Сон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Сонот на витезот“ од Антонио де Переда

соништата се редица на слики и чувства во форма на расказ кои се појавуваат за време на спиењето.[1] Содржината и целта на соништата не може целосно да се разбере, иако тие биле предмет на интерес низ историјата. Научната дисциплина која се занимава со соништата е позната како онирологија, а толкувањето на сонот се нарекува ониромантија.

Културно толкување[уреди]

Сонот на Јакоб за скалите на ангелите

Долго време низ историјата соништата биле предмет на претпоставка и извор на инспирација. Низ историјата, луѓето го барале нивното значење и се обидувале да гатаат со нивна помош. Гледано физиолошки, соништата се опишуваат како реакција на неутралните процеси за време на спиењето, психолошки како одраз на потсвеста, а пак гледано духовно, тие се пораки од Бог или предвидување на иднината. Многу култури практикувале инкубација на соништата, со намера да се обработат, што биле претскажувачки или содржеле божествени пораки.

Во Јудаизмот се одржува посебна церемонија, наречена „хатават халом“, што буквално значи „сонот да се направи добар“. Преку овој обред, рабинот или рабинскиот суд можат позитивно да ги толкуваат вознемирувачките соништа.[2]

Популарна култура[уреди]

Современата популарна култура ги сфаќа соништата, како и Фројд, како израз на најдлабоките стравови и желби на сонувачот.[3] Во филмовите како Маѓепсани (Spellbound) (1945 год) или Манџурскиот кандидат (1962 год.), протагонистите мора да извлекуваат битни поуки од надреални соништа.[4]

Сепак повеќето од соништата во популарната култура не содржат симболи, туку директен и реалистичен опис на стравовите и желбите на сонувачот.[4] Сцените со соништа може да не се разликуваат од оние сцени од реалниот свет на сонувачот, раскажувачка техника што го намалува чувството за безбедност на сонувачот и публиката[4] , и овозможува протагонистите во хорор-филмовите, како што се Кери (1976 год.), Петок 13-ти(1980 год.) или Американски врколак во Лондон (1981 год.)случајно да бидат нападнати од силите на мракот додека се наоѓаат навидум на безбедни места.[4]

Во спекулативната фикција, границата меѓу сонот и реалноста може да биде заматена дури и многу повеќе отколку што е потребно во приказната.[4] Сонот може да биде психички манипулирани (филмот Кошмарот на улицата на Брестовите, 1984-1991 год.) или буквално да се исполни (како во Керамичарско тркало на рајот, 1971 год.). Со таквите приказни протагонистите пред публиката одигруваат искуства од нивни лични соништа, што ги чувствуваат како реални.[4]

Содржина на соништата[уреди]

Од 1940-ти до 1985 год., Калвин Хал собрал повеќе од 50.000 извештаи од соништа од Универзитетот Вестерн Ресерве (Western Reserve University). Во 1966 год. Хал и Ван де Кастл ја издале Анализата на содржината на соништата во која прикажале систем на кодирање за проучување на 1000 извештаи на соништа од студенти на универзитетот.[5] Се докажало дека луѓето низ цел свет сонуваат главно исти работи. Целосните извештаи за соништа на Хал штитеникот на Хал, Вилијам Домхоф, ги направил достапни за јавноста во средината на 1990-ти, а дозволил и различни анализи.

Личните искуства од последниот ден или недела се најчесто вклучени во соништата.[6]

Чувства[уреди]

Најчесто чувство што се јавува во соништата е немир. Другите чувства вклучуваат болка, осаменост, страв, радост итн. Негативните чувства се многу почести од позитивните.[5]

Сексуални теми[уреди]

Анализираните податоци на Хал покажале дека сексуалните соништа не се појавуваат повеќе од 10 проценти од времето и се подоминантни во средината на тинејџерските години.[5] Друго проучување покажало дека 8% од соништата на мажите и жените имаат сексуална содржина.[7] Во некои случаи сексуалните соништа можат да резултираат со оргазам. Тие соништа се познати како еротски соништа.[8]

Повторливи соништа[уреди]

Додека соништата се сонуваат само еднаш, многу луѓе искусиле и повторливи соништа, што всушност претставува еден ист сон кој се јавил во различни прилики на спиење. Околу 70% од жените и 65% од мажите дале извештај за повторливи соништа.

