29 септември
Од Википедија — слободната енциклопедија
| << | септември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | |||
29 септември е 272-иот ден во годината според григоријанскиот календар (273-и во престапна година). Остануваат 93 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1938 | Британија, Франција, нацистичка Германија и фашистичка Италија го потпишуваат Минхенскиот договор. |
| 1941 | Почнало Драмското востание на македонските и грчките востаници против бугарскиот окупатор. Во Драма, Пресечен, Крлуково и Кобалиште, кои биле нападнати од востаниците, била воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушиле востанието и притоа извршиле масакрирање на околу 3.000 луѓе и биле преземени различни репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија. |
| 1941 | Започнала масовната ликвидација на Евреите кај Бабин Јар, Киев — еден од најстрашните масакри во Втората светска војна. |
| 1991 | Во селото Усје, Скопско е осветена „црквата Свети Атанасиј“. |
| 1993 | Во Аруба, држава на Карипските Острови, Република Македонија е примена за полноправен член на Интерпол, меѓународна организација на криминалистичките полиции. |
Родени:
| 1571 | Микеланџело Меризи да Караваџо — прочуен италијански барокен сликар |
| 1758 | Хорацио Нелсон — британски адмирал. |
| 1901 | Енрико Ферми — италијански физичар. |
| 1904 | Николај Алексеевич Островски — руски писател. |
| 1912 | Микеланџело Антониони — италијански режисер. |
| 1922 | Александар Зиновјев — руски филозоф, социолог, есеист и книжевен сатиричар. |
| 1936 | Силвио Берлускони — италијански деловник и политичар. |
| 1943 | Лех Валенса — поранешен полски претседател |
| 1950 | Вилсон Џони — хрватски и југословенски фудбалер. |
| 1956 | Себастијан Коу — британски атлетичар. |
| 1976 | Андриј Шевченко — украински фудбалер. |
Починале:
| 1902 | Емил Зола — француски писател. |
| 1914 | Стеван Мокрањац — српски композитор. |
| 1930 | Илја Репин — истакнат руски сликар. |
| 1997 | Рој Лихтенштајн — американски сликар. |
| 2010 | Тони Кертис — американски глумец. |
Празници:
| Светски ден на срцето |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |