Марк Твен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марк Твен
Марк Твен, фотографија на A. Ф. Бредли
Њујорк, 1907
ПсевдонимМарк Твен
Занимањеписател, наставник
НационалностАмериканец
Жанрфантастика, историска фантастика, детска литература, научна литература, патописи, сатира, есеј, филозофска литература, книжевна критика
Значајни делаАвантурите на Хаклбери Фин, Авантурите на Том Соер
Сопруг/аОливија Ленгдон Клемeнс (1870-1904)
ДецаЛенгдон, Сузи Клемeнс, Клара Клемeнс, Џин Клемeнс
Потпис
Марк Твен (1909)

Семјуел Ленгхорн Клемeнс (англиски: Samuel Langhorne Clemens) (30 ноември 1835 — 21 април 1910), попознат под својот псевдоним Марк Твен (Mark Twain) — американски писател, најпознат по романите „Авантурите на Том Соер“ (1876) и неговото продолжение „Авантурите на Хаклбери Фин“ (1884), често нарекувани „голем американски роман“.

Детство и младост[уреди | уреди извор]

Твен на возраст од 15 години (1850)

Семјуел Ленгхорн Клеменс е роден Флорида, Мисури, на 30 ноември 1835 година,[1] од татко Џон Маршал Клеменс (11 август 1798 - 24 март 1847) и мајка Џејн Ламптон Клеменс (18 јуни 1803 - 27 октомври 1890). Твен бил шесто од седумте деца од кои само три го преживеале детството: браќата Орион (17 јули 1825 - 11 декември 1897) и Хенри (13 јули 1838 - 21 јуни 1858), кој починал во експлозија на речен брод, и Памела (19 септември 1827 - 31 август 1904). Неговата сестра Маргарет (31 мај 1830 - 17 август 1839) починала кога Марк Твен имал години, а неговиот брат Бенџамин (8 јуни 1832 - 12 мај 1842) починал три години подоцна. Другиот брат, Плезант (1828-1829), починал на возраст од шест месеци. Твен се родил две недели по појавата на Халеевата Комета. На 4 декември 1985 година, поштенската служба на САД издала брошура за „Марк Твен и Халеевата Комета“. Кога Твен имал четири години, неговото семејство се преселило во Ханибал, Мисури, град-пристаниште на реката Мисисипи,[1] каде што добил инспирација за измислениот град Св. Петерсбург во Авантурите на Том Соер и Авантурите на Хаклбери Фин. Мисури била држава на робови и на младиот Твен му се разјаснило како функционира ропството, тема која подоцна ја истражувал во своите дела.

Татко му на Твен бил адвокат и локален судија. Железницата Ханибал и Св. Џозеф била организирана во неговата канцеларија во 1846 година. Железницата ги поврзувала вториот и третиот по големина градови во државата и била најзападната железница во САД, сè до изградбата на меѓународната железница. Тој доставувал пошта до и од Пони Експрес. Во март 1847 година, кога Твен бил на возраст од 11 години, неговиот татко починал од пнеумонија и Марк морал да го прекине школувањето, а следната година станал помошник во една печатница во Ханибал.[1][2] Во 1851 година, тој започнал да печати и да придонесува пишувајќи статии и комични написи во Весникот на Ханибал, кој бил на неговиот брат Орион. Кога наполнил 18 години, тој го напуштил Ханибал и работел во печатница во Њујорк, Филаделфија, Сент Луис и Синсинати. Тој се придружил на заедницата, во вечерите се образувал во јавните библиотеки, наоѓајќи повеќе информации отколку во вообичаените училишта. На возраст од 22 години, Твен се вратил во Мисури.

На патување кон Њу Орлеанс по долината на Мисисипи, кормиларот на параход, Хорас Е. Биксби, го инспирирал Твен и самиот да управува со брод. Како што набљудувал Твен во Живот на Мисисипи, пилотот го надминува капетанот на параходот во престиж и авторитет. Тоа била наградувана професија, со плата од 250 долари месечно, во ова време околу 73.189 долари годишно. Пилот на параход требало да го знае целиот тек на реката, за да може да застане на стотина пристаништа. Твен, повеќе од две години, учел за 2.000 милји (3.200 км) на Мисисипи пред да ја добие дозволата за пилот на параход во 1859 година.

Додека бил на обука, Семјуел го убедил својот помал брат Хенри и тој да работи со него. Хенри починал на 21 јуни 1858 година, кога параходот на којшто работел ''Пенсилванија'', експлодирал. Твен ја предвидел неговата смрт во сон, еден месец пред да се случи, што било причина за неговиот интерес за парапсихологија. Тој бил млад член на друштвото за психичко истражување. Твен се чувствувал виновен и се обвинувал самиот себеси до крајот на животот. Продолжил да работи на реката како пилот до почетокот на американската граѓанска војна, 1861 година, кога сообраќајот низ Мисисипи бил ограничен. Кога избувнала Граѓанската војна во САД, Твен бил доброволец во коњичкиот одред на армијата на Конфедерацијата, во времетраење од две недели,[1] а таа епизода ја опишал во кусиот информативен напис „Приватна историја на кампањата што не успеа“.

Животот на Твен во 1860-тите[уреди | уреди извор]

Марк Твен му се придружил на Орион, кој во 1861 година станал секретар на Џејмс В.Нуи, гувернер на Невада и тргнал на запад. Тој и неговиот брат патувале повеќе од две недели на поштенска кочија низ големите рамнини и карпестите планини, посетувајќи ги заедниците на мормоните во Салт Лејк Сити. Ова искуството му послужило како инспирација за „Одрекување“, а обезбедил и материјал за „Славната скокачка жаба од покраината Калаверас“. Патувањето на Марк Твен завршило во градот со рудници за сребро, Вирџинија Сити, Невада, каде што станал рудар.[2] Не успеал во оваа работа и во 1862 година се вработил во весникот „Territorial Enterprise“, а следната година почнал да го употребува псевдонимот Марк Твен, кој претставува израз што го користеле кормиларите на бродови на реката Мисисипи со цел да соопштат дека водата е доволно длабока за да помине бродот.[1] Во 1864 година се преселил во Сан Франциско, Калифорнија, каде работел како новинар. Се запознал со писатели, како што се: Брет Харте, Артемус Вард и Дан Деквиле. Младата писателка Ина Кулбрит можеби имала романса со него.

