Женидбата на Тодор од Задар

Од Википедија — слободната енциклопедија

Женидбата на Тодор од Задар (српски: Женидба од Задра Тодора) - српска народна епска (јуначка) песна. Песната прв ја запишал Вук Караџиќ кому му ја испратил попот Јован Павловиќ, кој ја препишал во Шабац од некој трговец од Босна, а во 1859 година му ја испратил на Караџиќ во Крагуевац.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Агата Осман Танковиќ дознава од својот пријател Алија Бојичиќ дека убавата Коса Смиљаниќ од Котор следната сабота ќе се мажи за Тодор од Задар. Осман негодува, зашто неколку години ја чекал Коса да порасне и да се ожени за неа. Затоа, тој собира бројна војска и им поставува на свадбарите заседа, со намера да ја грабне Коса. Меѓутоа, свадбената поворка ја предводат Тодор и неколку други јунаци. Меѓу двете групи започнува борба во која Тодор и неговите пријатели ги заробуваат агата Осман и неговата придружба кои ги затвораат во Задар. Таму, Тодор прави свадба, а заробениците ги ослободува со откуп.[2]

Осврт кон песната[уреди | уреди извор]

Иако се одликува со стереотипен почеток и крај, овие стереотипи воопшто не одат на штета на убавината на песната.[3] На пример, песната се одликува со прекрасни описи во кој народниот пејач покажал ретка смисла за складноста на боите: црвено руво, алатасти коњи и кафеави мустаќи кај едни јунаци, кај други зелено руво, зелени коњи и темни мустаќи; кај трети црно руво, врани коњи и црни мустаќи; кај четврти, бело руво, бели коњи и руси мустаќи.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 490.
  2. „Женидба од Задра Тодора“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 342-359.
  3. Војислав Ђурић, „О народним епским песмама“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 25.
  4. Војислав Ђурић, „О народним епским песмама“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 30.