Неготино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Неготино
Паланка
Градскиот плоштад во Неготино
Градскиот плоштад во Неготино
Неготино is located in Македонија
Неготино
Неготино
Местоположба во Македонија
Координати: 41°29′N 22°06′E / 41.483° СГШ; 22.100° ИГД / 41.483; 22.100Координати: 41°29′N 22°06′E / 41.483° СГШ; 22.100° ИГД / 41.483; 22.100
ЗемјаМакедонија Македонија
Регион Вардарски
ОпштинаГрб на Општина Неготино Неготино
Управа
 • ГрадоначалникГоран Стојанов(ВМРО-ДПМНЕ)
Најг. вис.&10000000000000150000000150 м
Население
 • Вкупно12,488
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.1440
Повик. бр.+389 043
Рег. таб.NE
Мреж. местоnegotino.gov.mk

Неготино — град во средишниот дел на Македонија, сместен во средното Повардарие, од двете страни на реката Вардар и зазема значителен простор во Тиквешката Котлина. Од Скопје, Неготино е оддалечено 95 км, а најблизок град е Кавадарци, кој е на растојание од 10 км.

Градот претставува административно седиште на истоимената општина, која опфаќа уште и 12 села.

Климата и почвата се идеални за одгледување на грозје и добивање на вино.

Историја и потекло на името Неготино[уреди | уреди извор]

Неготино во почетокот на XX век
Манастирот „Св. Ѓорѓи“ во близина на Неготино

Антички период[уреди | уреди извор]

Името Неготино е словенизирано име на античката населба Антигонеја (Antigonea) која што во 3 век п.н.е. ја создал македонскиот владетел Антигон Гонат (278-242 п.н.е.), откако ја освоил Пеонија. Античкиот град бил стратешко седиште, добро укрепено, со импозантни градби и величествени храмови, пространи и раскошни палати изградени од мермер и делкан камен. Древниот град Антигонија постоел до почетокот на VI век, односно 518 година, кога бил разурнат од силен земјотрес, што го зафатил речиси целото подрачје на денешна Македонија. Тогаш катастрофално настрадале Скупи, Стоби, Хераклеја, Астибо, Идомена.

Османлиски период[уреди | уреди извор]

Денешниот град Неготино е создаден во доцниот среден век како занаетчиска населба.

По доаѓањето на Османлиите на овие простори (1385 година), Али Паша-Јанински повторно ја активирал тврдината, бидејќи во непосредна близина, од десната страна на реката Вардар, се протегал патот Скопје-Солун. На преминот од Демиркаписката Клисура неговата војска им наплатувала царина на трговците кои тука проаѓале.

Во првите години од XIX век Неготино било чифлик, составен од триесетина куќи. Го управувале Ќазим-бег и Кантур-бег. Подоцна до чифликот, според преданијата, некој богат трговец, по име Неготин, изградил ан кој служел за одмор и преноќевање на кираџиите и карваните. Се претпоставува дека оттогаш малата населба почнале да ја нарекуваат Неготино.

Во 1821 година богатиот Турчин Хаџи Таир-ага Синан во градот изградил саат-кула, џамија и безистен со околу 15 дуќани. Така почнувала да се образува и да расте населбата, која поради добрата местоположба привлекувала голем број на трговци и занаетчии од околните места. За брзиот развој на Неготино придонеле и неколкуте Евреи кои се доселиле од Солун во 1865 година.[1] Како гратче Неготино првпат се споменува дури во 1837 година. Тогаш овде се изградени црквата „Св. Атанас“ и ќелијно училиште, второ во Тиквешијата после ваташкото. Во својот напис целосно посветен за Тиквеш насловен како „Љубљано-Пеонија“, објавен во „Цариградски Весник“ на 12 февруари 1855 година, македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот запишал дека Неготино (Тиквеш) имa една убава црква и едно мало училиште, две мошеи (џамии), една медреса, часовник и други старини[2]. Тука се собирал пазар од Велес, Штип, Прилеп, Дојран и Струмица секој четврток, а тука седелe и управни чиновници како ајан, кадија и муфтија[2]. Во 1879 година Неготино станало управно седиште на османлиската власт во Тиквешко. По една година градот веќе имал 1.800 жители, претежно Македонци. На почетокот на 20 век градот имал 700 куќи и чаршија со близу 300 дуќани. Во 1893 година неготинското училиште станало двокласно. Трговијата и занаетчиството се развиваат со позабрзано темпо. Значително пораснало и населението во градот. Се тргувало со грозје, вино, брашно, волна и свила. Трговската стока била пренесувана со сплавови за Солун, преку Вардар кој бил пловен од Велес до устието на Егејското Море. Економскиот подем на гратчето кулминира пред Балканските војни, кога населбата броела дури 700 куќи. Во градската чаршија и воопшто во целиот град, имало околу 300 занаетчиски и трговски дуќани. За време на Балканските војни, дел од градот заедно со чаршијата бил опожарен.[3]

Најнов период[уреди | уреди извор]

Како ден на Општината се празнува 8 ноември, Ден на ослободувањето на Неготино од фашистичките окупатори во 1944 година. Неготино својот најголем подем го постигнува во втората половина на 20 век кога прераснало во современа градска населба со развиена инфраструктура.

