Прејди на содржината

Папа Павле II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Paulus II
Ракоположен30 август 1464
Службата завршила26 јули 1471
ПретходникПапа Пиј II
НаследникПапа Сикст IV
Лични податоци
Световно имеПјетро Барбо
Роден23 февруари 1417
Починал26 јули 1471
Други папи наречени Павле (појаснување)

Павле II (лат. Paulus PP. II; 23 февруари 1417 - 26 јули 1471) — римски папа од 30 август 1464 до 26 јули 1471[1]. Тој му бил миленик на папата Евгениј IV. Бил назначен за кардинал кога имал 23 години. Кога станал папа, мислел да ја ограничи прекумерната амбициозност на кардиналите, со која тие имале влијание и на понтификатот на папата. Многу лошо владеел, не бил хуманист и не ги поддржувал покорните. Започнатиот процес на инквизиција против хуманистите Помпониј Лет (1428-1497) и Платин (починал во 1481), покажал дека тие не претставуваат опасност за папата. Павел II наредил да бидат ослободени, а неговиот наследник Сикст IV го назначил Платин за префект на Ватиканската библиотека. Во 1464, во бенедиктијанскиот манастир во Субиако била претставена првата типографија на територијата на Италија. Во 1467, папата павле ја пренел во Ватикан.