Неговиот прв успех како писател дошол кога неговата хумористична,чудна приказна, „Славната скокачка жаба од покраината Калаверас“ била објавена во неделниот весник од Њујорк. The Saturday Press, на 18 ноември 1865 година. Таа му донела национално внимание. Една година подоцна, тој патувал на островот Сендвич (денешно Хаваи), како репортер за „Sacramento Union“. Неговите патописи биле многу познати и станале основа за неговото прво предавање. Во 1867 година, локален весник му овозможил пат до Средоземјето. За време на своето патување нив Европа и Блискиот Исток, тој напишал позната колекција на патувачки писма, кои подоцна, во 1869 година, беа собрани под името Невините во странство. На ова патување тој го запозна својот иден зет. По враќањето во САД, во 1868 година, на Твен му било понудено хонорарно членство во тајното друштво Скрол и Ки на универзитетот Јел. Неговата посветеност на „стипендијата, моралот, литературното само надоградување и добротворност“ го стави во многу добра положба.

Брак и деца[уреди | уреди извор]

Чарлс Лангдон му покажал на Твен слика од неговата сестра Оливија, а Твен тврдел дека се вљубил во неа на прв поглед. Тие биле во врска во 1868 година, но Оливија ја одбила неговата прва понуда за брак. Два месеци подоцна, тие се свршиле, а се венчале една година подоцна, февруари 1870 година, во Елмира, Њујорк, каде што тој и се додворувал. Таа потекнувала од „богата и либерална фамилија“ и благодарение на неа тој ги запознал противниците на ропството, „социјалистите, атеистите и активистите за правата на жените и социјална еднаквост“, вклучувајќи го и Хариет Бечер Стов (неговиот сосед од Хартфорд, Конектикут), Фредерик Даглас и писателот и утопијски социјалист Дин Ховелс, со кој станал многу добар пријател.

Парот живеел во Бафало, Њујорк од 1869 до 1871 година. Твен поседувал дел од весникот ''Buffalo Express'' и работел како уредник и писател. Додека живееле во Бафало, нивниот син Лангдон починал од дифтерија на 19 месеци.

Оливиа родила три ќерки: Суси (1872-1896 година), Клара (1874-1962 година) и Џин (1880-1909 година). Нивниот брак траел 34 година, сè до смртта на Оливиа во 1904 година. Сите од фамилија Клеменс се закопани на гробиштата Вудлан во Елмира.

Твен со своето семејство се преселиле во Хартфорд, Конектикут, каде што во 1873 година започнал да гради дом ( локалните граѓани го сочувале од рушење во 1927 година и го претвориле во музеј посветен нему). во 70-тите и 80-тите години на 19 век, Твен и неговото семејство летувале во фармата Куари, домот на сестрата на Оливија, Сузан Крејн. Во 1874 година, Сузан студирала далеку од куќата, за нејзиниот зет да има мирно место на кое ќе може да пишува. Ито така, Твен често пушел луле, Сузан Крејн не сакала тој да го прави тоа во нејзината куќа. За време на 17-те години поминати во Хартфорд (1874-1891 година) и повеќе од 20 летувања во фармата Куари, Твен напишал многу од своите класични романи, меѓу нив и Авантурите на Том Соер (1876 година), Принцот и сиромавиот (1881 година), Живот на Мисисипи (1883 година), Авантурите на Хаклбери Фин (1885 година) и Јанки од Конектикум во судот на крал Артур (1889 година).

Твен направил втора тура низ Европа, опишувајќи ја во книгата Патување низ Европа, од 1880 година. Неговата тура вклучува и престој во Хајделберг од 6 мај до23 јуни 1878 година, како и посета на Лондон.

Љубов кон науката и техниката[уреди | уреди извор]

Твен бил воодушевен од науката и научното испитување. Тој развил блиско и долготрајно пријателство со Никола Тесла и двајцата поминувале многу време во лабораторијата на Тесла.

Твен патентирал три изуми, вклучувајќи „подобрување во прилагодливите ремени кои се одвојуваат за облека“ (да ги заменат прерамките) и безвредна историска игра. Најголем рекламен успех бил самолеплив лексикон, суво лепило меѓу страните кој само треба да се навлажни пред да се употреби.

Во својата книга Јенки од Конектикут во судот на крал Артур претставува патник низ времето од современата Америка, кој го користи своето научно знаење за да ја претстави модерната технологија во Англија од времето на Артур. Овој тип на приказна подоцна ќе стане една заедника одлика на поджанрот на научната фантастика, изменета историја.

Во 1909 година, Томас Едисон го посетил Твен во неговиот дом во Рединг, Конектикат и го снимал. Дел од снимките се искористени во Принцот и сиромавиот (1909 година), краток филм од две ролни.

Финансиски проблеми[уреди | уреди извор]

Твен направил значителна сума на пари преку неговото пишување, но изгубил голем дел од нив преку инвестирања, најмногу во нови изуми и технологии, особено машината за куцање. Тоа било прекрасно инженерско механичко чудо, што ги воодушевувало гледачите кога работело, но со склоност кон пропаст. Твен потрошил 300.000 долари (еднакво на денешни 7.590.000 долари) во период од 1880 и 1894 година, но пред да биде совршен, застарел од страна на печатарската машина. Тој не го изгубил само главниот дел од профитот на наговите книги, туку и значителен дел од наследството на неговата сопруга.

Твен изгубил пари и преку неговата издавачка куќа, која уживала почетен успех продавајќи ги мемоарите на Улисес С. Грант, но наскоро банкротирала, губејќи пари на биографијата на Папата Лав XIII. Биле продадени помалку од 200 копии.

Делата и предавањата на Твен, во комбинација со помошта на нов пријател, му овозможиле да закрепне финансиски. Во 1893 година, тој започнал петнаесет годишно пријателство со Хенри Хутлестон Роџерс, директор на Стандард оил. Роџерс прв му помогнак на Твен во банкротот. Потоа го натерал сите свои авторски права да ги препише на својата сопруга, Оливија, за да спречи кредиторите да добијат сопственост над нив. Конечно, Роџерс презема целосна одговорност врз парите на Твен, сè додека не се исплатени сите кредитори.

Твен започнал со предавања низ целиот свет во 1894 година за во потполност да ги отплати своити кредитори, иако за тоа веќе немал законска обврска. Во средината на 1900 година тој бил гостин на сопственикот, Хаг Гилцен-Рајд, на весникот Dollis Hill House. Твен таму напишал дека тој „никогаш порано немал видено место што е толку задоволително рангирано, со своите благородни стебла, пространство низ земјата и се што животот го прави прекрасен и се тоа во рамките на светската метропола.“ Потоа во 1900 година, се вратл во Америка, со доволна заработка за да ги исплати своите долгови.

