Кибела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Кибела — фригиската божица на природната плодност.

Мермерна скулптура на Кибела

Митот за Кибела[уреди | уреди извор]

Кибела била фригиска божица на плодноста, азиски пандан на египетската Изида. Најпознатиот мит поврзан со Кибела е оној каде таа се вљубила во момчето Атид (Атис), кој се одликувал со извонредна убавина. Таа го назначила за свој свештеник, но под услов засекогаш да остане невин. Меѓутоа, Атид ја изневерил божицата и сакал да се ожени со една принцеза. Разлутената божица сакала да му се одмзади и се појавила на неговата свадба и сите гости ги зафатил пански страв така што полуделе. Тогаш, полудениот Атис побегнал во шумата каде самиот се осакатил, а од неговата крв никнале синолички.

Во чест на Атид, самата Кибела го воспоставила празникот на жалоста за време на пролетниот еквиноциј. Тогаш, првиот ден, нејзините свештеници (корибанти) оделе во планините, во шумата сечеле бор, го кителе и го носеле во храмот, како симбол на мртвото момче. Вториот ден, со свирката на разни инструменти, го барале Атид, а кога ќе го пронајделе, т.е. некоја слика која го претставувала него, се предавале на голема радост и играле, во придружба на разни инструменти, така што се вртеле во стилот на турските дервиши. Таквиот занос, кој лечел од лудило, го спомнува Аристофан во своите драми.[1] [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Objašnjenja i napomene“, во: Aristofan, Lisistrata. Beograd: Rad, 1963, стр. 96.
  2. A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 219.