Крагуевац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Град Крагуевац
Општи информации
Површина 83.500 ha
Жители 193.120 (пошироко подрачје 211.120)
Поштенски број 34000
Повикувачки тел. број 034
Географска местоположба

сгш. 44°22'
игд. 20°56'
Надморска вис. 173 m

Кратенки KГ, KG
Интернет страница http://www.kragujevac.org.yu/
E-Mail-адреса [1]
Политика
Градоначалник Верољуб Стевановиќ


Крагуевац (српски: Крагујевац) е град во центарот на Србија, во областа Шумадија, на реката Лепеница. Во 2002 имал 211.580 жители. Познат е по тоа што таму е седиштето на фабриката за автомобили Застава.

Крагуевац е административно и политички организиран како град со пет градски општини:

  • Општина Аеродром
  • Општина Пивара
  • Општина Станово
  • Општина Стари град(Крагујевац)
  • Општина Страгари
Општини на Градот Крагуевац

Географија и клима[уреди]

Градот Крагуевац се наоѓа во централниот дел на Србија, на стотина километри јужно од Белград. Крагуевац е подигнат на бреговите на реката Лепеница, во котлината меѓу крајните падини на Рудник, Црн врв и Гледиѓки планини. Градот се наоѓа на надморска височина од 173 - 220 м, со географска местоположба +44° 22' ; +20° 56', каде што владее умерено-континентална клима.

  • Надморска височина 180 - 220m
  • Најладен месец - јануари -5 °C
  • Најтопол месец - јули +27 °C
  • Просечна годишна температура +11.5 °C
  • Највлажен месец - декември - влажност 79%
  • Најсув месец - септември - влажност 39%
  • Просечни годишни врнежи 550 l/m²
  • Денови со температура од преку 25 °C - 92
  • Денови со мошне ниска температура (под нулата) - 96
  • Број на денови под снег - 34 (најмногу во јануари)
  • Најмногу врнежи - јуни - просек 83 l/m²
  • Најмалку врнежи - февруари - просек 32 l/m²
  • Просечен број на сончеви часови - 5.5 h/дан
  • Најмал број на сончеви часови - декември 2.1 h/ден
  • Најголем број на сончеви часови - јуни 8.8 h/ден

Историја[уреди]

Се претпоставува дека Крагуевац како населено место постоел и пред државата на Немањиќ. Крагуевац прв пат бил спомнат во турскиот пописен дефтер од 1476 година како "Крагујофча", бивш плоштад со 32 куќи. Името го добил по птицата крагуј (вид на јастреб) која во Средниот век се користела за лов, а денес зазема почесно место на градскиот грб.

По многу нешта овој град можеме да го наречеме „прв во Србија“ – бил првата престолнина на модерната српска држава ( 1818-1841), во него биле основани: 1833/1835 првата гимназија во Србија како и Лицејот, 1838, претходникот на Универзитетот во Белград, првиот суд (1820 година), првиот театар (“Књажеско – србски театар” 1835 година), првиот весник (“Новине србске”), музичката формација (“Књажеско – србска банда”), првата аптека, галерија на слики, музеј, библиотека… По долговековно турско (т.е. под Австро-Унгарија 1718-1739) владеење, градот во 1815 година е ослободен од Турците, а 3 години подоцна прогласен е за престолнина на новосоздадената држава. Тогаш почнува неговиот поврз развој, основање на институциите од национална важност и помасовно доселување на население, а во 1853 година, со леењето на првиот топ во крагуевската Топилница започнува индустриското производство во Србија. Оттогаш Крагуевац е познат како индустиски центар, пред сѐ значаен поради производството на оружје, а од средината на 20 век и по производството на автомобили.

Надворешни врски[уреди]