Ораторски ангажмани[уреди | уреди извор]

Твен беил баран како оратор и се појавил во многу клубови за мажи, вклучувајќи ги клубот на Артур, клубот Бифтек, Багабонти, бели фратери и клубот понеделник навечер од Хартфорд. Тој станал почесен член на клубот Бохемиан во Сан Франциско. Во доцните 90-ти години на 19 век, тој говорел за клубот Севиџ (дивјак) во Лондон и бил избран за почесен член. Кога му кажале дека само тројца до тогаш биле почесни членови, вклучувајќи го и принцот од Велс, тој одговорил: „Тоа морало да му годи на принцот.“ Во 1897 година, Твен говорел во клубот Конкордиа прес во Виена како специјален гостин, следен од дипломатот Чарлемагне Товер. Во Германија, на големата забава на членовите, Твен изјавил: "Die Schrecken der deutschen Sprache" („Ужасите од германскиот јазик“).

Доцен живот и смрт[уреди | уреди извор]

Твен минувал низ период на тешка депресија, која започнала во 1896 година кога неговата ќерка Суси починала од менингитис. Смртта на Оливија во 1904 година и на Џин на 24 декември 1909 година, само ја зголемиле неговата мрачнина. Во мај 1909 година ненадејно починал неговиот близок пријател Хенри Роџерс. Во 1906 година, Твен започнал да ја пишува својата автобиографија во „North American Review“. Во април, Твен дознал дека неговата пријателка Ина Колбрит го изгубила речиси целиот имот во земјотресот во Сан Франциско во 1906 година и тој доброволно продал неколку свои потпишани фотографии за да ѝ помогне. За дополнителна помош, Џорџ Варлтон Џејмс го посетил Твен во Њујорк и му договорил нова фотосесија. Твен признал дека крајните четири фотографии биле најдобрите што тој некогаш ги имал. Во 1906 година, Твен основал клуб за девојки кој тој ги гледал како замена за внуките, „Ангелски риби и аквариум клуб“. Многу од членовите биле помеѓу 10 и 16 години. Твен разменувал писма со девојчињата од неговите „Ангелски риби“ и ги канел на концерти, театар и играње игри. Во 1908 година Твен напиша дека клубот е неговата „најголема радост во животот“.

Во 1907 година, унивезитетот Оксфорд го наградил Твен со почесен докторат.[1] Во 1909 година, Твен рекол:

Дојдов во 1835 година со Халеевата Комета. Таа повторно доаѓа следната година и очекувам да си заминам со неа. Ќе ми биде најголемото разочарување во животот ако не си отидам со Халеевата Комета. Без сомнение, Семоќниот рече: „Еве ги овие две чуда. тие дојдоа заедно, тие мораат да си одат заедно.“

Неговото предвидување се остварило - Марк Твен починал од срцев удар, на 21 април 1910 година, во Рединг, Конектикат, еден ден по најблиското достигнување на кометата до земјата. По веста за неговата смрт, претседателот Вилијам Ховард Тафт рекол:

„Марк Твен пружи задоволство - вистинско интелектуално уживање-на милиони и неговите дела ќе продолжат да го пружат тоа исто задоволство на уште милиони кои допрва ќе дојдат... Неговиот хумор беше американски, но тој беше ценет исто толку и од Англичаните и луѓето од другите земји. Тој направи долготраен дел од американската литература. ““

Погребот на Твен се одржал во презвитеската црква „Стара тула“ (Old Brick) во Њујорк. Тој е закопан на земјиштето на неговата сопруга на гробиштата Вудлавн во Елмира, Њујорк. Неговиот гроб е обележан со споменик, кој е наместен од неговата преживеана ќерка, Клара. Исто така, има и мала надгробна плоча. Смртта го спречила Твен да ја доврши автобиографијата, која била објавена подоцна, во 1924 година, од неговата секретарка Алберт Биглоу Пејн.[1]

Книжевни дела[уреди | уреди извор]

Преглед[уреди | уреди извор]

Твен ја започнал својата кариера со лесни, комични стихови, но се развил во хроничар на суетите, лицемерието и убиствените дела на човештвото. На средината на својата кариера, со Хаклбери Фин, тој комбинирал богат хумор, цврста нарација и општествена критика. Твен бил мајстор за изведба на разговорен говор и помогнал во создавањето и промоцијата на посебна американска литература, изградена на американска тема и јазик. Многу дела на Твен биле забранувани во одредени периоди од повеќе причини. „Авантурите на Хаклбери Фин“ била забранувана во американските средни училишта, поради честата употреба на зборот „Црнец“, кој често се употребувал во периодот пред Граѓанската војна во САД, кога бил напишан романот. Целосната библиографија на неговите дела не е можна, поради огромниот број дела напишани од Твен (често, во непознати весници) и поради неговите различни псевдоними. Дополнително, голем дел од неговите говори и предавање се изгубени или не биле запишани.

Најзначајни дела на Твен се:[3]

Рано новинарство и илустрирани патописи[уреди | уреди извор]

Додека пишувал за весник од Вирџинија Сити, Territorial Enterprise во 1863 година, Клементс го запознал адвокатот Том Фитч, уредник во конкурентниот весник Virginia Daily Union, познат како „ораторот од Тихиот Океан со сребрен јазик“. Тој му помогнал на Фитч, давајќи му го неговиот „прв, вистински профитабилен час“ за пишување. Во 1866 година, Клеменс одржал предавања за островот Сендвич пред толпа во Вашу Сити, Невада. Клеменс го прокоментирал тоа, „Кога првпат почнав да предавам, како и во моите рани дела,моја единствена идеја да направам комедија од се што гледав и слушав.“ Фитч му рекол, „Клеменс, твоето предавање беше величествено. Беше речит, трогателен и искрен. Никогаш претходно во мојот живот немам слушнато такво величествено дело на описно раскажување. Но направи грев што не може да се прости. Тоа е грев што никогаш не смееш да го повториш. Го затвори најречитиот опис, со кој ја стимулираше својата публика до висина на најјак интерес, со парче одвратен антиклимакс кој ги уништи сите вистинско вредни ефекти што самиот ги произведе.“

Првото значајно дело на Твен, „Славната скокачка жаба од покраината Калаверас“, кое за првпат било објавено во New York Saturday Press на 18 ноември 1865 година. Единствена причина што делото било објавено таму е што неговата приказна пристигнала многу касно за да биде вклучена во книгата артемус вард.

По оваа експлозија од популарност, the Sacramento Union го овласти Твен да пишува писма за неговите патувачки искуства.Првото патување што го направи за оваа работа беше возењето со паробродот Ајакс во неговата прва пловидба до Хаваи, во тој период станува збор за островот Сендвич. Овие комични писма го докажаа постанокот на неговите дела во весникот Alta California од Сан Франциско, кој го назначи за патувачки известувач за патувањето од Сан Франциско до Њујорк преку Панамскиот премин. Малку подоцна, Твен пишувал писма наменети за издавање, запишувајќи ги своите искуства со својот пародичен хумор. На 8 јуни 1867 година, Твен, за пет месеци, испловил на задоволувачки крстосувач Квакер Сити. Ова патување резултирало со невините во странство или напредокот на новите пилгрими.

Оваа книга е рекорд на патување што пружа задоволство. Ако беше рекорд на значајно научно патување, би било за гравитацијата и импресивната неразбирливост, што е соодветно во делата од овој вид и покрај тоа би била привлечна. Сепак, тоа е рекорд само на пикник, има цел, која е да му сугерира да читателот како би било да ја види Европа и Истокот, кога би ги видел со свои очи, а не со очите на оние кои патувале во тие земји пред него. Правам мал изговор за да им покажам на сите како би требало да гледаат на објектите од интерес под морето-други книги го прават тоа и поради тоа, дури и ако сум способен да го направам тоа, нема потреба.

Во 1872 година, Твен го издаде второто дело од патувачката литература, ''Во траење'', како полупродолжение на невини. Во трање е полуавтобиографско дело од патувањето на Твен во Невада и неговиот подоцножен живот во американскиот запад. Книгата е сатиричен напис за американското и западното општество, на ист начин на кој невини критикува неколку земји од Европа и Блискиот Исток. Следното дело на Твен го задржа фокусот на Во трање на американското ошстество, но повеќе се задржува на денските настани. Насловена како позлатените години:денешна приказна не беше патувачко дело, како неговите две претходни книги и беше неговиот прв обид за пишување на роман. Книгата е исто така значајна бидејќи е единствената соработка на Твен, напишана е заедно со неговиот сосед Чарлс Дудли Варнер.

Следните две дела на Твен се изработени врз основа на неговите искуства на реката Мисисипи. Стари времиња на Мисисипи, серија од куси информативни написи објавени од Atlantic Monthly во 1875 година, прикажувајќи го разочарувањето на Твен од романтизмот. Стари времиња ,на крајот, станаа почетна точка за живот на Мисисипи.

Том Соер и Хаклбери Фин[уреди | уреди извор]

Следното големо издавање на Твен беше Авантурите на Том Соер, во кое е претставена неговата младост во Ханибал. Том Соер е модел на Твен како дете, следено од двајца соученици, Џон Бригс и Вил Бовен. Книгата, исто така, го претставува и споредниот лик Хаклбери Фин, кој е изграден врз основа на пријател на Твен од младоста, Том Бланкеншип.

Принцот и сиромавиот, покрај фабулата што е сеприсутна во денешниот филм и литература, не беше многу добро прифатена. Раскажувајќи приказна за две момчиња кои се родени во ист ден, кои физички се идентични, книгата дејствува како социјална забелешка кога принцот и сиромавиот си ги заменуваат местата. Сиромавиот е прв обид на Твен за фикција и вината за неговите недостатоци обично паѓа врз Твен, затоа што го немал доволно искусено англиското општество, а, исто така, и од фактот дека е создаден по масивен хит. За време на пишувањето на Сиромавиот, Твен ја започнал Авантируте на Хаклбери Фин (со која постојано имал проблеми за завршување) и започнал и завршил друга книга за патување, Патување низ Европа, која го следи патувањето на Твен низ централна и јужна Европа.

Следното големо издадено дело на Твен, Авантурите на Хаклбери Фин, го зацврсти него како истакнат американски писател. Некои го нарекуваа прв голем американски роман и книгата стана задолжителна во многу средни училишта низ САД. Хаклбери Фин беше ластар од Том Соер и имаше многу посериозен тон од неговиот претходник. Основната претпоставка зад Хаклбери Фин е вербата на младото момче во вистинската работа што треба да ја направи, иако некогаш верува дека не е во ред. Четиристотини страни во ракопис од Хаклбери Фин беа напишани во средината на1876 година, веднаш по издавањето на Том Соер. Некои прикази му одземале седум години на Твен, по неговата прва експлозија од креативност, за конечно да ја заврши книгата во 1883 година. Други прикази што Твен ги работел на Хаклбери Фин биле заедно со Принцот и сиромавиот, други дела во 1880 година и други години. Последната петтина од Хаклбери Фин е тема на многу контроверзии. Некои велат дека Твен искусил, како што критичарот Лав Маркс наведува, „нервен слом“. Ернест Хемингвеј еднаш рече за Хаклбери Фин:

Доколку ја читате, морате да застанете каде што момчињата го крадат црнецот Џим. Тука е вистинскиот крај. Останатото е само измама.

Хемингвеј, во истиот есеј, исто така, напиша:

Цела модерна американска литература доаѓа од една книга на Марк Твен наречена Авантурите на Хаклбери Фин.

Близу пред завршувањето на Хаклбери Фин, Твен ја напиша Живот на Мисисипи, за која се вели дека има големо влијание од претходната книга. Книгата прераскажува сеќавања на Твен и нови искуства по дваесет и две годишното отсуство од Мисисипи. Во неа, тој исто така наведува дека „Марк Твен“ беше повикот направен кога бродот беше на мирна вода - два фата.

Цензура[уреди | уреди извор]

Делата на Твен биле подложени на цензура. Според Стјуарт (2013) "Тие што ги воделе овие кампањи, генерално, беа верски организации или поединци во позиции на влијание - не толку многу библиотекарите, кои биле инстилирани со тој американски "библиотекарски дух", кој почитувал интелектуална слобода. Во 1905, Бруклин Јавната библиотека ги забрани и Авантурите на Хаклбери Фин и Авантурите на Том Соер од детскиот оддел, поради нивниот јазик.[4]

Пријателството со Хенри Х. Роџерс[уреди | уреди извор]

Додека Твен го почитувал Хенри Х.Роџерс, директор на Стандард оил, кој му помогнал да излезе од финансиската криза и со тоа нивното пријателство во подоцнежните години било од замна корист. Кога Твен ги изгубил три од своите четири деца и саканата жена, фамилијата на Роџерс станала замена за наговата фамилија. Тој станал чест гостин во нивниот дом во Њујорк, нивната летна куќа со 48 соби во Ферхевен, Масачусетс и во нивната јахта, ''Канава''.

