Папа Григориј I
Gregorius I | |
---|---|
![]() | |
Родено име | Григориј I |
Папа од | 3 септември 590 |
Папа до | 12 март 604 |
Претходник | Пелагиј II |
Наследник | Сабијан |
Роден | о. 540 Рим |
Починал | 12 март 604 Рим |
Други папи по име Григориј (појаснување) |
Григориј I или св. Григориј Велики, наречен Григориј Двоеслов (латински Gregorius PP. I, (о. 540 - 12 март 604) — римски папа од 3 септември 590 до 12 март 604. Се смета за творец на Литургијата на претходноосветените дарови во православието.
Животопис[уреди | уреди извор]
Поради неговите црковни заслуги, веќе во доцниот 9 век, Григориј I почнале да го нарекуваат Григориј Велики, а оваа титула останала до ден-денес. Папата Григориј Велики е познат како иницијатор на првата голема мисија преземена за христијанизација на Англија.[1]
Дејност[уреди | уреди извор]
Папата Григориј I бил еден од најобразованите луѓе во Западна Европа во 6 век, а исто така, тој бил еден од најцитираните авторитети во текот на целиот среден век. Тој се залагал за раскинување со античката традиција и во тој поглед се познати неговите гневни прекори упатени до галскиот епископ Дезидериј, кој почнал да ги подучува луѓето од областа на латинската граматика, користејќи одделни дела од античката книжевност. Папата Григориј го прекорил Дезидериј дека е неумесно еден епископ да го чита она што не е соодветно ниту за световните луѓе и му забранил да се занимава со таа дејност, велејќи дека истата уста не може истовремено да го слави Јупитер и Христос.[2] Исто така, тој посветувал големо внимание на приближувањето на религијата до необразованиот народ. За тоа сведочи писмото упатено до марсејскиот епископ Серен во кое папата му забранува да ги уништува сликите на светците, велејчи дека за простиот свет тие го имаат истото значење како и пишаните текстови за писмените луѓе.[3]
Григориј Велики е познат по неговите пишани дела кои уживале голем углед во црковните кругови,[4] а од нив најпознато е делото „Дијалози“ поради кое во источното христијанство е познат и како св. Георгиј Двоеслов (Дијалогист).[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Flechner, "Pope Gregory and the British" Histoires de Bretagnes 5, p. 47 [1]
- ↑ Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 33.
- ↑ Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 37.
- ↑ Ekonomou, 2007, p. 22.
- ↑ „St. Gregory Dialogus, the Pope of Rome“. oca.org, Orthodox Church in America (англиски). Посетено на 2018-04-20.
![]() | Оваа биографска статија папа е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Починати во 604 година
- Никулци за папи
- Родени во 540 година
- Италијанци од 6 век
- Италијанци од 7 век
- Византијци од 6 век
- Византијци од 7 век
- Архиепископи од 6 век
- Архиепископи од 7 век
- Писатели од 6 век
- Писатели од 7 век
- Христијански светци од 6 век
- Христијански светци од 7 век
- Христијански теолози
- Христијански писатели
- Римокатолички писатели
- Црковни отци
- Ватикански дипломати
- Италијански светци
- Луѓе од Рим
- Папи
- Византиско папство
- Англикански светци
- Патристика
- Црковни учители
- Италијански папи
- Писатели на латински јазик