Прејди на содржината

Папа Агатон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Агатон
Ракоположен27 јуни 678
Службата завршила10 јануари 681
ПретходникПапа Дон
НаследникПапа Лав II
Лични податоци
Роденоколу 577
Починал10 јануари 681
Други папи наречени Агатон

Агатон (латински: Agatho PP.; околу 577 - 10 јануари 681) — римски папа од 27 јуни 678 до 10 јануари 681[1].

Се родил на Сицилија. потекнувал од благородничко семејство, а неговите родители кои биле големи верници му дале големо образование. По нивната смрт, тој ја споделил сопственоста со сиромашните. Бил монах во манастирот св. Ерми во Палермо. Според хрониките, Агатон имал повеќе од 100 години кога бил избран за папа[2] (според некои извори, тој е роден во 577). Ако ова е точно, тој е папата кој живеел најдолго, но многу веројатно е дека неговата возраст е преувеличена. На Латеранскиот собор, одржан во 680, им се спротивставил на монотелитистите.