Двајцата мажи се претставиле на своите познаници. Твен бил обожавател на прекрасна, глувонема девојка, Хелен Келер. Тој првпат ја запознал Келер и нејзината учителка Ан Суливан на забава во домот на Лауренс Хутон во Њујорк во зимата 1894 година. Твен му ги претставил девојките на Роџерс, кој, заедно со својата жена, платиле за образованието на Келер на колеџот Ретклиф. Твен исто така го запознал Роџерс со новинарот Ида М. Тарбел, кој му правел интервју за изложеноста на нечистотија кој индиректно водеше до прекин на довербата Стандард Оил. На крстарење со Канава, Твен и Роџерс на зафатени интервали беа придружувани од Букер Т. Вашингтон, познат поранешен роб, кој станал водечки учител.

Додека старите познати пријатели биле претставувани како другари за пиење и покер, тие исто така разменувале и писма додека биле разделени и тоа се случувало многу често бидејќи и двајцата многу патувале. За разлика од личните податотеки на Роџерс, кои никогаш не станале јавни, овие незначајни писма биле објавени. Пишаните размени меѓу двајцата мажи ја покажува добрата смисла за хумор на Твен и, што повеќе изненадува, смислата за забава на Роџерс, обезбедувајќи чудна интуиција за приватната страна на крадецот-индустрискиот магнет.

Во април 1907 година, Твен и Роџерс биле на крстарење, на отворањето на изложбата Џејмстаун во Вирџинија. Јавната популарност на Твен била толку голема што многу обожаватели земале бродови до котвата на Канава со надеж дека ќе добијат поглед од него. Откако собирот на бродови околу јахтата стана опасност, тој конечно беше принуден да излезе на палубата и да ги поздрави собраните.

Поради лошите временски услови, јахтата доцнеше неколку дена од авантурата на Атлантскиот Океан. Роџерс и некои други од неговата забава се вратиле во Њујорк со воз. Твен не го сакал возењето со воз и одлучил да го чека враќањето на Канава. Сепак, известувачите ја изгубиле трагата за тоа каде од прилика се наоѓа. Кога тој не успеал да се врати во Њујорк како што било предвидено, Њујорк тајмс шпекулираше дека ток можеби е „изгубен во морето.“ По безбедното пристигнување во Њујорк и слушнал за тоа, комичарот напишал сатирична статија за слученото, нудејќи да „...направи детална истрага на известувањето дека сум изгубен во морето. Ако има некаква основа за овој извештај, јас уште еднаш ќе ја известам љубопитната публика.“ Ова копа по сличностите од минат настан од 1897 година кога тој ја направи својата позната забелешка „Известувањето за мојата смрт беше претерано,“, откако новинарот бил испратен на истражување за тоа дали тој навистина починал. Всушност, неговиот братучед бил тој што бил сериозно болен.

Подоцна таа година, синот на Твен и Роџерс, Хенри џуниор, се вратил на изложбата Џејмстаун, на Канава. Комичарот помогнал во одржувањето на денот на Роберт Фултон на 23 септември 1907 година, прославувајќи ја стогодишнината на изумот (параход) на Фултон. Твен се пријавил на местото на болешливиот претседател на САД, Гровер Клевеланд. Твен бил соочен до пет минутно јавно одобрение, членови на публиката кои го поздравувале со капите и чадорите. Длабоко трогнат, Твен изјавил, „Кога се повикувате на мојата глава, не чувствувам, но кога се повикувате на моето срце, тогаш чувствувам.“

Во април 1909 година, двајцата стари пријатели се вратиле во Норфолк, Вирџинија на банкет во чест на Роџерс и неговата ново завршена вирџиниска железница. Твен беше основен глас во едно од неговиот последни јавни појавувања и многу беше цитиран во весниците низ целата земја.

Еден месец подоцна, Твен патувал од Конектикут во посета на негов пријател во Њујорк, кога Роџерс ненадејно починал на 20 мај 1909 година. Твен пристигнал на станицата Гранд Централ и таму неговата ќерка го пречекала со вестите. Обвиен во тага, тој невообичаено ги одбегнал новинарите кои биле собрани и само изјавил „Ова е ужасно....Не можам да зборувам за тоа.“ Два дена подоцна тој служел на почесната стража на мртовец на гробиштата во Њујорк. Сепак, тој одлучил да се придружи на забавата во возот кој одел на погребот во Ферхевен. Тој рекол „Не можам да поднесам да патувам со моите пријатели а да не разговарам.“

Погледи[уреди | уреди извор]

Погледите на Твен станале порадикални како што растел. Тој знаел дека неговите погледи ќе се менуваат и развиваат во текот на животот, однесувајќи се на едно од неговите омилени дела:

Кога ја завршив француската револуција на Карлил во 1871 година, јас бев гирондин. Оттогаш кога и да го прочитам, го читам различно- под влијание сум и се менувам, малку по малку, од животот и околината... а сега ја оставам книгата уште еднаш и признавам дека сум санскулот!- Не блед санскулот без карактер, туку марат.

Анти-империјалист[уреди | уреди извор]

Во New York Herald, 15 октомври 1900 година, тој го опишува своето преобразување и политичко будење, во контекст на филипинско- американската војна, бидејќи е „вжарен империјалист“:

Сакав американскиот орел да оди да вика на Тихиот Океан...Зошто да не ги рашири своите крилја нас Филипините, се прашувам?...Си велам, Еве ги луѓето кои страдаат од три земји. Можеме да ги направиме исто толку слободни како што сме ние, да им дадеме сопствена влада и земја, да ставиме мал ден од американскиот устав да плови кон Тихиот Океан, да основаме потполно нова држава што ќе го заземе своето место меѓу слободните земји во светот. Ми изгледа како одлична задача што ние самите си ја зададовме. Но јас оттогаш уште размислував и внимателно го читав договорот од Париз (кој ја заврши шпанско-американската војна) и видов дека не сме насочени кон слобода, туку кон подјармување на филипинците. Ние појдовме таму за да победиме, не за ослободување. Ми изгледа дека треба да ни биде задоволство и обврска да ги ослободиме тие луѓе и да ги оставаме да ги решаваат своите домашни проблеми на нивни начин. Така јас сум анти-империјалист. Се противам на тоа орелот да ги става своите канџи на некоја друга земја.

