Прејди на содржината

Телекомуникациска мрежа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пример како јазлите може да бидат поврзани со линкови за да формираат телекомуникациска мрежа

Телекомуникациска мрежа — колекција на терминали, линкови и јазли кои се поврзани заедно за да се овозможи телекомуникација помеѓу корисниците на терминали. Мрежите може да користат кружно префлрлање или префрлање на пораки. Секој терминал во мрежата мора да има уникатна адреса за пораките или врските да може да бидат насочени до вистинските примачи. Колекцијата на адреси во мрежата се нарекува адресен простор.

Линковите служат за поврзување на јазлите и тие самите ја сочинуваат основната мрежа за пренос која физички ги носи пораките низ линковите.

Примери на телекомуникациски мрежи се:

  • компјутерски мрежи или computer networks
  • Интернет или Internet
  • телефонска мрежа или telephone network
  • глобалната мрежа Телекс или global Telex network
  • воздухопловна ACARS мрежа или aeronautical ACARS network

Пораки и протоколи

[уреди | уреди извор]

Пораките се создадени од терминал кој испраќа пораки, кои потоа минуваат низ мрежата од линкови и јазли сè додека не стигнат до терминалот кој треба да ги прими. Тоа е работа на преодните јазли кои се справуваат со пораките и ги насочуваат до линковите кои треба да ги однесат до конечното одредиште.

Пораките се состојат од контрола (или сигнализација) и носечки делови кои може да бидат испратени заедно или поединечно. Носечките делови се всушност содржината која корисникот сака да се пренесе (пр. некој шифриран говор, или е-пошта) додека делот за контрола им дава иннструкции на јазлите каде и веројатно како пораката да биде пренесена низ мрежата. Голем број на протоколи се развиени со текот на годините за да се одреди како секој друг вид на телекомуникациска мрежа би можела да ги контролира и носи пораките ефикасно.

Составни делови

[уреди | уреди извор]

Сите телекомуникациски мрежи се составени од пет основни составни делови кои се присутни во секоја мрежна околина, без оглед на нивниот тип или употреба. Овие основни компоненти вклучуваат терминали, телекомуникациски обработувачи, телекомуникациски канали, компјутери и телекомуникациски софтвер за контрола.

  • Терминали се почетна и крајна точка во секоја комуникациска средина. Секој влезен или излезен уред што се користи за пренос или прием на податоци може да се класифицира како терминал.[1]
  • Телекомуникациските обработувачи поддржуваат пренос на податоци и прием помеѓу терминали, а компјутерите овозможуваат разновидни функции за контрола и поддршка. (пр. претворање на дигитални податоци во аналогни и обратно) [1]
  • Телекомуникациски канали се начинот на кој податоците се пренесуваат и примаат. Телекомуникациските канали се создадени од различни медиуми меѓу кој најпопуларни се бакарна жица и коаксијален кабел. Оптички кабел се користи најмногу кога треба врските со компаниите и домовите да се побрзи и посилни.[1]
  • Во телекомуникациската средина компјутерите се поврзани преку медиумите за да ги извршуваат своите комуникациски должности.[1]
  • Телекомуникациски софтвер за контрола е присутен кај сите мрежни компјутери и е одговорен за контролирање мрежните активности и функционалности.[1]

Првите мрежи кои биле изградени, биле направени без компјутер, но подоцна во 20 век нивните центри за прекинување (или switching centers) биле компјутеризирани или мрежите беа заменети со компјутерски мрежи.

Мрежна структура

[уреди | уреди извор]

Во принцип, секоја телекомуникациска мрежа идејно се состои од три дела, или нивоа (затоа што може да ги гледаме како да се посебни мрежи, или во различни слоеви overlay networks):

  • Контролно ниво носи контролни информации (исто така позната и како сигнализација).
  • Податочно ниво или корисничко ниво го носи сообраќајот на корисникот на мрежата.
  • Ниво за менаџмент ги содржи операциите и административниот сообраќај кој е потребен за управување со мрежата.

Пример: TCP/IP податочна мрежа

[уреди | уреди извор]

Податочната мрежа има широка употреба низ целиот свет за да поврзе поеднинци и организации. Податочните мрежи може да се поврзат заедно за да им овозможат на корисниците непречен пристап до ресурсите кои не се наоѓаат на услужникот на кој ти е се приклучени. Интернет е најдобар пример за многу податочни мрежи од различни организации кои работат под еден адресен простор.

Терминали поврзани со TCP/IP мрежи се адресирани користејќи Интернет адреси. Има различни типови на интернет адреси, но најмногу се користат IP Version 4. Секоја уникатна адреса содржи 4 цели броеви од 0 до 255, обично се одвоени со точки, пр. 82.131.34.56.

TCP/IP се основни протоколи кои овозможуваат контрола и насочување на пораките низ мрежата на податоци. Постојат многу различни мрежни структури TCP/IP може да се користи ефикасно за насочување на пораки, на пример:

Постојат три одлики по кои се разликуваат MANs од LANs или WANs:

  1. Мрежата опфаќа големина што е помеѓу LANs и WANs. MAN може да зафака област од 5 до 50 километри во пречник.[2]
  2. MANs обично не припаѓаат на една организација. Опремата која ја спојува мрежата, линковите, како и самиот човек често се сопственост на некое здружение или услужник кој овозможува или изнајмува услуги на други.[2]
  3. MAN е начин за споделување на ресурси со голема брзина во рамките на мрежата. Тоа често овозможува врски до WAN мрежи за пристап до ресурси надвор од доменот на MAN.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 O'Brien, J. A. & Marakas, G. M. (2008). Management Information Systems. New York: McGraw-Hill Irwin.
  2. 2,0 2,1 2,2 http://www.erg.abdn.ac.uk/users/gorry/course/intro-pages/man.html