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Неготино живееле 2.395 жители, од кои 1.925 Македонци православни, 320 Македонци муслимани, 90 Власи и 60 Роми.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, градот имал 2.500 Македонци.[5]

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 13.284 жители и спаѓал во групата на средни градови.[6] Етнички гледано, населението е составено од:[7]

Етнички групи[7]
Македонци
  
97,82 %
Срби
  
0,88 %
Роми
  
0,56 %
Турци
  
0,35 %
други
  
0,30 %
Власи
  
0,08 %
Албанци
  
0,01 %
Бошњаци
  
0,01 %

Според претпослениот Попис на населението на Македонија од 2002 година, градот имал 13.284 жители. Следува табела на националната структура на населението:[8]

Националност Вкупно
Македонци 12 994
Турци 46
Роми 74
Албанци 1
Власи 11
Срби 117
Бошњаци 1
Други 40
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[7]:

Јазици[7]
македонски
  
98,70 %
српски
  
0,61 %
ромски
  
0,28 %
турски
  
0,10 %
влашки
  
0,08 %
други
  
0,74 %
Јазик Вкупно Удел (%)
македонски 13.111 98,70
турски 13 0,10
ромски 37 0,28
влашки 10 0,08
српски 81 0,61
други 32 0,24
Вероисповед

Во Неготино се застапени следните религиски групи[7]:

Религија[7]
Православие
  
97,11 %
други
  
1,58 %
Ислам
  
1,19 %
Католицизам
  
0,11 %
Протестантство
  
0,01 %
Вероисповед Вкупно Удел (%)
Православни 12.900 97,11
Муслимани 158 1,19
Католици 15 0,11
Протестанти 1 0,01
други 210 1,58

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Неготино:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19482.683—    
19532.820+5.1%
19614.087+44.9%
19717.139+74.7%
198110.297+44.2%
ГодинаНас.±%
199112.379+20.2%
199412.516+1.1%
200213.284+6.1%
202112.488−6.0%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 2.683
1953 2.744 0 28 4 15 7 22 2.820
1961 3.920 1 15 43 108 4.087
1971 6.867 0 44 0 128 100 7.139
1981 9.913 3 68 2 1 174 136 10.297
1991 11.940 1 30 50 15 147 196 12.379
1994 12.226 0 42 36 16 137 59 12.516
2002 12.994 1 46 74 11 117 1 40 13.284
2021 11.476 6 77 75 14 74 0 85 681 12.488

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Стопанство[уреди | уреди извор]

Поглед на ТЕЦ „Неготино“ во близина на градот

Земјоделското производство претставува главна стопанска дејност во општина Неготино. Општина Неготино има годишно производство од 20 – 25 милиони килограми грозје. Од индустриските култури застапени се тутунот, афионот, градинарските култури и житариците. Во Неготино е сместена и втората по големина винарска визба во Македонија, „Повардарие“. Во поново време се забележува отворањето на приватни винарии и винарски визби како „Бовин“, „Фонко“, „Дудин“ и други кои извезуваат вина и на странските пазари. Во непосредна близина на градот се наоѓа термoцентралата ТЕЦ „Неготино“.

Редовни настани и манифестации[уреди | уреди извор]

Позначајни манифестации кои се одржуваат во Општина Неготино се Фестивалот на виното (14 февруари) кој се одржува по повод верскиот празник Св. Трифун (заштитник на лозарите), Манастирска вечер и Неготинскиот панаѓур (20-23 септември) кој се одржува по повод верскиот празник Мала Богородица.

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Во 1912 и 1913 година околу 80 муслимански семејства се иселиле во Турција.[10]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.53
  2. 2,0 2,1 Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. Избрани страници - приредил Блаже Конески - Скопје, Мисла, 1987 г. стр.71
  3. Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.54
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.154.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 јули 2016.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. Grad Beograd mi ukrao penziju
  10. . Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  11. „Се збратимија општините Неготино и Минервино ди Лече“. Општина Неготино. Архивирано од изворникот на 2012-06-03. Посетено на 2012-09-05.
  12. „Потпишан договор за збратимување помеѓу општина Неготино и општина Наџиката, Унгарија“. Општина Неготино. Архивирано од изворникот на 2020-06-16. Посетено на 2013-08-24.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]