Пред 1899 година Твен беше силен империјалист. Во доцните 60-ти и раните 70-ти години на 19 век тој гласно говореше за американските интереси за Хавајските острови. Тој подоцна објаснил дека во средината на 1890 година тој бил „вжарен империјалист.Сакав американскиот орел да вика над Тихиот Океан.“ Тој изјавил дека војната со Шпанија во 1898 година била „најзначајна“ војна на сите времиња. Во 1899 година тој го смени правецот и од 1901 година, набрзо по неговото враќање од Европа, сè до неговата смрт во 1910 година, Твен беше заменик претседател на американската анти-империјалистичка лига, која се спротивставува на анексирањето на Филипините од САД и имаше „десетици илјади членови.“ Тој напишал многу политички летоци за организацијата. Инцидентот на Филипините, посмртно објавена во 1924 година, беше како одговор на масакрот Моро Кратер, во кој биле убиени 600 мороси. Многу од неговите запуштени и претходно несобирани дела за анти-империјализмот за првпат се појавија во книга во 1992 година.

Твен го критикувал империјализмот и на другите земји. Во следејќи го Екваторот, Твен се изразил „омраза и прекор за империјализам во секоја форма.“ Многу го критикуваше европскиот империјализам, јасно од Сесил Родес, кој многу го прошири британскиот империјализам и Леополд II, крал на Белгија. Монологот на крал Леополд е политичка сатира за неговата приватна колонија, слободната земја Конго. Извештаи за насилна експлоатација и застршувачки злоупотребување водеа до широко распространет, меѓународен протест во 1900 година, достигнувајќи ја првата голема скала во движењето за човекови права. Во монодрамата, кралот дискутира за воведување на христијанството во земјата, надминувајќи мало изгладнување.

За време на филипинско-анериканската војна, Твен напишал кратка миротворна приказна насловена воена молитва, која дава смисла на хуманизмот и проповедите на христијанството за љубов се инкомпатибилни со однесувањето во војна. Беше поднесено на Harper`s Bazaar за издавање, но на 22 март 1905 година магазинот ја одби приказната како „недоволно добра за женски магазин.“ Осум дена подоцна, Твен му пишал на својот другар Даниел Картер Беард, на кој му ја имаше прочитано приказната, „Не верувам дека молитвата ќе биде објавена во мое време. Николку освен на смртта не му е дозволено да ја каже вистината.“ Поради тоа што тој имаше ексклузивен договор со Harper & Brothers, Твен не можел да ја објави Воената молитва на ниту едно друго место. Остана необјавено до 1923 година. Повторно беше издадена како материјал за кампања од протестантите во војната во Виетнам.

Граѓански права[уреди | уреди извор]

Твен бил цврст поддржувач на укинувањето и еманципацијата, одејќи до степен да изјави „објавата на Линколн... не само што ги ослободи црните робови, но исто така ги ослободи и белците.“ Тој изјавувал дека со исклучок на белците, другите народи не добиваат правда во САД, еднаш велејќи: „ Видов кинез злоуботребуван и малтретиран во секоја смисла, на најкукавичките можни начини што се измислени од деградираната природа...но никогаш не сум видел кинез кој добива во судот на правдата за неправдата што му била нанесена.“ Тој плаќал за најмалку еден црнец да се школува на правниот факултет на унивезитетот Јел и друг црнец да се школува на јужниот универзитет за да стане министер.

Твен бил верен поддржувач и на правата на жените и активен во кампањата за правото на глас на жените. Неговиот говор Гласови за жени, во кој тој инсистира за одобрување на правата за гласање на жените, се смета за еден од најпознатите говори од историјата.[5]

Хелен Келер имала корист од поддршката на Твен, со тоа што го продолжила своето школување на колеџ и покрај нејзините недостатоци и финансиски проблеми.

Погледите на Твен за потеклото не се изразуваат во неговите рани написи за родените американци, За нив, во 1870 година, Твен напишал:

Неговото срце е септичка јама на предавство, подмолност и на ниски и ѓаволски инстинкти. Со него, благодарноста е непознато чувство и кога некој ќе му направи добро дело најдобро е да му биде свртен со лицето напред, од страв наградата да не биде стрела во грбот. Да се прифати услуга од него значи да се преземе долг кој никогаш нема да го исплати, иако ќе банкротираш обидувајќи се. Општествен отпадок!

Како котрапункт, есејот на Твен за „Литературните навреди на Фенимор Купер“ нуди многу пофин поглед кон индијанците. „Не, други индијанци би ги забележале овие работи, но индијанците на Купер никогаш ништо не приметија. Купер смета дека тие се величествени суштества за соопштенија, но тој секогаш грешел во врска со своите индијанци. Ретко имаше некој нормален меѓу нив.“ Во овој подоцнежен патопис, Следејќи го Екваторот (1897 година), Твен набљудувал дека на колонизираните острови низ целиот свет „дивјаците“ секогаш грешеле во врска со „белите“ на сите безмилосни начини, како што се „крадење, понижување и бавно, бавно убивање, преку сиромаштија и вискито на белиот човек“. Неговиот заклучок е дека „има многу хумористични работи на овој свет, меѓу нив и замислата на белиот човек дека е помал дивјак од другите дивјаци.“

Работа[уреди | уреди извор]

Твен вжарено пишуваше за заедниците од индустријата за речни бродови во Живот на Мисисипи, кои подоцна, по децении, беа читани во салите на заедниците. Тој го поддржувал работничкото движење, особено во една од побитните заедници, витезите од работа. Во говор за нив, тој рече:

Кои се угнетувачите? Неколкумина: кралот, капиталистот и многу други надзорници и управници. Кои се угнетувани? Многу: народите на земјата, значајни личности, работниците, оние кои го прават лебот, со меки раце и јадат мрзеливост.

Вивисекција[уреди | уреди извор]

Твен се спротивставувал на вивисекцијата кога го разбрал значењето на зборот во 1899 година (значењето на овој збор била предмет на промени низ времето). Приговорот на Твен не бил на научна основа, туку повеќе на етичка. Тој посебно ја нагласил болката што им се нанесува на животните како основа на неговото спротивставување на праксата.

Јас сакам да знам дали вивисекцијата произведува резултати кои се корисни за човечката раса или не... Болката која се наметнува над несвесните животни е основата на непријателството кон него и за мене е доволно оправдување за непријателство без да гледам понатаму.

Религија[уреди | уреди извор]

Иако Твен бил презвитеријанец, тој некако бил критички настроен кон организираната религија и некои елементи на христијанството во неговиот подоцнежен живот. На пример, тој напишал: „ Вера е верување во тоа што го знаеш, нели?“ и „Ако Исус е сега тука има една работа што нема да биде- христијанин“.[6] Сепак, како зрел човек тој учествува во религиски дискусии и присуствува на служби, неговата теологија се развила откако тој се соочил со смртта на саканите и неговата лична смртност.[7] Неговите лични искуства и страдања за својата фамилија го направил особено критичен за „лечење со верба“, кое е поддржано од Мери Бејкер Еди. Неговото најраспалувачко дело за религијата бара нијанса на разбирање на неговите аргументи и критика.

