Прејди на содржината

Папа Урбан VIII

Од Википедија — слободната енциклопедија
Urbanus VIII
Ракоположен29 септември 1623
Службата завршила29 јули 1644
ПретходникПапа Григориј XV
НаследникПапа Инокентиј X
Лични податоци
Световно имеМафео Барберини
Роден5 април 1568
Починал29 јули 1644
Други папи наречени Урбан (појаснување)

Урбан VIII (лат. Urbanus PP. VIII; 5 април 1568 - 29 јули 1644) — римски папа од 29 септември 1623 до 29 јули 1644[1]. Во 1606 бил назначен за кардинал од страна на папата Павле V, а истата година станал и епископ на Сполето. Откако станал папа, станал и активен покровител на своите роднини. Семејството Барберини станало семејство на кардиналите и најдоходно семејство во папската држава. Се покажало дека во негово време се ратило времето на ренесансата. Во 1625, повторна објавена како јубилејна година, бил повикан да сведочи за папаската моќ. Неговото папство било во времето на Трисетгодишната војна, која во крв ја облеала скоро цела Европа.

Палацо Барберини, изградена по наредба на папата Урбан VIII и посветена на семејството Барберини

Во негово време била отворена и летната папска резиденција во Кастел Гандолфо.

Папата Урбан VIII е познат и по тоа што до значителен степен настојувал да ги спроведува инквизиционите процеси, што кулминирало со судењето на Галилео Галилеј во 1633.