Свадба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Подготвување за фотографирање, на свадба во Торнбури Касл, Англија
Свадбена церемонија во црква во Финска.
„Свадба на утрешната улица“, слика од Јуриј Пименов на Советска поштенска марка.

Свадба или венчавка е церемонија на која две личности се соединуваат во брак. Свадбените традиции и обичаи не се секаде исти, тие вариират во сите култури, етнички групи, религии, предели, околини, држави и општествени класи. Поголем дел од свадбените церемонии вклучуваат замена на свадбени завети помеѓу парот, давање на подарок (прстен(и), симболичен подарок, цвеќиња, пари) и јавно прогласување на бракот од авторитетна фигура. На свадбата најчесто се носат специјални свадбени облеки и најчесто свадбената церемонија е проследена од свадбен прием. Музика, поезија, молитвеници или читања од Библијата или друга слична литература можат исто така што бидат вклучени во самата церемонија.

Добре дојдовте на песокот на Википедија! Песокот е место за испробување на уредувањето и форматирањето. Оваа страница можете слободно да ја уредувате и да извршувате најразлични тестирања. За да уредувате, стиснете овде или стиснете на јазичето Уреди кое се наоѓа на врвот од страницата, направете ги Вашите промени во прозорецот за уредување кој ќе се појави и стиснете на копчето Преглед за да Видите како ќе изгледаат промените, а потоа на Зачувај за да ги зачувате. Содржината овде нема да остане трајно време; оваа страница често се бриши.

За накратко да се запознаете со основните команди за форматирање, видете ја помошната табела. За да научите повеќе за уредувањето и за Википедија, посетете го нашиот почетен курс.

Ве молиме не внесувајте заштитени, навредливи, нападни или непригодни содржини во песокот. Ако имате прашања за Википедија, поставете ги на Селската чешма. Благодариме!

Кратенки:
ВП:ПЕСОК

Македонски обичаи за свадба – денес

Свадбите најчесто се прават во последниот неработен ден од седмицата (недела), а подготовките што во најголем дел ги сочинуваат македонските обичаи започнуваат 3 дена пред главниот ден на свадбата. Денес се поголем број младенци практикуваат да ја поедностават постапката со традициите, но во најголем дел од обичаите се зачувани и денес. Петок:

  • младоженецот заедно со неговото семејство со благ колак, ракија, печено пиле одат во куќата на невестата, за официјално да ја поканат да присуствува на свадбата.