Најчести теми[уреди]

Анализата на содржините покажала дека се појавуваат некои најчести теми во соништата. Во нив спаѓаат: ситуации поврзани со училиштето, прогонување, трчање бавно на некое место, паѓање, доцнење, смрт на некоја жива личност, некој мртов дека е жив, паѓање на заби, летање, некои идни настани како родендени, годишнини итн. ( со различни сценарија), незгодни моменти, вљубување во некоја непозната личност, разочарување од некое испитување, неспособност да се движиш, невозможност да го фокусираш погледот, сообраќајни несреќи, дека си обвинет за некое злосторство кое не си го направил, случајно да сфатиш дека си гол, одење во тоалет и многу други.

Боја наспроти црно-бело[уреди]

Дванаесет проценти од луѓето сонуваат само во црно-бело.[9] Проучувањата од 1915 год. до 1950-тите се држеле до тоа дека најголем дел од соништата се црно-бели, но овие резултати почнале да се менуваат во 1960-тите. Во денешно време само 4,4% од соништата на луѓе под 25 години се црно-бели. Неодамнешни истражувања укажуваат дека променетите резултати можеби се резултат на промената на телевизорите од црно-бели во боја.[10]

Неврологија на спиењето и соништата[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „РЕМ спиење.
ЕЕГ ги покажува мозочните бранови за време на РЕМ спиењето

Нема општоприфатена биолошка дефиниција за сонувањето. Општите набљудувања покажуваат дека соништата се силно поврзани со брзото движење на очите т.е. РЕМ спиењето, а на електроенцефалограм се гледа дека тогаш активноста на мозокот најмногу наликува на будност. Незапаметените соништа надвор од РЕМ спиењето се најчесто обични во споредба со другите.[11] За време на нормален животен век една личност минува околу 6 години во сонување[12] (што е околу два часа секоја вечер[13]). Повеќето од соништата траат од 5 до 20 минути.[12] Непознато е од кој дел на мозокот потекнува сонот, ако и постои едно единствено место, или пак сонот потекнува од повеќе делови на мозокот, или која е целта на сонувањето за телото и умот.

Се претпоставува дека е резултат на диметилтриптамин (DMT) во мозокот. За ова Џ. Келавеј предложил биохемиски механизам во 1988 год. според кој диметилтрипаминот може да се поврзе со феноменот на визуелен сон, каде што нивото на диметилтрипамин во мозокот периодично се издигнува за да предизвика визуелно сонување и други природни состојби на умот.[14]

За време на РЕМ спиењето ослободувањето на одредени невротрансмитери е речиси потиснато. Како резултат на тоа, моторните неврони не се стимулираат, а состојбата е позната како РЕМ атонија. Ова ги спречува соништата да предизвикаат опасни движења на телото.

Проучувањата покажуваат дека различни видови на цицачи и птици доживуваат РЕМ фаза за време на спиењето.[15]

Откривањето на РЕМ[уреди]

Во 1952 год. Јуџин Асерински го открил РЕМ спиењето додека работел на операција на неговиот советник. Асерински забележал дека очите на заспаните треперат под затворените очни капаци, а подоцна користел и апарат за детектирање за да ги сними мозочните бранови за време на овие периоди. За време на една сесија го разбудил субјектот кој завивал и плачел за време на РЕМ спиењето и го потврдил сомнежот дека всушност субјектот сонувал.[16] Во 1953 год. Асерински и неговиот советник го издале пионерското откритие во списанието „Наука“ (Science).[17]

Теории за сонот[уреди]

Покрај моќта да не збунат, исплашат или развеселат, соништата многу малку ги разбираме и најчесто ги игнорираме. Бидејќи методите на интроспекција биле заменети со повеќе самосвесни објективни методи во социолошката наука во 1930-тите и 1940-тите, проучувањето на соништата се исфрлило од научната литература. соништата не биле ниту директно видливи од експериментаторот, ниту пак биле доверливи субјектите или извештаите за соништата на субјектите, бидејќи биле изобличени како резултат на задоцнето присетување, ако и воопшто субјектите можеле да се присетат. Многу почесто соништата целосно се забораваат, можеби како резултат на нивниот недозволен карактер (Фројд 1955 год. [1900 год.]). Најпосле, се чинело дека овие проблеми ги ставаат соништата надвор од доменот на науката.

