Hathaway).

Подоцнежен живот (1974–2003)[уреди | уреди извор]

Симон на концерт во Морле, Франција, мај 1982 година

Во септември 1970 година, Симон заминала од САД, отишла во Барбадос и очекувала Страуд да стапи во контакт со неа кога повторно ќе треба да настапи. Но, неочекуваното исчезнување на Симон и фактот што го оставила вереничкиот прстен, Страуд го протолкувал како желба за развод. Како нејзин менаџер, Страуд бил задолжен за нејзината заработка.

Кога Симон се вратила во САД дознала дека бил издаден налог за нејзино затворање поради неплатени даноци (како протест против вклученоста на нејзината државата во Виетнамската војна), поради што повторно се вратила во Барбадос за да ги избегне властите и судското гонење. Симон подолго време останала во Барбадос и имала долга афера со премиерот Ерол Бероу (Errol Barrow). Блиска пријателка, пеачката Мириам Макеба (Miriam Makeba), ја убедила да отиде во Либерија. Пред да се пресели во Франција во 1992 година, живеела во Швајцарија и Холандија.

Во 1974 година за „РЦА“ го снимила последниот албум “It Is Finished”. Таа не снимила ниедна песна сè до 1978, кога ја наговориле да оди во студиото за снимање „ЦТИ Рекордс“ (CTI Records), чиј сопственик бил Крид Тејлор (Creed Taylor). Резултатот од оваа соработка е албумот “Baltimore”, кој иако не бил комерцијално успешен, добил добри критики и претставувал тивка уметничка преродба во песните на Симон. Нејзиниот изборот на материјал го задржал својот еклектизам, кој опфаќал од духовни песни до “Rich Girl” од “Hall & Oates”. По четири години Симон ја снимила “Fodder on My Wings” со француска продуцентска куќа. Во осумдесетите Симон често настапувала во клубот за џез музика на Рони Скот (Ronnie Scott) во Лондон, каде во 1984 година го снимила албумот “Live at Ronnie Scott’s”. Иако првичниот однос на сцената бил нељубезен и оддалечен, подоцна Симон уживала во привлекување на вниманието на публиката со смешни анегдоти поврзани со нејзината кариера и музика и со примање музички желби. Во 1987 година песната “My Baby Just Cares for Me”, издадена во 1958 година, била искористена во реклама за парфемот Шанел бр. 5 во Соединетото Кралство. Ова претставувало повторно издавање на песната, која се искачила на 4 место на листата “НМЕ” (NME) во Соединетото кралство, што предизвикало кратка популарност. Нејзината автобиографија “I Put a Spell on You” била издадена во 1992 година, а во 1993 година го снимила последниот албум „A Single Woman”.

Во 1993 година Симон се преселила во близина на О-ан-Прованс (Aix-en-Provence) во јужна Франција. Седум години боледувала од рак на дојката, сè до 21 април 2003 година, кога умрела во сон во својот дом во Кери-л-Руе (Carry-le-Rouet), Буш-ду-Рон (Bouches-du-Rhône). На нејзиниот погреб биле пеачките Мириам Макеба и Пати Лабел (Patti LaBelle), поетесата Соња Санчез (Sonia Sanchez), глумецот Ози Дејвис (Ossie Davis) и уште многу други. Елтон Џон (Elton John) пратил цвеќе со порака “Беше најдобра и те сакам” (You were the greatest and I love you). Пепелта на Симон била разнесена низ неколку држави во Африка. Зад себе ја оставила ќерка ѝ Лиса Селест Страуд (Lisa Celeste Stroud), глумица и пеачка, која го зела псевдонимот Симон, а настапила и на Бродвеј (Broadway) во “Аида“ (Aida).

Углед[уреди | уреди извор]

Во музичката индустрија Симон е позната по својата избувливост. Во 1985 година пукала во директорот на фирма за снимање, кој го укривила за крадење на авторски права. Рекла дека „се обидела да го убие“, но „промашила“. Во 1995 година го погодила и ранила детето на соседот со воздушен пиштол, бидејќи неговото смеење ја деконцентрирало. Според некој биограф, Симон земала лекарства за нејзината состојба од средината на шеестетите па натаму. Ова било познато само на мала група на блиски пријатели, и не излегло во јавноста многу години. По нејзината смрт, во 2004 година Силвија Хамтон (Sylvia Hampton) и Дејвид Нејтан (David Nathan) ја напишале биографијата “Break Down and Let It All Out” во која ја откриле нејзината тајна.

Музички стил[уреди | уреди извор]

Стандарди[уреди | уреди извор]

Низ кариерата Симон собрала колекција на песни кои станале стандард во нејзиниот репертоар. Во овие песни спаѓаат незјните авторски песни, обработка на песни од други со нов аранжман на Симон, или песни напишани за неа. Нејзината прва успешна песна во Америка била изведбата на “I Loves You, Porgy” од Џорџ Гершвин во 1958 година. Песната се наоѓала на 18 место листата на поп песни и 2 место на листата на песни од луѓе од црната раса. Во истиот период ја снимила песнатa “My Baby Just Cares for Me”, која станала нејзин најголем успех, но многу подоцна, во 1987 година, откако ја искористиле во рекламата за парфемот Шанел бр.5 во 1986 година. „Ардман Студиос“ (Aardman Studios) направиле и музичко видео.

