Хелмштетски универзитет

Координати: 52°13′45″N 11°00′31″E / 52.22917° СГШ; 11.00861° ИГД / 52.22917; 11.00861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хелмштетскиот универзитет во XVII век
Историската главна зграда „Јулеум“ на универзитетот, изградена во 1592 година во везерска ренесанса

Хелмштетски универзитет (службено име: „Академија Јулија“; германски: Universität Helmstedt; латински: Academia Julia) — универзитет во градот Хелмштет во Војводството Брауншвајг-Волфенбител, кој постоел од 1576 до 1810 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Основан и именуван по војводата Јулиус на 15 октомври 1576 година, првиот војводски универзитет и прв протестантски универзитет во северниот дел на Светото Римско Царство брзо станал еден од најголемите универзитети на германски јазик.[1] Со цел да учи свештеници и други лица за работа во лутеранските цркви, на војводството му требало свој универзитет. Во 1575 година, Јулиус добил царска дозвола да отвори универзитет во Хелмштет. Една година подоцна започнале првите предавања.[2] Принцовите на Волфенбител го поставувале ректорот, започнувајќи од 12-годишниот син на Јулиус, Хајнрих Јулиус.

Универзитетот имал четири факултети за теологија, право, медицина и филозофија, вклучувајќи ги седумте слободни вештини. Големата предавална била изградена во 1592 година.

Кон крајот на XVIII век, Хелмштет ја изгубил популарноста во однос на поновите универзитети, како Гетингенскиот универзитет. Бил затворен во 1810 година на иницијатива на Јоханес фон Милер, директор на јавните установи на Кралството Вестфалија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Herzog August Bibliothek Wolfenbüttel (16 август 2013). „Startseite - Home - Herzog August Bibliothek Wolfenbüttel“. Hab.de. Архивирано од изворникот на 2007-08-04. Посетено на 7 октомври 2013.
  2. Juleum Novum - Renaissance University Buildings Архивирано на 24 март 2017 г. - virtualtourist.com.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

52°13′45″N 11°00′31″E / 52.22917° СГШ; 11.00861° ИГД / 52.22917; 11.00861