Врање — град во Јужна Србија, седиште на истоимената општина и на Пчињскиот Округ. Според пописот од 2002 година, во градот Врање имало 55.052 жители, а во целата општина 83.288.
Врање е економски, политички и културен центар на пчинскиот округ во чијшто состав влегуваат општините Босилеград, Бујановац, Владичин Хан, Прешево, Сурдулица, Трговиште и Врање. Градот се простира во северозападниот дел на врањската котлина, на левиот брег на реката Јужна Морава. Од границата со Македонија е оддалечн 40 км, а од бугарската околу 70 км.