А. ден Долард
А. ден Долард | |
---|---|
А. ден Долард | |
Роден/а | 7 февруари 1901 Зволе, Холандија |
Починат/а | 26 јуни 1994 Хундерло, Холандија | (возр. 93)
Занимање | писател, новинар |
Жанр | витализам |
А. ден Долард (холандски: A. den Doolaard; Зволе, 7 февруари 1901 – Хундерло, 26 јуни 1994) — псевдоним за холандскиот писател Корнелис Јоханес Георг (Боб) Спулстра Помладиот (Cornelis Johannes George (Bob) Spoelstra jr.). Автор е на бројни книги од различен вид книжевност: романи, патописи, раскази, поезија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Ден Долард учел во гимназијата во Хаг. По смртта на татко му работел како сметководител во нафтено претпријатие (1920-1928). Во 1926 тој го прави своето деби на полето на книжевноста со стихозбирка. Во 1928 година ја прекинува работата како сметководител и започнува со долги и чести патувања низ Балканот и Франција, каде што работел како ѕидар, собирач на грозје, земјоделски и пристаништен работник.
Кога германската армија навлегува во Холандија во 1940 година, тој и неговата сопруга избегале на југ. Успева да пристигне во Англија, откако поминал скоро една година во Франција.
По Втората светска војна, ден Долард се враќа во Холандија. Од 1954 година со семејството живее во Хундерло.
Книги за Македонија
[уреди | уреди извор]А. ден Долард често ја посетувал и Македонија. Поттикнат од Охрид и убавините на Охридското Езеро, го напишал романот „Свадбата на седумте Цигани“ (De bruiloft der zeven zigeuners), кој за првпат бил објавен во 1939 година, а потоа доживеал многу изданија. Главното дејство во романот се одвива во градот Охрид и покрај Охридското Езеро, поради што оваа книга се смета за значаен фактор во претставувањето на Охрид и Македонија кај пошироката читателска јавност во Холандија.[1]
А. ден Долард во Македонија нашол инспирација и за други книги[2]:
- „Дивјаците на Европа“ (De wilden van Europa, 1932) - патопис
- „За слобода и смрт“ (Van vrijheid en dood, 1933) - патопис
- „Четири месеци кај комитите, повластени убијци“ (Quatre mois chez les comitadjis, meurtriers patentés, 1934) - репортажа
- „Ориент Експрес“ (Oriënt-Express, 1934) - роман посветен на борбата за слободна Македонија
- „Заедно е двапати сам“ (Samen is twee keer alleen, 1976) - роман
Романот „Свадбата на седумте Цигани“
[уреди | уреди извор]Повеќе за романот види во „Свадбата на седумте Цигани“
Романот „Свадбата на седумте Цигани“ е единствената книга од А. ден Долард, која е преведена на македонски јазик и по која овој автор е познат во Македонија уште пред книгата да биде преведена. Во суштина, оваа книга претставува љубовна приказна меѓу младата охриѓанка Душка и белосветскиот скитник и женкар, фотографот Бранко, кој по многу години успева да ја најде вистинската жена на својот живот.
Според македонскиот писател Мишо Јузмески, кој го има истражувано делото на А. ден Долард, а има и пишувано за него во својата книга „Пофални слова“, книгата „Свадбата на седумте Цигани“ е „повеќе од книга“ и затоа таа може да се смета за „камен темелник на холандско-македонското пријателство“.
Во „Пофални слова“, во статијата под наслов „Охридска љубовна легенда“, Јузмески пишува:
„Оваа приказна со среќен завршеток А. ден Долард ја има пишувано во период од 6 години. Првите редови ги испишал во Скопје, во март 1933 година. Потоа, делото го продолжува на релацијата Белград - Охрид, во август и септември 1938, за конечната форма да ја даде во Холандија, во почетокот на 1939 година. Книгата е објавена во предвечерјето на Втората светска војна, во едно многу тешко и несреќно време, кога животот во Охрид е далеку од романтиката. Наспроти тоа, авторот го одбрал најубавото што можело да се најде, и така успеал да создаде една многу романтична приказна. Не заборавајќи притоа да уфрли делче од историјата, природните убавини и културното наследство присобрани од бреговите на Охридското Езеро. Како роден Холанѓанец, А. ден Долард знаел што му недостига и по што копнее холандскиот човек. Затоа, не случајно, знаел каде да ја смести приказната за Бранко и Душка: меѓу планините што го опкружуваат синилото на езерото, покрај ѕидовите на многувековните манастири и тврдини.“[1]
Споменик на А. ден Долард во Охрид
[уреди | уреди извор]На 29 мај 2006 година, во Охрид е откриен споменик во чест на А. ден Долард. Споменикот е дизајниран од македонскиот архитект Владимир Таиќ, според идејата на шефот на Холандско-македонската стопанска комора во Македонија, Петер Џон Босе. На откривањето на споменикот во Охрид присуствуваа потомците на А. ден Долард.
Македонците за А. ден Долард
[уреди | уреди извор]А. ден Долард и неговиот роман „Свадбата на седумте Цигани“ во Македонија имаат бројни почитувачи. Самиот автор при своите чести посети на Македонија има воспоставено бројни пријателски врски, посебно со охриѓани чиј град бил и најчестата цел на неговите посети. Во Охрид и денес меѓу постарите жители често се зборува за средбите со холандскиот писател.
