Папа Григориј VII
| Григориј VII | |
|---|---|
![]() | |
| Ракоположен | 22 април 1073 |
| Службата завршила | 25 мај 1085 |
| Претходник | Александар II |
| Наследник | Виктор III |
| Лични податоци | |
| Световно име | Хилденбрант |
| Други папи наречени Грегориј | |
Григориј VII (лат.Gregorius PP. VII) — римски папа од 22 април 1073 до 25 мај 1085 [1]. Роденото име му било Хилденбрант. Овој папа е познат по тоа што за време на неговото владеење тој се залагал најмногу за две работи: моралната практика на свештениците и борба со светската власт за прифаќање на христијанството во Западна Европа.
Во 1077 година неговиот однос асо гермнскиот император Хенри IV се изостриле. Папата сакал да си ја врати својата раководна улога во Западна Европа, и германскиот цар да му стане вазал. Хенри IV попаднал во тешка положба и бил принуден да отиде кај Григориј VII, за да бара помилување. Царот отишол во резиденцијата на папата во Каноса. Бил принуден неколку денови да го чека папата гладен и необлечен. По неколку денови папата го примил и му простил. Со оваа победа над царот, папата во Западна Европа уште повеќе добил можност за наложување на христијанството како и подоцната поддршка за крстоносните војни.
Наводи
[уреди | уреди извор]| Оваа биографска статија папа е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
