Ватикан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ватикан
Stato della Città del Vaticano [1]
Знаме Грб
ХимнаInno e Marcia Pontificale  (италијански)
"Понтификална химна и марш"

Местоположба на Ватикан
Главен градВатикан[2]
41°54′N 12°27′E / 41.900° СГШ; 12.450° ИГД / 41.900; 12.450
Службен јазик латински, италијански
Уредување Апсолутна монархија
Независност од Кралството Италија 
 •  Латерански договор 11 февруари 1929 
Површина
 •  Вкупна 0,44 км2 (231ва)
Население
 •  проценка за 2008 г. 900 (220та)
 •  Густина 1780 жит/км2 (6та)
Валута Евро (€) (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
НДД .va
Повик. бр. 379
Карта на Ватикан

Ватикан, или обично познат под името Ватикански Град (латински: Status Civitatis Vaticanae, италијански: Stato della Città del Vaticano), познат и како Светиот град - најмалата независна држава на светот и по површина и по население. Површината на Ватикан изнесува 44 хектари. Ватикан е седиште на папата, кој претставува поглавар на Римокатоличката црква, бискуп на градот Рим и изборен монарх на Ватикан. Папата од своја страна е на доживотна функција и тој ги избира кардиналите. Технички, папата е апсолутен монарх, а тоа значи дека ги има во целост законодавната, извршната и судската власт во Ватикан. Папата е единствениот апсолутен монарх во Европа. Сегашниот папа на Ватикан е папата Франциск, роден како Хорхе Марио Бергољо.

Историја[уреди | уреди извор]

Папската Држава[уреди | уреди извор]

Папската Држава (ит. Stato della Chiesa vannila) италијанската држава која постоела од 756 до 1870 година. Пипин Малиот во средината на 8 век освоил голем дел од северна Италија, и просторот на бившиот равенски егзарх му го поклонил на папата. Карло Велики во 781 година ја кодификувал територијата на која папата има суверенитет. Територијата го опфаќала Рим, но и околните Равена, Пентаполис, Војводството Бенвенто, Тоскана, Корзика, Ломбардија и уште некои градови. Во првите три века од постоењето на папската држава, папата ја немал делотворната контрола на целата држава, а и не било јасно дали папската држава била независна од Римското Царство. Во периодот на ренесансата, територијата на папската држава се проширила најмногу и тоа под водство на папата Александар VI и Јулиј II. Папата во тој период станал еден од најважните италијански владетели во светот. Во периодот од 1796-1800 и 1808-1814, француската револуционарна армија папската држава ја претворила во Римска република, а подоцна во дел од Франција. Италијанските национални револуционери во 1849 година прогласиле Римска република, папата Пиј IX побегнал од Рим. Француските трупи, Наполеон Бонапарт ги поразил револуционерите и го вратил папата на власт.

Обединувањето на Италија[уреди | уреди извор]

Папскиот суверенитет во Рим го штителе француските војски. Но, кога во 1870 година избувнала француско-пруската војна, трупите се повлекле од Рим, а Италија ѝ објавила војна на папската држава и го освоила Рим. Папата Пиј IX се повлекол во својата резиденција и се прогласил за заробен. Подоцна, 1929 година папата Пиј XI формално се одрекол од поседот на папската држава и го потпишал Латеранскиот договор на 11 февруари 1929 година со Италија, која формирала град држава, Ватикан, која постои и до ден денешен.

Географија[уреди | уреди извор]

Ватикан, еден од европските микроградови-држави, е расположен во западниот централен реон во Рим, неколку метри западно од реката Тибир. Неговите граници (3,2 км или 2 милји во целост опкружена од Италија) се направени многу смислено сè со цел да се заштити папата од надворешни влијанија. Ватиканската клима е иста како и римската средоземна клима, со повремени врнежи во периодот од септември до октомври, додека од мај до август е многу потопло.

Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]

Верници во Ватикан
Римокатолици
  
100 %

Некаде околу 890 жители живеат во внатрешноста на ватиканските ѕидини. Граѓаните на Ватикан се обично клерици, високи службеници, монаси, како и Швајцарската гарда која е доброволна воена организација која го обезбедува Ватикан.

Култура[уреди | уреди извор]

Знамето на Ватикан[уреди | уреди извор]

Ватиканскиот музеј

Знамето на Ватикан претставува квадрат со две вертикални обоени полиња: жолто и бело. Врз белиот дел се вметнати вкрстените клучеви на Свети Петар и папската тијара.

Знамето било прифатено на 7 јуни 1929 година. Истата година папата Пиј XI го потпишал и договорот со Италија за конечно решавање на прашањето за папската држава.

Плоштадот Св. Петар

Ватикан како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Договор меѓу Светата Столица и Италија, член 26.
  2. Ватикан е град-држава
  3. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 17.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]