Откривањето дека соништата се случуваат главно за време на една специфична електрофизиолошка состојба на спиење, брзо движење на окото или РЕМ спиење, која може објективно да се набљудува, довело до враќање на интересот за овој феномен. Кога било одредено времето на траење на РЕМ фазата и субјектите биле разбудени за да дадат извештај пред да се случи некоја измена или заборавање, било утврдено дека субјектите многу точно го одредуваат времето додека се одвивало спиењето и дека раскажувањето на соништата всушност одговара на должината на РЕМ спиењето кое му претходело на будењето. Блиската врска меѓу РЕМ спиењето и сонот била првата основа за серија на извештаи кои го опишуваат сонувањето: дека е редовно навечер, најчесто повремен феномен и е активност со висока честота за време на секое спиење и се јавува во утврдени интервали отприлика секој 60-90 минути кај сите луѓе во текот на животниот век. Фазите на РЕМ спиење и соништата што ги придружуваат прогресивно се продолжуваат во текот на ноќта, во првата фаза се најкратки, околу 10-12 минути, а во втората и третата фаза се зголемуваат до 15-20 минути. На крајот на ноќта соништата може да траат околу 15 минути, иако овде може да се сонуваат различни прикаски како резултат на краткотрајни возбудувања што го прекинуваат спиењето кога ноќта завршува. Извештаите од соништа можат да бидат извештаи од нормални субјекти, во 50% од случаите кога будењето се прави пред да заврши првата РЕМ фаза. Степенот на враќање на податоците се зголемува до 99% ако будењето е направено во последната РЕМ фаза во ноќта. Зголемувањето на способноста за присетување е поврзана со засилувањето на мечтата, боите и емоциите во сонот во текот на ноќта. Приказната во сонот во последната РЕМ фаза е најдалеку од реалноста, содржи најмногу необични елементи и заедно со зголемената веројатност за спонтани возбудувања дозволува да се случи будењето, што ја повишува можноста за сеќавање на последниот сон. Различните луди особини на сонот придонесуваат и да се смета самиот сон за „луд“. Извештаите дека првите соништа во ноќта се пореални, всушност се мешаат со мислите за будење.

Хаглингс Џексон (1932 год.) сметал дека спиењето помага да се поништат непотребните сеќавања и врски од текот на денот. Ова го прегледале Крик и Мичисон (1983 год.) и цитирале дека сонот во спиењето е период на обратно учење. Сепак, спортивниот став дека со сонувањето се пренесува информација исто така постои.

Проучувањето на соништата е спремно да продолжи надвор од опишувањата. Многу факти беа собрани за различната ментална активност без некое јасно разбирање на нејзината основна природа. Како може сонот да добие драматична форма без некој своеволен придонес на намерата на сонувачот? Како се формираат перцепциите кои често на економичен начин го изразуваат поврзувањето старите сеќавања и искуствата од моменталното будење? Дали има ефект од соништата и покрај тоа што се забораваат? Што ни кажуваат процесите за тоа како функционира умот? соништата се тежок предизвик. Тие заслужуваат да дадеме се од себе.

