Прејди на содржината

Папа Климент XIV

Од Википедија — слободната енциклопедија
Clemens XIV
Ракоположен19 мај 1769
Службата завршила22 септември 1774
ПретходникПапа Климент XIII
НаследникПапа Пиј VI
Лични податоци
Световно имеЛоренцо Џовани Винченцо Антонио Ганганели
Роден31 октомври 1705
Починал22 септември 1774
Други папи наречени Климент (појаснување)

Климент XIV (лат. Clemens PP. XIV; 31 октомври 1705 - 22 септември 1774) — римски папа од 19 мај 1769 до 22 септември 1774[1]. Тој бил Францискканец, а во моментот кога бил избран за папа бил монах.

Папата Бенедикт XIV му доверил висока функција во римската курија, а папата Климент XIII го назначил за кардинал. Во 1773, тој ја издал булатаDominus ac Redemptor“, со која го укинал Исусовото општество, кои уште 2 века пред тоа се јавувале како главна сила на контрареформацијата. Една година по тоа, папата Климент XIV починал.