Оптички кабел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
TOSLINK оптички кабел.Овие оптички кабли најчесто се користат за дигитални аудио врски помеѓу уредите

Оптички кабел е кабел кои содржи едно или повеќе оптички влакна.Оптичките влакна се обвиени со пластична обвивка заради заштита и полесна употребливост во средините каде што треба кабелот да биде спроведен.

Дизајн[уреди]

Кабел со повеке оптички влакна

Во практика, оптичките влакна се заштитени од цврст слој на смола, кој подоцна е обвиен од уште еден заштитен слој, најчесто пластичен. Овие слоеви додаваат цврстина на влакната но не придонесуваат на пропорциите на неговата спроводливост. Во конечниот состав на оптичкиот кабел понекогаш ставаат и темно стакло кое апсорбира светлина помеѓу влакната, со цел да се спречи истечената светлина од едно влакно да навлезе во друго. Со ова се намалува мешањето на сигнал помеѓу влакната.[1]

Лево: LC/PC поврзувачи
Десно: SC/PC поврзувачи

За внатрешна употреба , заштитната обвивка генерално содржи мешавина од флексибилни, полимерни(polymer) и синтетички влакна како aramid обвиткани со лесна пластична обвивка со цел да се создаде едноставен кабел. Секој крај од кабелот мора да биде поврзан со специјален поврзувач на оптички влакна со цел да се дозволи полесно вклучување и исклучување од опремата за испраќање и примање информациja.

Optical breakout cable.jpg

За употреба во полоши средини, има потреба од многу по сложена конструкција на кабел. За вакви услови оптичкото влакно се поставува спирално во полу цврсти цевки што му овозможува на кабелот да се издолжува без да се издолжи оптичкото влакно. Ова го заштитува влакното за време на температурни промени. Просторот помеѓу оптичките влакна во овие цевки може да биде исполнет со гел или со постапка позната како “dry block” .Постапката “dry block” пружа помала заштита на влакната отколку исполнувањето со гел, но чини занително помалку. Наместо да се стави во полуцврста цевка , влакното може да биде заштитено од тешка политерна заштита, често познати како тесна зона(tight buffer) конструкција .Тесна зона(tight buffer) каблите ги има во многу верзии, но најчести се "Breakout" и "Distribution". Овие влакна најчесто се замотани од челични жици, заради цврстината, повторно во спиларна форма заради издолжување.[2]

Најголем проблем кај каблите кои се користат во надворешна средина е заштитата од вода. Ова се постигнува со употреба на бакарни цевки(бакар), и водоотпорен гел или прав кој впива вода околу влакното.

Конечно, кабелот мора да биде заштитен од надворешните услови, како при извршување на градежни работи и од глодари. Подводните кабли се повеќе заштитени во близина на копното, со цел да се заштитат од бродските сидра, опрема за рибарење, па дури и од ајкули, кои може да бидат привлечени од сигналите од електрична енергија кои течат низ кабелот.

Модерните оптички кабли можат да содржат и до илјада оптички влакна во еден кабел, па така оптичките мрежи лесно може да се справат со денешната побарувачка. Неупоребуваните влакна иако не остваруваат сообраќај сепак имаат вредност. Компаниите можат да ги изнајмат или продадат неупотребуваните влакна на други провајдери кои сакаат да пружат услуги во таа област. Многу компании ги “преразградуваат” своите мрежи со цел да имаат голема мрежа на оптички влакна за продажба. Ова е одлична идеа бидејќи во многу области е тешко да се добиат дозволи и права, или пак тоа премногу чини.

Модерните оптички кабли имаат многу видови на обвивки и заштита, со цел да можат да ја олеснат својата употреба на инсталација во тешки средини и со најразлични машини. Во последниве години цената на оптичките кабли е сериозно намалена благодарение на јапонските и јужнокорејските побарувања за ваков тип на инсталации до нивните домови.

Видови кабли[уреди]


Материјалот на заштитната обвивка[уреди]

Материјалот на заштитната обвивка е специфичен. Тој одлучува за механичката издржливост, стареењето благодарение на UV радијацијата и т.н.