Добро познати песни од албумите издадени од „Филипс“ се "Don't Let Me Be Misunderstood" на албумот Broadway-Blues-Ballads од 1964 година, "I Put a Spell on You", "Ne me quitte pas" (изведба на песната од Жак Брел (Jacques Brel)) and "Feeling Good" од I Put a Spell On You од 1965 година, "Lilac Wine" и "Wild Is the Wind" од Wild is the Wind од 1966 година. Посебно песните "Don't Let Me Be Misunderstood", "Feeling Good", and "Sinner Man" (од Pastel Blues, 1965 година) се многу познати денес кога станува збор за преработените верзии, користење на делови од песни, како и употреба во различни филмови, телевизиски серии и видео игри. Конкретно “Sinnerman” е искористена во многу серии како Scrubs, Person of Interest, и Sherlock, и во филмови како The Thomas Crown Affair, Miami Vice, и Inland Empire, искористени делови од песната од артисти како Талиб Квели (Talib Kweli) и Тимбаленд (Timberland). Дел од песната "Don't Let Me Be Misunderstood" ги искористил Дево Спрингстин (Devo Springsteen) во "Misunderstood" од албумот Finding Forever од 2007 година и од помалку познатите продуценти Родна (Rodnae) и Муса (Mousa) за песната "Don't Get It" на албумот Tha Carter III од Лил Вејн (Lil Wayne) од 2008. Дел од песната "See-Line Woman" ја искористил Кание Вест (Kanye West) во "Bad News" од албумот 808s & Heartbreak. Дел од преработката на песната "Strange Fruit" 1965 година, песна која е всушност на Били Холидеј, ја искористил Кание Вест во песната "Blood on the Leaves" од албумот "Yeezus".

Од соработката со „РЦА – Виктор“ Симон издала неколку песни и албуми кои биле популарни посебно во Европа. Во 1968, песната “Ain’t Got No, I Got Life”, мешавина од неколку песни од мјузиклот “Коса“ (Hair) од албумот “Nuff Said!”(1968), станал неочекуван хит за Симон и се искачил до 4 место на листата на песни на Соединетото Кралство, притоа претсавувајќи ја на младата публика. Во 2006 година повторно се враќа на листата топ 30 во Соединетото кралство со преработка од Грувфајндер (Groovefinder). Следната песна “To Love Somebody”, преработка од Би Џис (Bee Gees), исто така се искачила на листата топ 10 на Соединетото кралство во 1969 година. Песната “House of the Rising Sun” се наоѓала на албумот “Nina Simone Sings the Blues” во 1967 година, но Симон ја снимила песната во 1961 и се наоѓала на албумот “Nina at Village Gate” од 1962 година, која им претходи на верзиите на Дејв Ван Ронк (Dave Van Ronk) и Боб Дилан (Bob Dylan). Подоцна била преработена од „Д Енималс“ (The Animals), за кои претставувала значаен хит.

Стил на настапување[уреди | уреди извор]

Со моќните сценски настапи, Симон заслужно ја додила титулата „Возвишена свештеничка на соул музиката“ (High Priestess of Soul). Таа била пијанистка, пеачка и изведувач, „одделно и симултано“. На сцената, Симон се префрлала од госпел на блуз, џез и фолк, до нумери со европски класичен стил, контрапункт во повторување во стил на Бах. За време на настапите вметнувала и монолози и дијалози со публиката, но и често ја користела тишината како музички елемент. Таа ја споредува со „масивна хипноза. Ја користам постојано.“ Низ речиси целиот нејзин живот и карирера ја придружувал свирачот на ударни инструменти Леополдо Флеминг (Leopoldo Fleming) и гитарист и музички диригент Ал Шакман (Al Schackman).

Филм[уреди | уреди извор]

Документарниот филм „Нина Симон: Легендата“ (Nina Simone: La Legende) го направиле француски филмски режисери во деведесетите врз основа на нејзината автобиографија “I Put A Spell On You” . Содржи снимки во живо од различни периоди од нејзината кариера, интервјуа со пријатели и фамилијата, различни интервјуа од периодот кога живеела во Холандија, како и снимка од патувањето кон нејзиното родно место. Дел од снимките од Легендата се земени од претходно снимен биографки документарен филм од Петер Родис (Peter Rodis), кој го издал во 1969 година и го нарекол, едноставно само Нина.

Сниманиот настап на џез фестивалот „Монтре“ (Montreux Jazz Festival) во 1976 година е достапен во Игл Рок Ентертеинмент (Eagle Rock Entertainment) и секоја година се прикажува на настанот „Возвишувањето и падот на Нина Симон: Монтре, 1976 година“ (The Rise and Fall of Nina Simone) во Њујорк, кој го организира Том Блунт (Tom Blunt).

На крајот од 2005 година се издадени планови за биографски филм на Симон, кој треба да се заснова на автобиографијата и да се фокусира на нејзината врска со нејзиниот асистент, Клифтон Хендерсон (Clifton Henderson), кој умрел во 2006 година; оттогаш ќерка ѝ на Симон, Симон Кели (Simone Kelly), ја побива романтичната врска меѓу Симон и Хендерсон, врз основа на неговата сексуалност. Сценаристката Синтија Морт (Synthia Mort) работи на сценариото, а за главна улога е изберена Зое Салдана (Zoe Saldana). Учесниците во филмот започнале меѓународна полемика на сметка на различниот изглед на Салдана со Симон и идејата дека Хендерсон не бил само нејзин асистент, но и љубовник. Филмот треба да излезе во 2013.