Твен обично избегнувал да ги објавува своите еретички мислења за религијата од негово време, а тие се познати од есеите и приказните кои се објавиле подоцна. Во есејот Трите изјави на осумдесеттите од 80-тите години на 19 век, Твен изјавил дека верува во семоќниот Бог, но не во некои пораки, откровение, свети книги, како што се Библијата, Провидение или задгробен живот. Тој изјави дека „добрината, правдата и Божјата милост се манифестирани во неговите дела“, но исто така и дека „универзумот е воден од строги и непроменливи закони“ кои одредуваат „мали нешта“, како кој починал од чума.[8] Во друг период тој напишал или говорел на начини кои се спротивни на строгите погледи на теист, на пример, јасно признато верување во Господ, Во некои подоцнежни дела од 1890 година, тој беше малку помал оптимист за добрината на Господ, посматрајќи дека „ако нашиот Создавач е семоќен за добро и лошо, Тој не е нормален.“ Во друг период, тој претчувствува зајадливост дека можеби Господ го создал светот со сите негови измачувања за некои Негови лични цели, но инаку беше рамнодушен за човештвото, кое беше многу ситно и небитно за, на било кој начин, да го привлече Неговото внимание.[9]

Во 1901 година, Твен ги критикувал постапките на мисионерот д-р Вилијам Скот Амент (1851 година-1909година), бидејќи Амент и другите мисионери имале збирка за оштети од кинески теми во последиците од боксерската побуна од 1900 година. Откако Твен ги слушнал методите на Амнет, неговиот одговор бил објавен во прегледот на Северна Америка во февруари 1901 година: За личноста која седи во темница и се справува со примери од империјализмот во Кина, Јужна Африка и со окупацијата на Филипините од страна на САД.[10] Значаен прилог, „За мојата критика на мисионерите“ објавен во прегледот на Северна Америка во април 1901 година, неговиот напад продолжува без извинување, но фокусот од Амент го префрла на неговите надмоќни мисионери, американскиот совет за комисионери во странски мисии.[11]

По неговата смрт, фамилијата на Твен забранила некои негови дела кои биле потполно ирелевантни кон стандардната религија, како Писма од земјата кое не беше објавено сè додека неговата ќерка Клара не ја промени својата позиција во 1962 година во прилог на Советската пропаганда за задржувањето.[12] Анти-религиското Таинствениот странец беше објавено во 1916 година. Мала Беси, приказна што го исмејува христијанството е објавено во 1972 година во збирката Басни за човекот од Марк Твен.[13]

Покрај овие погледи, тој донирал пари за изградба на презвитерска црква во Невада во 1864 година, иако беше дискутирано дека тоа било во соработка со неговиот презвитерски брат.[14]

Твен создал портрет на Јованка Орлеанка, кој бил полн со почит, тема со која бил опседнат 40 години, студирал многу години и потрошил две години пишувајќи.[15] Во 1900 година и повторно во 1908 година, тој изјавил, „Од сите мои книги најмногу ми се допаѓа Јованка Орлеанка, најдобра е.“[15][16]

Тие што го познавале Твен во постарите години се сеќаваат дека тој се задржувал на темата за задгробниот живот, неговата ќерка Клара вели: „Понекогаш тој веруваше дека со смртта сè се завршува, но во поголем дел од животот тој беше сигурен дека постои задгробен живот.[17]

Најискрените погледи на Марк Твен за религија се јавуваат во неговата завршна автобиографија, која беше објавена 100 години по неговата смрт, во ноември 2010 година. Во неа, тој вели:[18]

Има една значајна работа за христијанството: лоша, крвава, безмилосна, материјална и присвојувачка. Измислувањето на пеколот мерено по денешните христијани, лош колку што е, лицемерен колку што е, празен и безначаен колку што е, ниту божеството ниту неговиот син се христијани, ниту се квалификува за умерено високо место. Нашата религија е ужасна. Флотата на светот може да плива во просторна удобност на невината крв што се пролеа.

Твен бил масон.[19][20] Тој припаѓал на кабината поларна ѕвезда со број 79 А.Ф. и А.М., основана во Св.Луис.

Значење и влијание[уреди | уреди извор]

Споменот на Твен живее до ден-денес: Неколку училишта се именувани по него, вклучувајќи ги основното училиште „Марк Твен“ во Хјустон, Тексас, каде што има статуа на Твен, средното училиште „Марк Твен“ во Њујорк и средното училиште „Семјуел Клеменс“ во Шертс, во близина на Сан Антонио, Тексас. Исто така, по него се наречени и други градби, како што е споменик-мостот „Марк Твен“. Во околината на Хајделберг, Германија се наоѓаат населбата „Марк Твен“, каде што се сместени американските војници и нивните, и американската воена база.

Во продолжение, неколку награди го носат неговото име: во 1998 година, Центарот за уметности „Џон Ф. Кенеди“ ја создал наградата за американски хумор „Марк Твен“, која се доделува на годишно ниво; понатаму, награда „Марк Твен“ која ја доделува здружението на училишни библиотеки од Мисури, а се доделува секоја година на учениците четврто до осмо одделение. Универзитетот Стетсон од Деланд, Флорида, ја спонзорира работилницата за млади автори „Марк Твен“, која се одржува секое лето, во соработка со домот за момчиња и музејот Марк Твен во Ханибал. Програмата е отворена за млади автори од петто до осмо одделение. Музејот ја спонзорираше наградата за креативно подучување Марк Твен.

Градби во соработка со Твен, вклучувајќи и многу негови домови, се сочувани како музеи. Неговото место на раѓање е сочувано во Флорида, Мисури. Домот за момчиња и музеј Марк Твен во Ханибал, Мисури ги сочувале композициите за некои од неговите најдобри дела. Домот на неговата пријателна од детството Лаура Хавкинс, за која се смета дека е инспирација за измислениот лик Беки Тачер, е зачуван како „куќата на Тачер“. Во мај 2007 година, реконструкцијата на домот на Том Бланкеншип, инспирацијата за Хаклбери Фин, беше отворена за јавноста. Семејниот дом што тој го изградил во Хартфорд, Конектикут, каде што тој и неговата сопруга ги растеле нивните три ќерки, е зачуван и отворен за посетители како домот на Марк Твен.

