Лазар Манчевски - Пинџур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Лазар Манчевски - Пинџур бил македонски поет и раскажувач.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Манчевски е роден на 21 ноември 1922 година во Неготино. Починал на 7 февруари 1997 година во Скопје. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како советник во Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“ во Скопје. Член на ДПМ од 1968 година. Автор е на книгите: Песни за татковината (поезија, 1961), Поцврсти од камен (драма, 1961), Градот и љубовта (поезија, 1963), Разорани лаки (поезија, 1964), Ми заплакало селото Ваташа (поезија, 1966), Дијалектика на празникот (поезија, 1966), Делото на едно дете (раскази, 1972), Камен и корен (поезија, 1974), Болка во одот (поезија, 1979), Алови утра (поезија за деца, 1979), Луда Мара (поезија, 1980), Татко, кажи ми (поезија за деца, 1981), Опеани херојства (поезија, 1982), Крвоток (поезија, 1990), Раѓање на денот (раскази, 1990), Патриотски созвучја (поезија со музика, 1991), Сончева далга (поезија, 1992), Пред ново време - песни и стихотворенија, 1941-1944 (поезија, фототипско издание објавено во 1993), Спознанија (поезија, 1995), Кога стапнав на оваа земја (поезија, 1995).

Наводи[уреди | уреди извор]


  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 152.