Хипотези за сонувањето[уреди]

Постојат многу хипотези за функцијата на соништата меѓу кои:[18]

  • Во текот на ноќта има многу надворешни стимули кои ги бомбардираат нашите чувства, но умот го толкува стимулот и го прави дел од сонот со цел да обезбеди континуитет во спиењето.[19] Сепак умот ќе ја разбуди индивидуата ако е во опасност или ако е тренирана да реагира на одредени звуци, како што е плачење на бебе.
  • Сонот дозволува потиснатите делови од умот да се задоволат со помош на фантазија, а во исто време го одржува свесниот ум подалеку од мисли кои би предизвикале ненадејно будење во шок.[20]
  • Фројд сметал дека лошите соништа му овозможуваат на умот да стекне контрола врз емоциите кои би резултирале во болни доживувања.[18]
  • Јунг сметал дека соништата вршат компензација на одредени ставови кои се чуваат во будната свесност.[21]
  • Ференци[22] претпоставувал дека соништата, ако се поттикне личноста, може да кажат нешто што отворено не е кажано.
  • соништата се како операциите за прочистување на компјутерите кога се исклучуваат, ги отстрануваат паразитските израстоци или други „грутки“ за време на спиењето.[23][24]
  • соништата креираат нови идеи преку составување на случајни мутации на мисли. Некои од нив умот може да ги исфрли како бескорисни, додека други може да се сметаат за вредни и да бидат задржани. Блехнер[25] ја нарекуваа оваа теорија „Дарвинизам поврзан со сонот.“
  • соништата го регулираат расположението.[26]
  • Хартман[27] вели дека соништата можат да функционираат како психотерапија, со „ градење на сигурни врски“ и дозволување сонувачот да ги обедини мислите кои се можеби одвоени додека е буден.
  • Неодамнешните истражувања на психологот Грифин, кои следувале по 12-годишното испитување на податоци од најзначајните лаборатории за спиењето, довеле до формулирање на теорија на сонувањето за исполнување на очекувањата, според која сонувањето метафорично пополнува некои емоционални очекувања во автономниот нервен систем и го намалува нивото на стрес кај цицачите.[28][29]
  • соништата се производ на „одвоена мечта“, која што е одвоена од свеста и повлекува материјал од сензорната меморија за стимулација, со сензорна поддршка што резултира во халуцинација. Со стимулирање на сензорни сигнали за да ги движат автономните нерви, соништата можат да влијаат врз врската ум-тело. Во мозокот и ’рбетот, автономното „обновување на нерви“, кое може да се прошири до крвните садови, ја поврзува болката и притискањето на нервите. Нервите се групирани во повеќе синџири кои во кинеската медицина се наречени меридијани. За време на сонувањето, телото исто така го активира синџирот на меридијани за обнова на телото и му помага да расте и да испрати сигнали за движење под притисок, кога се покачува нивото на ензими за растење.[30]

соништата и психозата[уреди]

Голем број мислители коментирале за сличностите меѓу феномените соништа и психоза. Сличните елементи во двете состојби вклучуваат нарушување на мислата, депримирачки или несоодветни афекти (емоции) и халуцинација. Меѓу философите, на пример Кант, напишал дека „лудак е буден сонувач“.[31] Шопенхауер рекол: „Сонот е краткотрајна психоза, а психозата е долготраен сон.“ [32]Во областа на психоанализата, Фројд напишал: „Тогаш сонот е психоза“,[33] и Јунг: „Дозволете му на сонувачот да шета и да дејствува како буден и имаме клиничка слика на рана деменција.“[34]

Грифин и Тирел[35] одат дотаму да кажат дека „шизофренијата е будна реалност развиена со сонувачкиот мозок.“[36]

Поврзаност со медицински состојби[уреди]

Ова е доказ дека одредени медицински состојби (нормално само невролошки состојби) можат да влијаат врз соништата. На пример, луѓето со синестезија никогаш не изјавиле црно-бело сонување, и често пати имаат тешкотија во преставување на идејата за сонување само во црно-бело.[37]

Терапијата за повторување на кошмарите (често поврзувана со посттрауматичен стрес) може да вклучува алтернативни сценарија кои почнуваат на секој чекор од сонот.[38]

Толкување на сонот[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ониромантија.

Низ историјата соништата се користеле за лечење (како што е пронајдено во храмот на Асклепиј кај античките Грци) како и за управување со божествената инспирација. Некои домородни американски племиња користеле „потрага по привидување“ како обред, постење и молитва сè додека не добиле сон како предвидување, кој требало да се сподели со остатокот од племето.[39]

За време на доцниот 19 и 20 век, и двајцата Зигмунд Фројд и Карл Јунг ги поистоветувале соништата како врска помеѓу свесното и несвесното. Тие исто така уверуваат дека несвесното е доминантна сила во сонот и соништата ја изразуваат менталната активност на восприемачката сила. Додека Фројд сметал дека постои активна цензура на несвесното дури и за време на сонот, Јунг расправал дека чудниот квалитет на соништата е ефикасен јазик, кој во споредба со поезијата еднакво е способен за откривање на скриеното значење.

Фриз Перлс ја преставил својата теорија за соништата како дел од холистичката природа на Гешталт терапијата. соништата се гледаат како проекции на дел од себе што бил игнориран, одбиен или потиснат.[40]

Јунг расправал дека секој човек во сонот може да се смета дека преставува гледиште на сонувачот, што тој го нарекува субјективен пристап до соништата. Перлс го проширил овој став и рекол дека дури и неживите објекти во сонот можат да преставуваат гледишта на сонувачот. Според тоа може да се побара од сонувачот да се замисли дека е објект во сонот и да го опише, со цел да ја зголеми свесноста за карактеристиките на објектите што одговараат на личноста на сонувачот.

Други поврзани феномени[уреди]

Луциден сон[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „луциден сон.

Луцидниот сон е свесна перцепција на својата состојба за време на сонувањето. Во оваа состојба личноста најчесто има контрола врз карактерите и околината на сонувањето како и за активностите на сонувачот во рамките на сонот.[41] Појавата на луцидно сонување е научно докажано.[42]

Ониронаут е поим кој најчесто се користи за оние кои сонуваат луцидно.

соништа за расеани грешки[уреди]

соништата за расеано грешки се соништа во кои сонувачот расеано прави нешто што се обидувал да го запре (еден класичен пример е сонување дека палиш цигара кога се обидуваш да ги откажеш цигарите). Субјектите кои имале вакви соништа се разбудиле со интензивно чувство на вина. Едно проучување нашло позитивна врска меѓу овие соништа и успешното запирање на ваквото однесување.[43]

Сонувањето и „реалниот свет[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Расправа за сонот.

Соништата можат да се поврзат со реалните чувства, како што е вклучувањето на звуци од околината во соништата. Пример за тоа е ѕвонење на телефон во сонот додека тој и навистина ѕвони. Со исклучок на случаите со луцидно сонување, луѓето сонуваат без да бидат свесни дека го прават тоа. Некои философи заклучиле дека она што го сметаме за „реален свет“ може да е навистина тоа или само илузија (идеја позната како скептична хипотеза за онтологијата). Прво оваа идеја ја спомнал Чуанг Це, а била дискутирана и во хиндуизмот. Будизмот врши широка примена од оваа расправа во своите дела.[44] Во западната философија била спомената во 17 век од страна на Декарт во неговото дело Медитаации за првата философија.

Присетување на соништа[уреди]

Присетувањето на соништата е многу несигурно, иако вештината може да се истренира. Присетувањето во соништата најчесто може да се случи ако личноста се разбуди додека сонува. Жените почесто се присетуваат на соништата од мажите. соништата на кои леѓето тешко се присетуваат може да се окарактеризираат со релативно мало влијание и фактори како возбудување или попречување играат улога во присетувањето на соништата. Честопати, присетувањето на соништата може да се случи со слушање на случаен предизвик или стимул. Дневник за соништата може да помогне за нивно присетување, за психотерапијата или за забава. За некои луѓе, штом главата ќе ја допре перницата кога си легнуваш навечер, спонтано се доживуваат некои бледи слики и чувства од претходната вечер. Сепак тие се најчесто слаби и кратки за да дозволат присетување на соништата.

Дежа ви[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дежа ви.

Дежа ви“ е опишано како чувство на претходно искусување на нешто на јаве или на сон, навидум заборавено сè до моментот на потсетување.[45]

Поврзување на соништата[уреди]

Во една употреба поимот „поврзување на соништата“ е феномен според кој некој надворешен стимул, најчесто звучен, станува дел од сонот и го буди сонувачот. Има позната слика на Салвадор Дали што го опишува овој концепт, насловена како „Сон предизвикан од летот на една пчела“ (1944 год.).

Поимот „поврзување на соништата исто така се користел во испитувањето на степенот до кој настаните од претходниот ден стануваат елементи на соништата. Неодамнешните проучувања сметаат дека најголемо влијание имаат настаните од претходниот ден како и тие од пред една недела.[6]

Наводи[уреди]

  1. „dream.“. The American Heritage Dictionary of the English Language, Fourth Edition. 2000. http://www.bartleby.com/61/54/D0385400.html. конс. 7 мај 2009. 
  2. http://www.rabbiwein.com/Jerusalem-Post/2006/02/102.html Berel Wein "DREAMS"
  3. Van Riper, A. Bowdoin (2002). „Science in popular culture: a reference guide“. Westport: Greenwood Press. стр. 56. ISBN 0–313–31822–0. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Van Riper, op.cit., p. 57.
  5. 5,0 5,1 5,2 Hall, C., & Van de Castle, R. (1966). The Content Analysis of Dreams. New York: Appleton-Century-Crofts. Content Analysis Explained
  6. 6,0 6,1 Alain, M.Ps., Geneviève (July 2003). „Replication of the Day-residue and Dream-lag Effect“. „20th Annual International Conference of the Association for the Study of Dreams“. http://www.asdreams.org/2003/abstracts/genevieve_alain.htm. 
  7. Zadra, A., "1093: SEX DREAMS: WHAT DO MEN AND WOMEN DREAM ABOUT?" SLEEP, Volume 30, Abstract Supplement, 2007 A376.
  8. http://www.measuredhs.com/pubs/pdf/FR157/04Chapter04.pdf Badan Pusat Statistik "Indonesia Young Adult Reproductive Health Survey 2002-2004" p. 27
  9. Michael Schredl, Petra Ciric, Simon Götz, Lutz Wittmann (November 2004). „Typical Dreams: Stability and Gender Differences“. „The Journal of Psychology“ 138 (6): 485 (Abstract). 
  10. Richard Alleyne (17 октомври, 2008). „Black and white TV generation have monochrome dreams“. „Telegraph“: (http://www.telegraph.co.uk/earth/main.jhtml?view=DETAILS&grid=&xml=/earth/2008/10/17/scidream117.xml Article]). 
  11. Dement, W.; Kleitman, N. (1957). „The Relation of Eye Movements during Sleep to Dream Activity.'“. „Journal of Experimental Psychology“ 53: 89–97. doi:10.1037/h0048189. 
  12. 12,0 12,1 How Dream Works“. 2006. http://science.howstuffworks.com/dream3.htm. конс. 4 мај 2006. 
  13. „Brain Basics: Understanding Sleep“. National Institute of Neurological Disorders and Stroke. 2006. http://www.ninds.nih.gov/disorders/brain_basics/understanding_sleep.htm. конс. 16 декември 2007. 
  14. Wallach J (2008). „Endogenous hallucinogens as ligands of the trace amine receptors: A possible role in sensory perception“. „Med Hypotheses“ in print (in print): in print. doi:10.1016/j.mehy.2008.07.052. PMID 18805646. 
  15. „The Evolution of REM Dreaming“. 2003. http://www.improverse.com/ed-articles/richard_wilkerson_2003_jan_evolution.htm. конс. 27 август 2008. 
  16. Dement, William (1996). „The Sleepwatchers“. Springer-Verlag. ISBN 0964933802. 
  17. Aserinsky, E; Kleitman, N. (September 1953). „Regularly occurring periods of eye motility and concomitant phenomena, during sleep“. „Science“ 118 (3062): 273–274. doi:10.1126/science.118.3062.273. PMID 13089671. 
  18. 18,0 18,1 Cartwright, Rosalind D. (1993). „Functions of Dreams“. Encyclopedia of Sleep and Dreaming.
  19. Antrobus, John. (1993). „Characteristics of Dreams“. Encyclopedia of Sleep and Dreaming.
  20. Vedfelt, Ole (1999). „The Dimensions of Dreams“. Fromm. 
  21. Jung, C. (1948) General aspects of dream psychology. In: Dreams. Princeton, NJ: Princeton University Press, 23-66.
  22. Ferenczi, S. (1913) To whom does one relate one's dreams? In: Further Contributions to the Theory and Technique of Psycho-Analysis. New York: Brunner/Mazel, 349.
  23. Evans, C. & Newman, E. (1964) Dreaming: An analogy from computers. New Scientist, 419:577-579.
  24. Crick, F. & Mitchison, G. (1983) The function of dream sleep. Nature, 304:111-114.
  25. Blechner, M. (2001) The Dream Frontier. Hillsdale, NJ: The Analytic Press.
  26. Kramer, M. (1993)The selective mood regulatory function of dreaming: An update and revision. In: The Function of Dreaming. Ed., A. Moffitt, M. Kramer, & R. Hoffmann. Albany, NY: State University of New York Press.
  27. Hartmann, E. (1995)Making connections in a safe place: Is dreaming psychotherapy? Dreaming, 5:213-228.
  28. Griffin, J. (1997) The Origin of Dreams: How and why we evolved to dream. The Therapist, Vol 4 No 3.
  29. Griffin, J, Tyrrell, I. (2004) Dreaming Reality: how dreaming keeps us sane or can drive us mad'. Human Givens Publishing.
  30. Y.D. Tsai (1995). „A Mind-Body Interaction Theory of Dream“. http://myweb.ncku.edu.tw/~ydtsai/mindbody/. 
  31. Quoted in La Barre, W. (1975). Anthropological Perspectives on Hallucination and Hallucinogens. In R.K. Siegel and L.J. West (eds.), Hallucinations: Behavior, Experience, and Theory. New York: Wiley.
  32. Ibid.
  33. Freud, S. (1940). An Outline of Psychoanalysis. London: Hogarth Press.
  34. Jung, C.G. (1909). The Psychology of Dementia Praecox, translated by F. Peterson and A.A. Brill. New York: The Journal of Nervous and Mental Disease Publishing Company.
  35. Griffin, J. & Tyrrell, I. (2003) Human Givens: A new approach to emotional health and clear thinking. HG Publishing. ISBN 1-899398-31-7
  36. Griffin, J. & Tyrrell, I. (2003) Dreaming Reality: How dreaming keeps us sane, or can drive us mad. ISBN 1-899398-36-8
  37. Harrison, John E. (2001). „Synaesthesia: The Strangest Thing“. Oxford University Press. ISBN 0192632450. 
  38. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име npr.
  39. Webb, Craig (1995). „Dreams: Practical Meaning & Appications“. The DREAMS Foundation. http://www.dreams.ca/dreams.htm. 
  40. Wegner, D.M., Wenzlaff, R.M. & Kozak M. (2004). „The Return of Suppressed Thoughts in Dreams“ (PDF). „Psychological Science“ 15 (4): 232–236. doi:10.1111/j.0963-7214.2004.00657.x. http://www.wjh.harvard.edu/~wegner/pdfs/Dream%20Rebound.pdf. 
  41. Lucid dreaming FAQ by 1The Lucidity Institute at Psych Web.
  42. Watanabe, T. (2003). „Lucid Dreaming: Its Experimental Proof and Psychological Conditions“. „J Int Soc Life Inf Sci“ 21 (1). ISSN 1341-9226. 
  43. Hajek P, Belcher M (1991). „Dream of absent-minded transgression: an empirical study of a cognitive withdrawal symptom“. „J Abnorm Psychol“ 100 (4): 487–91. doi:10.1037/0021-843X.100.4.487. PMID 1757662. 
  44. Kher, Chitrarekha V. (1992). „Buddhism As Presented by the Brahmanical Systems“. Sri Satguru Publications. ISBN 8170302935. 
  45. Lohff, David C. (2004). „The Dream Directory: The Comprehensive Guide to Analysis and Interpretation“. Running Press 0762419628.