Материјал Отпорност на UV зраци Забелешка
LSFH Polymer да Добро Добра за внатрешна употреба
Polyvinyl chloride (PVC) не Добро Заменет е со LSFH Polymer
Polyethylene (PE) да Слабo Добро за надворешна употреба
Polyurethane (PUR) да  ? Високо Флексибилни кабли
Polybutylene terephthalate (PBT) да Доволно? Добро за надворешна употреба
Polyamide (PA) да Добро Внатрешна и надворешна употреба


Кодирање според боја[уреди]

Стандардни кодирања според боја за заштита и побрзувачи се следниве:

Боја на заштита Значење
Жолта Мономодно оптичко влакно
Портокалова Мултимодно оптичко влакно
Светло сина 10 gig ласерски оптимално 50/125 микрометарско, мултимодно оптичко влакно
Сива Поранешен боја код за мултимодно оптичко влакно
Сина Понекогаш се користи за да се разликува оптичкото влакно кое содржи поларизација
Поврзувач Знаење Коментар
Сина Физички контак (PC), 0° Најчесто употребувано за мономодни оптички влакна
Зелена Под агол (APC), 8° Неупотребливо за мултимодни оптички влакна
Црна Физички контак (PC), 0°
Сива, Беж Физички контак (PC), 0° Поврзувач на мултимодни оптички влакна
Бела Физички контак (PC), 0°
Црвена Висока оптичка моќ

Забелешка: Можно е мал дел од поврзувачот да биде дополнително кодиран по боја или па рамката на некој адаптер.

Кабли со повеќе оптички влакна[уреди]

Индивидуалните оптички влакна во кабелот со повеќе оптички влакна се разликуваат едни од други според бојата на заштита на секое влакно. Шемата за индитификување користена од Corning Cable Systems е базирана на EIA/TIA-598, "Optical Fiber Cable Color Coding." EIA/TIA-598 ги дефинира шемите за идентификација на оптички влакна, влакнени единици и групи од оптички влакна. Овој стандард помага шемата да биде разбрана од страна на стручно лице.[3]

EIA598-A Табела на бои[3]
Позиција Боја на заштита
1 Сина
2 Портокалова
3 Зелена
4 Кафена
5 Темно сина
6 Бела
7 Црвена
8 Црна
9 Жолта
10 Виолетова
11 Розева
12 Светло сина
13 Сина со црна лента
14 Портокалова со црна лента
15 Зелена со црна лента
16 Кафеава со црна лента
17 Темно сина со црна лента
18 Бела со црна лента
19 Црвена со црна лента
20 Црна со жолта лента
21 Жолта со црна лента
22 Волетова со црна лента
23 Розева со црна лента
24 Светло сина со црна лента
Кодирање според боја[3]
Тип на влакно / Класи Дијаметар (µm) Боја на заштита
Мултимодно 1a 50/125 Портокалова
Мултимодно 1a 62.5/125 Темно сина
Мултимодно 1a 85/125 Сина
Мултимодно 1a 100/140 Зелена
Мономодно IVa Сите можни Жолта
Мономодно IVb Сите можни Црвена

Безбедност[уреди]

Бидејќи инфрацрвената светлина употребувана во комуникацијата не може да биде видена, можно е да има опасност за техничарите;во некои случаи нивоата на енергија се доволно високи за да ги оштетат очите, посебно кога се употребуваат леќи или микроскоп за да се истражат оптичките влакна.

Погледај[уреди]

Користена литература[уреди]

  1. „Light collection and propagation“. „National Instruments' Developer Zone“. http://zone.ni.com/devzone/cda/ph/p/id/129#toc2. конс. 19 март 2007. 
    Hecht, Jeff (2002). „Understanding Fiber Optics“ (4th ed. издание). Prentice Hall. ISBN 0-13-027828-9. 
  2. http://www.its.bldrdoc.gov/fs-1037/dir-031/_4623.htm
  3. 3,0 3,1 3,2 Leroy Davis (21 февруари 2007). „Fiber wire color coding“. http://www.interfacebus.com/Fiber_Insulation_Color_Code.html. конс. 1 декември 2007. 

Надворешни врски[уреди]