Глумецот Хал Холброк создаде шоу што работи само со еден човек наречено Марк Твен вечерва, кое што тој редовно го одржувал околу 56 години. Емитувањето на Си Би Ес (CBS) во 1967 година му донесе Еми награда. Од трите претстави на Бродвеј (1966,1977 и 2005 година), првата му донесе Тони награда.

Дополнително, како и многу други влијателни поединци, Твен беше почесен со тоа што по него именуваа астероид, 2362 Марк Твен.

Често, Твен е опишуван во поп културата за носењето бели костими. Има докази кои сугерираат дека по смртта на Ливи во 1904 година Твен започнал до носи бели костими на своите предавања. Сугестиите на модерната претставки дека тој ги носел костимите низ целиот свој живот се неосновани. Нема докази дека тој носел бели костими пред 1904 години, Сепак, со времето тоа постана негово обележје, како што е илустрирано во анегдотите за оваа ексцентричност (како и периодот во кој тој носел бел летен костим на сослушувањето на Конгресот што се одржувал во зима). „Енциклопедијата за Мерк Твен“ од МекМастер наведува дека Твен не носел бели костими во последните три години, освен на еден банкет. Во 2011 година, поштенската служба на САД планира да ослободи уште еден печат во негова чест.

Псевдоними[уреди | уреди извор]

Твен употребувал различни псевдоними пред да се одлучи за Марк Твен. Тој хумористичните и имагинативните написи ги потпишувал како Џош сè до 1863 година. Дополнително, го користел и псевдинимот Томас Џеферсон Снодграс за серија хумористични писма.

Тој тврди дека неговиот прв псевдоним доаѓа од неговото долгогодишно работење на бродови на реката Мисисипи, „каде двата фата длабочината укажува на безбедна вода при патување со брод, беа мерени на кабел за сондирање. Фатот е мерна единица за длабочина еднаква на две јарди (1,8 м) Твен е архаичен поим за „две“. Плачот на капетанот на бродот беше Марк Твен, или од Марк Твен, што значи „според Марк [како што дознава], [длабочината е] два [фата],“ што значи, „Водата е длабока 12 стапки (3,7 м) и е безбедна за поминување“.

Твен изјавил дека неговиот познат псевдоним не е во потполност негов изум. Во Живот на Мисисипи тој напишал:

Капетан Исаија Селерс нема голем литературен капацитет, но тој има навика да прибележува кратки пасуси од чисто практични информации за реката и ги потпишуваше „МАРК ТВЕН“, а потоа ги даде на New Orleans Picayune. Тие се однесуваа на степенот и состојбата на реката и беа точни и корисни... Во времето кога пристигна телеграфот за неговата смрт, јас бев на брагот на Тихиот Океан. Бев свеж, млад новинар и имав потреба од nom de guerre, па го земав од стариот морнар и дадов се од себе за да го задржам тоа што беше во неговите раце-знак, симбол и овластување дека што и да се најде што било во негова сопственост може да се прокоцка. Како јас успеав, не би било скромно од мене да кажам.

Верзијата на Твен за неговиот псевдоним беше испитувана од биографот Џорџ Вилијам Трети, од веникот Territorial Enterprise и од Пол Фетаут од универзитетот Пердју, кој тврди дека Марк Твен се однесува на водење лента-јазиче што редовно се случувало во салонот на Џон Пајпер во Вирџинија Сити, Невада.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Белешка за авторот“, во: Марк Твен, Том Соер. Скопје: Алби, 2014, стр. 251.
  2. 2,0 2,1 Глигор Поповски, „Марк Твен: Том Соер“, во: Марк Твен, Том Соер. Скопје: Култура, 1973, стр. 216.
  3. „Белешка за авторот“, во: Марк Твен, Том Соер. Скопје: Алби, 2014, стр. 252.
  4. Murray, Stuart A. P. “The Library: An Illustrated History”, New York: Skyhorse Publishing, 2012, p. 189.
  5. „The Votes for Women Speech by Mark Twain“. Famousquotes.me.uk. 2007-05-25. Посетено на 2009-10-16.
  6. Huberman, Jack (2007). The Quotable Atheist. Nation Books. стр. 303–304. ISBN 978-1-56025-969-5.
  7. Dempsey, Terrell, BOOK REVIEW: Mark Twain's Religion. William E. Phipps 2004 Mark Twain Forum
  8. Twain, Mark, ed. by Paul Baender. 1973. What is man?: and other philosophical writings. p. 56
  9. Twain, Mark, ed. by Paul Baender. 1973. What is man?: and other philosophical writings. pp.10, 486
  10. Mark Twain, "To the Person Sitting in Darkness", The North American Review 182:531 (February 1901):161–176; AntiImperialist.com Архивирано на 25 февруари 2009 г.
  11. Mark Twain, "To My Missionary Critics", The North American Review 172 (April 1901):520–534; AntiImperialist.com Архивирано на 25 февруари 2009 г.
  12. Gelb, Arthur (August 24, 1962). „Anti-Religious Work by Twain, Long Withheld, to Be Published“. The New York Times. стр. 23. ISSN 0362-4331. Посетено на 2008-04-22.
  13. Twain, Mark (1972). „Little Bessie“. Во John S. Tuckey (ed.), Kenneth M. Sanderson (ed.), Bernard L. Stein (ed.), Frederick Anderson (ed.) (уред.). Mark Twain's Fables of Man. California: University of California Press. ISBN 978-0-520-02039-9. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-11-17.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link) CS1-одржување: излишен текст: список на уредници (link)
  14. „Church Aided by Twain Is in a Demolition Dispute“. The New York Times. Associated Press. April 2, 2006. Посетено на 2008-10-05.
  15. 15,0 15,1 Paine, Albert Bigelow, The Adventures of Mark Twain, p. 281, Kessinger 2004
  16. Goy-Blanquet, Dominique, Joan of Arc, a saint for all reasons: studies in myth and politics, p. 132, 2003 Ashgate Publishing
  17. Phipps, William E., Mark Twain's Religion, p. 304, 2003 Mercer Univ. Press
  18. PBS NewsHour (July 7, 2010). „Mark Twain's Autobiography Set for Unveiling, a Century After His Death“. Посетено на July 7, 2010.
  19. „Grand Master of Missouri Lecture“. Архивирано од изворникот на 2013-10-05. Посетено на 2014-11-17.
  20. „Mark Twain Masonic Awareness Award: About The Award“. Архивирано од изворникот на 2012-10-29. Посетено на 2014-11-17.