Сабота: Уште пред да изгрее сонцето, жените (најчесто тетки, чини или комшики) прават благ колак за младоженецот да биде благ. Откако ќе го направат колакот ја подготвуваат фригулицата – јаболко со ситни, железни пари во него колку што може повеќе. Јаболкото се става на врвот на лост (стап) и долу на него во вид на јарбол се сошива богата везена и ткаена крпа во вид на знаме. Фригулицата ја носи секој што го води орото, а истите жени откако ќе завршат со неговото подготвување изигруваат со него 3 ора, пеат свои песни а потоа го предаваат на самата веселба, и првиот што ќе го започне орото – а тоа секогаш е младоженецот. Ова фригурица младоженецот не смее да ја види, се додека не почне веселбата. Доколку се оди конкретно според традицијата, пред да изгрее сонцето, потребно е да се избрича зетот, иако денес тоа го прават пред да почне да свире музиката и веселбата кај младоженецот. Зетот го седнуваат на стол, пред него поставуваат крпа, а тројца негови најдобри другари почнуваат да го бричат. Членовите од семејството и дел од присутните оставаат пари во крпата, кои пари откако ќе завршат со бричењето, младоженецот ги дава на малите деца кои ја држат крпата. Водата со која го мијат младоженецот после бричењето е вода која тој заедно со неговите најдобри другари ја наполниле претходно од три различни чешми. Обичајот на бричење е симболика на неговото збогување како ерген. Откако е завршен чинот со бричењето, младоженецот оди да го облече свадбарскиот костум и откако ќе го облече официјално започнува свадбената веселба. Потоа заедно со свирачите, се оди да се кани кумот и кумата. Тие ги пречекуваат со веселба и заедно се враќаат во куќата на младоженецот. Со песни, ора, младоженецот и сите присутни одат во куќата на невестата заедно со кумот, кумата, деверот и деверушата. Заедно со себе носат нешто благо и ракија. Се играат неколку ора пред да се влезе во куќата на невестата, на влезот ги пречекуваат нејзината мајка и татко, како и млади девојки кои на послужавник имаат поставено зелени гранчиња со бели цветови и црвен конец, и на сите што сакаат да влезат внатре им ги закачуваат на левата страна, а за возврат гостите на послужавникот оставаат по некоја пара колку што милуваат. Внатре зетот сака побрзо да ја земе невестата, но таа е затворена во соба со другарките, и на врата ја чуваат. Овде започнуваат преговорите за тоа „колку чини невестата, колку е скапа, колку лесно не се дава“, и со тие коментари се создава атмосфера и се бутка вратата совладувајќи ги оние кои стојат пред врата и ја чуваат невестата. Откако ќе влезат, деверот ги носи чевлите за невестата. Притоа според традицијата деверот треба да и помогне на невестата да ги облече чевлите но овде следуваат коментари од присутните колку чевлите се големи(односно со поголем број) и дека е потребно да се пополнат со книшки за да и бидат точни. Тоа всушност значи дека деверот треба да стави пари во чевлите се додека невестата и другарките не се согласат дека сега чевлите се со точен број(по нашински кажано таман). Откако ќе заврши овој обичај невестата ги дарува деверот и деверушата. Во меѓувреме додека доаѓа младоженецот, пред да влезат во куќата, невестата го чека и низ бурмата преку прозорорец го гледа младоженецот три пати, за да може да биде таа прва која ќе го види младоженецот,односно според верувањата таа да доминира во бракот. Откако ќе завршат со чевлите или откако невестата ќе биде ,,откупена,, таа ги поздравува гостите со добредојде, им бакнува рака и ги поканува на свечена трпеза во куќата или во дворот. Гостите со младоженецот заедно седнуваат на маса каде невестата ги дарува кумот и кумата. Кога излегуваат од куќата, невестата напред, а до неа нејзината мајка, татко, брат/сестра и поблиско семејство заигруваат три ора. По завршувањето на третото оро, на следното се приклучуваат и гостите од страна на младоженецот. Пред заминување следува простување на невестата со нејзиното семејство, што можеби е и најдраматичниот дел од сите обичаи поврзани со свадбата. Се постелува црвен тепих/ќилим, на него во средина се става клупа на која седнуваат мајката, таткото и братот/сестрата на невестата. Таа се поклонува пред нив, бакнува рака и се збогува, а во позади свирачите ја пејат македонската народна песна „Церешна се од корен корнеше“, чин на кој ретко која невеста успева да ги задрже солзите и да не заплаче затоа што си заминува од нејзиното семејство и започнува нов живот со нејзниниот избраник. Од куќата на невестата, со ора и песна, се оди во матичната служба за граѓанската регистрација на младенците. Овде се разбира присутни се кумовите. Со матичар и претставник од општината,во матичната служба е првиот момент во кој младенците го кажуваат судбоносното да. Се запазува граѓанскиот закон за брак при што се поставуваат прашања за доброволно вклучување во бракот, за познавање на здравствената состојба на младенците, како и понуда на алтернативите на презиме: моминско, презиме на младоженецот, или задржување на моминското и додавање на презимето на младоженецот, проверка на личните податоци и на двајцата. Младенците се потпишуваат како и нивните кумови како сведоци на ова регистрирање. Завршува регистрацијата со бакнеж на младенците и честитки од сите. Од регистрацијата, следува уште еден од најзначајнит свадбени церемонии, венчавката во црква. Таму кумовите веќе имаат обезбедено две бели големи свеќи украсени со бел тул, како и бело платно со кое се заврзуваат дланките на невестата и младоженецот за време на венчавката симболизирајќи единство пред Бога. Свеќите се запалени за време на целата венчавка, а ги држат кумот и кумата. Свештеното лице започнува со свечениот чин за венчавка, каде младенците и пред Бога го кажуваат своето судбоносно да. Свештеното лице за време на церемонијата ги запознава младенците со обврските и привилегиите кои ги носи бракот како институција, каде во добро и во лошо остануваат заедно до крај, ги крунисува, а кумот им ги менува круните три пати внимавајќи да не ги поддудри една со друга за да не се караат зетот и невестата а притоа кумот им ги менува три пати и бурмите на младенците. Потоа младоженецот,невестата, кумот, деверот и деверушата ја вртат црквената маса трипати, а кумата со веќе подготвена кошница фрла врз нив бонбони и железни монети, кои малите дечиња ги собираат. Откако ќе заврши црквената венчавка благиот колак кој го подготвила мајката на зетот го крши и го поделува на сите присутни. После венчавката, младоженецот ја носи во својот дом невестата. Пред да влезат, свекрвата ги попрскува со жито или ориз, бонбони и железни монети за бериќет. Пред да влезат, младоженецот прави два вида на обичаи зависно од индивидуалните желби. Постариот обичај е младоженецот да стои на врата и да не ја пушти невестата додека таа не му се поклони три пати додека неговата рака е високо крената горе и држи паричник, и откако таа ќе му се поклони додека влегува внатре тој со паричникот ја потчукнува по грбот како симболика дека тој е ,,главата,, во семејството, и невестата треба да внимава во новиот дом да влезе со десната нога. Додека, пак, другиот начин би кажале помодерен, младоженецот ја крева невестата на раце а таа под нејзините пазуви држи два леба и со нив треба да биде внесена во домот, што симболизира дека неветата во иднина треба да биде вистинска домаќинка.Кога ќе влезат во домот на младоженецот, невестата подигнува три пати мало машко дете како симболика за првороденото дете на младенците да биде машко.Потоа невестата се поклонува пред свекорот и свекрвата,им бакнува рака, и едни со други се даруваат. Следува највеселиот момент, прославата во ресторан, каде малдоженците ја отвараат свеченоста со танц и песна по нивна желба, а во поглед на обичаите кои се практикуваат на прославата во ресторан е поклонувањето на младенците пред кумовите на главната маса на самиот почеток на свадбата, со крстеното пиење со чашите на невестата и младоженецот и здравицата со сите присутни на прославата. Невестинската торта ја купува кумот, а прасето наменето за кумот е на трошок на младоженецот. Следува веселбата на сите присутни гости со младенците а на крајот на прославата еден од најинтересните обичани барем за девојките односно оние немажените а тоа е фрлањето на бидермаерот, невестата е завртена со грб и во позадина не ги гледа немажените девојки. Невестата го фрла бидермарот и на девојка што ќе го фати се верува дека магијата од невестата ќе ја фати и таа ќе биде следната која треба да се омажи. Свекорот и свекрвата наредната седмица одат кај невестата на гости. И заеднички евоцираат спомени од свадбата, како поминала, се сеќаваат на интересни и смешни случки и се разбира заеднички го гледаат снимениот материјал и слики од свадбата.

