Хелмштет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хелмштет
Градското собрание на Хелмштет
Градското собрание на Хелмштет
Грб на Хелмштет
Хелмштет is located in Германија
Хелмштет
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хелмштет
Градски единици 8
Градоначалник Витих Шоберт (ДХС)
Основни податоци
Површина 66,54 км2
Надм. височина 123 м
Население 25.872 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 389 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HE
Пошт. бр. 38350
Повик. бр. 05351
Портал www.stadt-helmstedt.de
Местоположба на градот Хелмштет во рамките на округот Хелмштет
Карта
Координати 52°13′41″N 11°00′38″E / 52.22806° СГШ; 11.01056° ИГД / 52.22806; 11.01056Координати: 52°13′41″N 11°00′38″E / 52.22806° СГШ; 11.01056° ИГД / 52.22806; 11.01056

Хелмштет (германски: Helmstedt) — град во источниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, во Германија. Претставува административно седиште на истоимениот округ. Историскиот универзитет и ханзиното влијание чуваат значајно наследство на романескни и ренесансни градби, како и бројни фахверк куќи.

Во текот на поделбата на Германија, блискиот автопат 2 бил средиште на граничниот премин Хелмштет-Мариенборн, најважен на поранешната внатрешна германска граница како почетна точка на најкратката копнена рута помеѓу Западна Германија и Западен Берлин.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Окружниот град Хелмштет се наоѓа помеѓу северното подножје на планинскиот масив Харц и Северногерманската Низина.

Градското подрачје зафаќа површина од 46,97 км² и се протега во насока север-југ девет километри, а во насока запад-исток осум километри. Во потесното градско подрачје, најниска точка претставува 123 метри надморска височина, додека највисоката точка е 144 метри. Во целото градско подрачје, највисока точка претставува Беченберг со 171,6 метри.

Почнувајќи од североисток надесно, градот се граничи со следниве општини: Ебисфелде-Веферлинген, Бендорф, Ингерслебен, Зомерсдорф, Харбке (сите во округот Берде во Саксонија-Анхалт), Шенинген, Волсдорф, Зиплинген, Зиплингенбург и Мариентал (сите во округот Хелмштет).

Големи градови во близина се Брауншвајг (околу 36 километри западно), Волфсбург (околу 30 километри северозападно) и Магдебург (околу 45 километри источно). Долносаксонскиот главен град Хановер се наоѓа на околу 90 километри западно.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Стариот град на Хелмштет

Хелмштет се состои од осум градски единици:

  • Кернштат („јадрото на градот“)
  • Бад Хелмштет
  • Бармке
  • Биденштет
  • Емерштет
  • Офлебен
  • Хонслебен
  • Рајнсдорф

Кернштат го опфаќа подрачјето на стариот дел на градот, како и блиските девет населби, кои се развиле главно по Втората светска војна. Во оваа градска единица живеат околу 21.100 жители. Обете градски единици Бармке (околу 820 жители) и Емерштет (околу 2.270 жители) се наоѓаат 4,5 километри северозападно од градот и биле припоени кон градот во 1974 година со административната реформа. Бад Хелмштет (околу 150 жители) се наоѓа околу 3,5 километри источно од градот. Југоисточно од градот се наоѓаат Биденштет, Хонслебен, Офлебен и Рајнсдорф, кои биле припоени кон градот со спојување на општината Биденштет на 1 јули 2017 година кон градот.

Историја[уреди | уреди извор]

Населбата во време на Војводството Саксонија била прв пат спомената како Хелмонстеде (Helmonstede) во декрет од 952 година од германскиот крал Отон I. Порано бил пишуван поинаку Helmstädt, бидејќи градот се развил во близина на бенедиктанскиот манастир „Св. Лудгер“, кој бил основан околу 800 година од Лудгер како мисионерска станица. Градските права ги добил во 1247 година. Припаѓал на Опатијата Верден до 1490 година, кога бил купен од Војводството Брауншвајг-Линебург. Од 1576 до 1810 година во градот бил сместен Хелмштетскиот универзитет.

Од доцните 1940-ти до 1990 година, градот бил место на голем граничен премин помеѓу Западна Германија и Источна Германија. Главната железничка и патна рута помеѓу Западна Германија и Берлин низ Источна Германија започнувале на граничниот премин Хелмштет-Мариенборн, познат и како Чекпоинт Алфа.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа на железничката линија Брауншвајг-Магдебург.

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]