7 февруари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Февруари 2017 7 февруари е 38-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 327 денови до крајот на годината (328 во престапна).

Настани:

1947  Велика Британија предложи план за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел кои ќе бидат економски поврзани, а во Ерусалим да биде воведен меѓународен режим. Евреите го прифатија тој план, според кој добија своја национална држава, додека Арапите го отфрлија. Во 1948 година британските трупи се повлекоа од Палестина. Истиот ден, во Палестина беше прогласена еврејска независна држава Израел, која опфаќаше 77 отсто од подрачјето на историска Палестина. Еден ден потоа, арапските држави влегоа на поранешното британско подрачје, а судирите што избувнаа, Израел ги искористи за проширување на своите територии. Тоа беше почеток на низа вооружени израелско-арапски конфликти кои се претворија во војна.
1965  Силите на САД почнаа да го бомбардираат северниот дел на Виетнам.
1991  Свештеникот Жан Бертран Аристид е прогласен за претседател на Хаити, како прв демократски избран шеф на карипската држава.
1992  Министрите за надворешни работи на „европските дванаесетмина“ во Мастрихт, Холандија, потпишаа Спогодба позната како договорот од Мастрихт (која стапи во сила на 1.11.1993 година) по која започна етапа на развојот на Европа и преобразба на дотогашната Европска заедница во Европска унија.

Родени:

1102  Матилда — ќерка на Хенри I.
1478  Томас Мор — англиски хуманист, државник и писател.
1693  Ана — руска императорка.
1812  Чарлс Дикенс — англиски писател.
1814  Адолф Сакс — белгиски призводител на дувачки инструменти.
1870  Алфред Адлер — австриски лекар.
1885  Синклер Луис — американски писател.
1889  Јозеф Торак — австриско-германски вајар.
1901  А. ден Долард — холандски писател на македонска тематика.
1938  Петар Глигоровски — македонски сликар.
1942  Марија Воденска — македонски поет и романописец.
1978  Ештон Кучер — американски глумец.
1989  Елија Вивијани — италијански велосипедист.

Починале:

590  Пелагиј II — римски папа.
1864  Вук Стефановиќ Караџиќ — реформатор на српскиот литературен јазик.
1876  Партенија Зографски — прв македонски учебникар, филолог, фолклорист.
1878  Пиј IX — римски папа.
1908  Мануш Георгиев Турновски — македонски револуционер.
1942  Иван Билибинруски илустратор на сказни и сценограф.
1944  Христијан Тодоровски - Карпошнароден херој на Македонија.
1973  Никола Мартиноски — македонски ликовен уметник, педагог и академик.
1995  Шишман Ангеловски — македонски драмски и телевизиски артист.
1997  Лазар Манчевски - Пинџур — македонски поет и раскажувач.
1999  Хусеин — крал на Јордан.
2010  Михаило Марковиќ — југословенски и српски филозоф.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември