Кирил Џајковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кирил Џајковски
Биографски податоци
Родено имеКирил Џајковски
Жанровиинструментална, електронска, филмска музика
ЗанимањаКомпозитор, музичар, текстописец
Период на активност80-ти - денес
СоработнициБастион, Леб и Сол,

Кирил Џајковски — македонски музичар и композитор, чија музика се протега низ повеќе стилови. Исто така, тој е автoр и на филмска и театарска музика. Кариерата ја започнал уште во раните осумдесетти години на XX век, во рамките на првата македонска електро-група Бастион, во која членувал и режисерот Милчо Манчевски. Џајковски има снимано албуми и со групата „Леб и сол“, со која настапил низ цела Европа. Во почетокот на деведесеттите години на 20 век се преселил во Австралија, каде продолжил да создава музика комбинирајќи го македонскиот етно со модерениот електронски звук. Како резултат на тоа произлегол неговиот прв соло-албум „Syntetic Theatre“, кој по независните радио станици во Австралија станал прилично популарен. Негов следен албум е „Homebound“, кој хрватското издание на списанието „Playboy“ го прогласило за најдобар албум на годината на просторите на поранешната СФРЈ.

Неговиот настап на фестивалот „EXIT“ во 2006 година, во Нови Сад, Србија бил прогласен за најдобар настап на фестивалот, според гласовите на публиката. На 10 декември 2016 година, Џајковски настапил на завршната вечер на 18. издание на „Таксират“, во „Метрополис арената“.[1]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Џајковски во средината на 2000-те
  • Synthetic Theatre
  • Recorded Supplement
  • Homebound
  • Primitive Science EP
  • Религија и секс
  • Прашина - филмска музика
  • Балканкан - филмска музика

Музика за филмови[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Со рекордна посетеност заврши „Таксират 18“!“, Слободен печат, година IV, број 940, вторник, 13 декември 2016, стр. 17.