- Писателот и истражувач Мишо Јузмески има објавено неколку статии во кои ги обработува ликот и делото на холандскиот писател:
„Во есејот „Свадбата на седумте Цигани“, објавен за првпат во 2002 година, Јузмески зборува за откривањето на книгата и нејзиното значење при зајакнувањето на холандско-македонските врски. Во есејот „Охридска љубовна легенда“ авторот прави осврт на содржината на романот „Свадбата на седумте Цигани“ и уште еднаш ја истакнува улогата на книгата во развојот на соработката меѓу Холанѓаните и Македонците.“[1][3]
- Во 2006 година беше издаден и македонскиот превод на „Свадбата на седумте Цигани“, под наслов „Свадба во Охрид“.[4]
- На 19 јуни 2011 година во Културниот центар „Култура 365“ во Охрид е отворена спомен-соба на А. ден Долард со изложба на книги и документи со кои се објаснува животот и делото на писателот.[5][6][7].
- Во 2012 година беше објавена книгата „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ од Мишо Јузмески[8]; истата година се појави преводот на англиски, а во 2013 и на холандски јазик[9].
Библиографија
[уреди | уреди извор]- 1926 - De verliefde betonwerker (стихозбирка)
- 1928 - De wilde vaart (стихозбирка)
- 1929 - De laatste ronde (роман)
- 1930 - Van camera, ski en propeller. Film-avonturen en ski-onderricht in het Mont-Blancgebied' (патопис)
- 1931 – De druivenplukkers (роман)
- 1932 - Vier balladen (стихозбирка)
- 1932 - De witte stilte (роман)
- 1932 - De wilden van Europa (репортажа)
- 1932 - Quatre mois chez les comitadjis, meurtriers patentés (репортажа)
- 1933 - De herberg met het hoefijzer (роман)
- 1934 - Oriënt-Express (роман)
- 1934 - Hooge hoeden en pantserplaten (манифест)
- 1935 - Oostenrijk (репортажа)
- 1935 - Van vrijheid en dood (репортажа)
- 1936 - Wapen tegen wapen. Over het werk van socialistische journalisten in de fascistische landen (brochure) (met L.J. van Looi)
- 1936 - De grote verwildering (роман)
- 1938 - Het hakenkruis over Europa (репортажа)
- 1938 - Wampie. De roman van een zorgeloze zomer (роман)
- 1938 - Door het land der lemen torens (патопис)
- 1939 - De bruiloft der zeven zigeuners (роман) / „Свадбата на седумте Цигани“ (на македонски објавена како „Свадба во Охрид“)
- 1939 - Dolken en rozenkransen (novelle, verschenen als feuilleton in het weekblad Wij)
- 1944 - Oranjehotel (sonnet)
- 1944 - De partizanen en andere gedichten (стихозбирка)
- 1944 - De vier ruiters (стихозбирка)
- 1944 - Vooravond kerstmis 1944 (песна, со илуст. од Тил)
- 1945 - Nederland herdenkt 1940-1945: Drama der bezetting (naar ideeën van Carel Briels)
- 1946 - Dit is Walcheren (репортажа) (met Jef Last en Ed. Hoornik)
- 1946 - Europa tegen de Moffen (keuze uit radio-redevoeringen)
- 1946 - Walcheren komt boven water (репортажа)
- 1946 - Het spel der bevrijding (naar ideeën van Carel Briels)
- 1947 - Het verjaagde water (роман)
- 1949 - De gouden ploeg (toneelstuk) (samen met Govert van de Meent)
- 1953 - Kleine mensen in de grote wereld (роман)
- 1955 - De toekomst in uw handen (манифест) (met Cas Oorthuys)
- 1956 - Joegoslavië, kaleidoscopisch reisland (патопис со Кас Ортхејс)
- 1956 - Het land achter Gods rug (роман)
- 1956 - Dit is Joegoslavië (патопис со Кас Ортхејс)
- 1958 - Dit is Griekenland; het vasteland (патопис со Кас Ортхејс)
- 1958 - Dit is Venetië (патопис со Кас Ортхејс)
- 1958 - Het leven van een landloper (автобиографија)
- 1959 - Dit is Griekenland; het vasteland (патопис со Кас Ортхејс)
- 1960 - Grieken zijn geen goden (патопис)
- 1962 - Prinsen, priesters en paria's (патопис)
- 1963 - Vakantieland Joegoslavië (патопис со Кас Ортхејс)
- 1966 - De goden gaan naar huis (роман)
- 1967 - Ontsporingen (раскази)
- 1967 - Achter de blinde muur (раскази)
- 1971 - Ogen op de rug; Terugkijkend naar boeken en tijdgenoten (автобиографија)
- 1976 - Samen is twee keer alleen (роман)
- 1980 - Londen en de zaak Van 't Sant (пафлет)
- 1983 - Ik ben tegen (essays)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Животот и делото на А. ден Долард (холандски)
- „Свадбата на седумте Цигани“ на македонски јазик[мртва врска]
- Мишо Јузмески: „Свадбата во Охрид“ (есеј за романот „Свадбата на седумте Цигани“ од А. ден Долард)
- Мишо Јузмески: „На исток и назад со Ориент Експрес“ (есеј за романот „Ориент Експрес“ од А. ден Долард
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Јузмески, Мишо: „Пофални слова“, Благоевград 2006
- ↑ Јузмески, Мишо: „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“, Охрид, 2012
- ↑ „Охридски новини“ број 38/39, Охрид 2006
- ↑ А.ден Долард: „Свадба во Охрид“ Охрид 2006
- ↑ Културните настани во Охрид ќе се негуваат преку целата година преку „Култура 365“
- ↑ Изложба за А. ден Долард 2011
- ↑ Изложба за А. ден Долард 2012
- ↑ Утрински весник за „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ од Мишо Јузмески[мртва врска]
- ↑ „Виртуелна библиотека на Македонија“. Архивирано од изворникот на 2013-01-29. Посетено на 2013-03-14.
|