Јохан Фридрих Пфаф
Јохан Фридрих Пфаф Johann Friedrich Pfaff | |
---|---|
Јохан Фридрих Пфаф | |
Роден(а) | 22 декември 1765 Штутгарт, Германија |
Починал(а) | 21 април 1825 Хале, Германија | (возр. 59)
Живеалиште | Германија |
Националност | Германец |
Полиња | математика |
Установи | Хелмштетски универзитет Универзитет во Хале |
Образование | Гетингенски универзитет |
Докторски ментор | Абрахам Готхелф Кестнер |
Докторанди | Карл Фридрих Гаус Август Фердинанд Мебиус |
Познат по | пфафијани |
Јохан Фридрих Пфаф (герм. Johann Friedrich Pfaff; Штутгарт, 22 декември 1765 - Хале, 21 април 1825) — германски математичар. Во XIX век важел за еден од најзнаменитите математичари во Германија. Изучувал интегрално сметање и се истакнал со неговата работа на делумните диференцијални равенки од прв ред (денес наречени Пфафови системи) кои станале дел од теоријата на диференцијалните форми. Бил и постдипломски советник на прочуениот математичар Карл Фридрих Гаус.
Високото образование го стекнал кај Абрахам Готхелф Кестнер и станал претходник на германската математичка школа. Под водството на Гаус и неговите следбеници, оваа школа одиграла клучна улога во развитокот на математиката во XIX век. Бил пријател на Гаус, со кого се зближиле како цимери во Хелмштет (1798). Подоцна негов студент станал Август Фердинанд Мебиус.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Оконор, Џон Џ. и Едмунд Ф. Робертсон. „Јохан Фридрих Пфаф“ - Архив „Историја на математиката“ на MacTutor (англиски)
- Јохан Фридрих Пфаф — Проект „Математичко родословие“ (англиски)
|
- Родени во 1765 година
- Починати во 1825 година
- Математичари од 18 век
- Математичари од 19 век
- Германски математичари
- Луѓе од Штутгарт
- Членови на Француската академија на науките
- Членови на Пруската академија на науките
- Почесни членови на Петербуршката академија на науките
- Апсолвенти на Гетингенскиот универзитет
- Писатели на латински јазик
- Членови на Гетингенската академија на науките