Обичаи кои денес не се користат:

Водење на невестата на вода Деверите ја придржуваат невестата, таа носи две стомни деверите стомните ги полнат три пати, невестата со нога ги истура и третиот пат налеваат вода и пак во придружба со деверите и најблиските со песни и ора одат во домот. Свекорот и свекрвата ја затвораат портата за да кога ќе дојде невестата од чешма им тропне на портата и да ги викне мајко и татко отворетe. Со тоа ќе ја навикнеле невестата да ги вика мамо и тато. Со водата што ја донела на свекорот и свекрвата им полива од водата што ја носи и на кумовите исто им полива и притоа постојат различни обичаи некои безобразни на свекрвата и ги палат гаќите шамијата се пали слама ржаница. Откога ќе заврши сето ова, се крши плетеницата која што била месена во петок се крши и се дели на присутните обично момчиња и девојчиња кои меѓусебе си ги разменуваат парчињата од погачата-плетеницата по што завршуваат свадбените свечености а младите земенетите парчиња од плетеницата ги ставаат под перница и преспиваат на нив. Се верува дека таа или тој што ќе се сони ќе биде на ксмет.

Блага ракија Свекрвата подготвува блага ракија и погача и ги праќа деверите кај родителите на невестата. Благата ракија е симболика дека деверите ќе однесат блага вест дека невестата е чесна. Кај невестата деверите ги пречекуваат исто така со блага ракија и печени кокошки. Потоа деверите обично ги испраќаат со три печени кокошки. Кокошките се наденати на стапчиња украсени со китка. На стапот има наденато јаболка. Потоа пак деверите се враќаат со блага ракија кај младоженецот. Тој треба да им ги одземе пратените кокошки од деверите кои бегаат и доколку не може да ги фати ќе треба да плати. Од тие кокошки и кокошките кои се подготвени од селаните, пријателите и роднините се прави богата трпеза. Што значи дека понеделникот е свадбен ден за блиските, кои што во неделата биле ангажирани и помагале за да бидат нагостени сватоштините, и во понеделникот јадат пијат играат и се е проследено со соодветни песни. Гостите на крајот се послужуваат со блага ракија и баклава.